Skip to main content

Автор: инфодеск

Охрид домаќин на Студентската конференција – 2024 

Post Views: 196 Заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски присуствуваше  на отворањето на Студентската конференција – Охрид 2024  што ја организира Универзитетското студентско собрание при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а со поддршка на Општина Охрид.Во своето поздравно обраќање пред присутните,  Божиноски  истакна:– Огромно е задоволството да се биде домаќин на дводневната студентска конференција   на кој што главната улога ја имаат студентите, движечката сила на општеството. Овој интердисциплинарен настан е наменет за вмрежување...

Продолжи со читање

На увид и јавна расправа Планот за подобрување на квалитетот на воздухот во Охрид 

Post Views: 220 Ставен е на увид и јавна расправа Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух  за  Општина Охрид (2023-2027).Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027) е објавен на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk почнувајќи  од 15.03.2024 год. до 14.04.2024 год. Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 05.04.2024г. во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11 часот.Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Планот за...

Продолжи со читање

ЦЈЗ Охрид започна со анализи за респираторни инфекции со молекуларна дијагностика

Post Views: 391 Во микробиолошката лабораторија на Центар за јавно здравје Охрид започна тестирање на молекуларно ниво со Multiplex RT-PCR технологија на вирусни и бактериски причинители на респираторни инфекции.После воспоставувањето и примената на целосно авотматизиран систем на PCR-real time детекција и определување на 14 високоризични типови на Human Papiloma Virus (HPV) и Chlamydia trachomatis, во Центар за јавно здравје Охрид е набавена и инсталирана нова опрема за брза и прецизна молекуларна детекција на респираторни вируси и бактерии причинители на респираторни...

Продолжи со читање

Со Чист Понеделник  почнуваат Велигденските пости

Post Views: 316 Понеделникот по Прочка се вика Чист Понеделник и тогаш започнуваат Велигденските пости. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.Велигденскиот пост е најстрог и најдолг. Трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена (Четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена. Постот не значи само откажување од мрсна и обилна храна и алкохол, туку постење со мислите,...

Продолжи со читање

ОЈО: Откриен еден од подметнувачите на пожар во кафе бар во Охрид, поведена истрага

Post Views: 163 Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување  истражна постапка против 19-годишник од Скопје, бидејќи постои основано сомневање дека тој сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.„На 10 март во раните утрински часови, осомничениот заедно со уште едно непознато лице, заедно отишле кај кафе бар на булеварот „Туристичка“ во центарот на Охрид  и фрлиле запаливо средство во објектот. Со тоа предизвикале пожар кој го зафатил и го оштетил кафе барот,...

Продолжи со читање

Oхрид домаќин на Државно Таеквондо ИТФ првенство

Post Views: 296 Околу 80 натпреварувачи од Македонија зедоа учество на Државното Таеквондо ИТФ првенство кое во организација на охридскиот таеквондо клуб „МАСТЕР“ се одржа денеска во Охрид.На овој спортски настан во името на Општина Охрид се обрати советникот Горан Маркоски.–Ми претставува голема чест и задоволство да бидам дел од ова државно Таеквондо првенство и да ве поздравам во мое лично име и во името на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Нашиот град може да се пофали со многу истакнати имиња кои имаат остварено врвни резултати во оваа боречка...

Продолжи со читање

Kривична пријава за директорот на Охридски Комуналец за набавка на половен булдожер за пет пати повисока цена од пазарната

Post Views: 553 Вршителот на должност,  директор на ЈП „Охридски Комуналец“ доби кривична пријава заради „злоупотреба на службената положба и овластување“, реагираат од СДСМ.„Тој и уште три лица како членови на комисијата за јавни набавки ги злоупотребиле и пречекориле дадените службени овластувања и го оштетиле Jавното претпријатие Охридски комуналец за сума од 3.304.000 денари или над 50.000 евра. Четирите лица иако знаеле дека цената на единствената понуда за набавка на булдожер е пет пати повисока од пазарната вредност, на 17-ти јануари 2024 година склучиле Договор за...

Продолжи со читање

Зајкова во Охрид: Секој поединец е важен и со својот глас одлучува во каков правец ќе се движи државата

Post Views: 270 Денеска на средби со граѓаните на Охрид беше претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова. Посетата е во рамки на активностите на партијата во иницијативата насловена  „Секој е важен“ која има за цел да се слушнат мислењата на граѓаните и нивните потреби од прва рака. Генерално кога дискутирате со граѓаните, проблемите речиси во секое населено место се исти, вели Зајкова.„ Незадоволство од корупцијата и правосудниот систем , голем број поплаки за образованието и како да ја направиме атрактивна Македонија за младите луѓе да останат...

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањетo на „Кеј Македонија“ и дел од „Партизанска“

Post Views: 193 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 14:00 часот ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците: „Кеј Македонија“ и дел од „Партизанска“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Изложба на фотографии во црно бела техника во организација на Фото клуб Охрид

Post Views: 331 Во изложбениот салон на ЦК Григор Прличев во Охрид,  се отвора изложбата на фотографии во црно бела техника. Станува збор за изложба на тројца фотографи, Димче Мајкоски, Димче Коруноски и  Слободан Циклески.Фотографиите во црно бела техника се особено интересни за луѓето кои имаат префинет вкус,  Ќе бидат изложени вкупно 40 дела на тројцата автори.„ Дваесет се дела на гостинот од Скопје, и по десет на домаќините од Фото клубот, кој всушност е организатор на оваа изложба. Во клубот членуваат над дваесеттина љубители на фотографија меѓу нив...

Продолжи со читање

Пристигнаа вакцини за возрасни против голема кашлица

Post Views: 321 Вакцините против пертусис (голема кашлица) за возрасни се пристигнати во државава и заинтересираните уште од денеска можат да примат ревакцина во вакциналните пунктови, информираше денеска министерот за здравство Илир Демири, одговарајќи на новинарски прашања на настан во Скопје по повод одбележување на Денот на крводарителството.– Вакцините се стигнати и веднаш ќе можат да се аплицираат кај луѓе кои имаат потреба од таков вид ревакцина, изјави министерот за здравство, Демири.Комисијата за заразни болести препорача вакцина против пертусис, (која не е...

Продолжи со читање

Се чисти дивата депонија кај Градските гробишта

Post Views: 331 Екипите на ЈП „Градски гробишта“ започнаа со активности за чистење на дивата депонија во близина на муслиманскиот дел од Градските гробишта.До сега со помош на механизација се отстранети околу 100 метри кубни шут, а активностите за чистење ќе продолжат до целосно расчистување на просторот, информираат од Општина Охрид.Додаваат дека проблемот со оваа депонија бил направен од страна на претходната локална власт поради несоодветно депонирање на градежниот шут и други видови на отпад oд ЈП „Градски гробишта“ и ЈП „Нискоградба“.

Продолжи со читање