Skip to main content

Автор: инфодеск

Зголемен број на пожари оваа грејна сезона

Post Views: 10 Противпожарната единица Охрид оваа грејна сезона со полни раце работа. Пожарникарите интервенирале на 33 пожари, десеттина повеќе од лани.  Најчеста причина се оџачките  канали, односно пожари настанати од неисчистени оџаци. За среќа нема повредени и најважно ниту една жртва во пожари.Од ТППЕ Охрид апелираат  граѓаните да бидат внимателни и совесни.„Најголем број имаме пожари на оџачки канали, угостителски објекти, пожарипредизвикани од електрични инсталации и уреди, пожари на сообраќајни средства и пожари на отворен...

Продолжи со читање

Да му помогнеме на Петар

Post Views: 10 Нашата помош му е потребна на Петар да да се ослободи од болката и деформитетот и да застане на нозе. Го пренесуваме апелот од неговата мајка Гордана Попоска.Почитувани !Пријатели познати и не познати, драги Хумани луѓе од Македонија и од Дијаспората , драги наши сограѓани ОхриѓаниБлагодарение на вашата Хуманост пред една година мојот син Петар беше успешно опериран од Сколиоза вие му го спасивме животот, му дадовте нова шанса за подобар живот. Но денес ние се соочуваме со уште еден предизвик уште една последица од неговата ретка болест Tyrosine...

Продолжи со читање

Можна промена на државниот грб

Post Views: 14 Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека партиите од владејачката коалиција, ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, го отвориле прашањето за промена на државниот грб на Македонија.„Ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што се уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации,“ рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања. Премиерот потсети дека договор за менување на државниот грб имало и меѓу ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ кога тие во истата влада.Последен пат промена на грбот предложи Владата...

Продолжи со читање

Викендов ќе се одржи Минхенска безбедносна конференција

Post Views: 19 Викендов, светските лидери ќе се соберат во хотелот „Бајеришер Хоф“ на тридневната Минхенска безбедносна конференција. Минхенската безбедносна конференција ќе почне во петок, 14 февруари и ќе трае до недела, 16 февруари, осум дена до одбележување на третата година од руско-украинската војна.Блумберг, повикувајќи се на разузнавачки избори објави дека САД ќе објават план за решавање на војната во Украина. Aмериканската делегација ќе ја претставатпретседателот Доналд Трамп, потпретседателот Џеј-Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио. Предвидено е Венс во...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Х-поврзана ретиношиза

Post Views: 7 Оштетувањето на мрежницата ја нарушува острината на видот (визуелната острина) на двете очи. Типично, Х-поврзаната јувенилна ретиношиза влијае на клетките во централната област на мрежницата наречена макула. Макулата е одговорна за остар централен вид, кој е потребен за детални задачи како што се читање, возење и препознавање лица. Х-поврзана јувенилна ретиношиза е еден вид на пошироко нарушување наречено макуларна дегенерација, што го нарушува нормалното функционирање на макулата. Повремено, страничниот (периферен) вид е засегнат кај луѓето со Х-поврзана јувенилна...

Продолжи со читање

Франција: Фрлена бомба во кафуле, повредени 12 лица

Post Views: 12 Во францускиот град Гренобл, на југоистокот на земјата, синоќа во кафуле експлодирала рачна бомба, при што биле повредени 12 лица.„Лицето влегло, фрлило граната, очигледно не кажало ниту збор, а потоа избегало. Напаѓачот носел и автоматска пушка од типот калашников која не ја користел.“, изјавил јавниот обвинител.Сите повредени биле веднаш префрлени во Универзитетската болница Гренобл-Алпи, а здравствените работници се борат за животите на оние во најтешка состојба.Градоначалникот на Гренобл, Ерик Пиол, остро го осуди овој „невиден чин на...

Продолжи со читање

Пецаков: Во тек се градежни активности за асфалтирање на улица во Подмоље

Post Views: 11 Градоначалникот Кирил Пецаков информира дека во тек се градежни активности за асфалтирање на улица во село Подмоље во должина од 380 метри и ширина од 3 метри.Вкупната вредност на проектот е 2.416.000 денари, а средствата се обезбедени преку Јавниот повик за финанасирање на инфраструктурни проекти од Министерството за локална самоуправа.-Подобрување на условите за живеење во сите урбани и рурални средини во Општина Охрид е наш приоритет и во текот на наредниот период ќе продолжиме да реализираме низа проекти во комуналната сфера, кои се во интерес...

Продолжи со читање

Бесребреници маченици Кир и Јован и со нив маченичките Атанасија и нејзините ќерки: Теоктиста, Теодотија, и Евдоксија

Post Views: 8 Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестано да ги упатува болните со пост и покајание да си ја очистат душата од гревовите и така да си го повратат телесното здравје. Кога настана гонењето на христијаните од страна на Диоклецијан, Кир се оддалечи во Арабија и таму се замонаши. Но, како што беше прочуен во Александрија исто така се...

Продолжи со читање