Автор: инфодеск
Post Views: 320 Промовирање, развој и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебрца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, совесно и посветено ја спроведува во текот на цела година. Како резултат на хуманоста на крводарителите, постојаната ангажираност на вработените и волонтерите на Црвен крст Охрид и службите за трансфузиона медицина, преку организирање на крводарителски акции во текот на годината, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во нашиот град.„Хуманоста што ја...
Ќе го отстрани ли Општина Охрид „парапетчето“ на плажата Канео
Post Views: 1.629 Во рубриката „ТиСиТвојотГрад“ граѓани реагираат за бетонскиот ѕид на брегот на Охридското Езеро на плажата Канео. Реакции за узурпацијата на брегот на таа локација има и на социјалната мрежа Фејзбук.„Во близина на најфотографираната црква во целиот свет минатата година “никна парапетче”.Парапетчето” неколку пати е пријавување до надлежните институции кои излегоа на терен и споделија известување дека непознат сторител го изградил “парапетчето” и дека неговиот идентитет не може да се утврди. Немаме информации дека се превземени други законски обврски. „...
ИПА Охрид и Здружение на глуви и наглуви лица потпишаа Меморандум за соработка
Post Views: 253 Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид (ИПА ОХРИД) и Здружение на глуви и наглуви лица Охрид, денеска потпишаа Меморандум за соаботка. Меморандумот што го потпишаа претседателот на ИПА Охрид м-р Стефан Димоски и Славица Стефаноска, секретар на здружението, е знак за меѓусебно пријателство со цел, јакнење на комуникацијата меѓу глувите и наглуви лица со ИПА полициските службеници, воспоставување на системска меѓусебна соработка и едукација на теми од областа на безбедноста.Според Стефан Димоски, претседател на ИПА Охрид, меморандумот, има за...
Левица поднесе Иницијатива за бесплатен автобуски превоз на пензионерите во Охрид
Post Views: 209 На 12.03.2024 година, членот на Советот на Општина Охрид од Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за бесплатен автобуски превоз на пензионерите во градот Охрид.,,Економската состојба во Република Македонијa и во Охрид, придонесе видно да се влоши финансиската состојба на пензионерите. Со малите пензии одвај преживуваат и се без услови за пристоен живот. Бесплатниот автобуски превоз во голема мера би им го олеснил нивниот живот и би ги намалил нивните секојдневни давачки. Оваа иницијатива ја поднесувам по барање на поголема група пензионери од...
Сè повеќе странци купуваат станови на брегот на Охридското Езеро
Post Views: 851 Расте интересот кај странците за купување на станови на брегот на Охридското Езеро. Најатрактивни се локациите во централното градско подрачје, Стариот град, популарните Билјанини извори и вдолж брегот на Охридското езеро. Посебно барани се ексклузивните апартмани во новите населби во Елешец, Лагадин, Пештани и Рача.„Последнава деценија забележително е присуството на странците кои што го избираат Охрид како дестинација како алтернативно живеалиште или времен туристички престој . Имаме доста странци клиенти од Холандија, Германија, Англија, САД, Канада...
Изложба на црно бела фотографија и графички дизајн
Post Views: 319 Во петок и сабота (15-ти и 16-ти март) во НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид ќе се одржи изложба на црно бела фотографија и графички дизајн.На изложбата ќе бидат поставени дела на Димче Коруноски, Димче Мајкоски и Слободан Циклевски.Изложбата ќе биде отворена во петок (15.03.2024) во 18 часот во изложбениот салон на Центарот за култура.
Во четврток ќе се одржи 39-тата седница на Совет на Општина Охрид
Post Views: 217 Градските советници во четврток (14.03.2024 год) ќе ја одржат триесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид со почеток во 09:00 часот.На дневен ред се 86 точки меѓу кои извештаите за финансиското работење и Годишната сметка за 2023 година на општинските основни, средни училишта и градинката, усвојување на Годишната сметка за работата на јавните претпријатија. Советниците треба да ги усвојат извештаите за реализација на годишните и развојните програми за 2023 година, годишниот...
Во јануари Македонија ја посетиле над 47 илјади туристи, најбројни од Турција и Србија
Post Views: 265 Во јануари годинава во Македoнија се евидентирани 47.761 турист, од кои 40.4 се домашни, а 59.6 отсто се странски, соопшти Државниот завод за статистика.Бројот на ноќевањата во јануари изнесува 102.079, од кои 48.4 проценти се од домашните туристи, a 51.6 отсто од странските туристи. Во наведениот период, Македонија ја посетиле над 5.500 Турци, над 3.000 Срби и Грци и повеќе од 2.500 гости од Албанија. Регистрирани се и 1.810 бугарски туристи, како и 1.507 од Косово.Вкупниот број на туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е...
19 одобренија за градење издадени во Охрид во јануари 2024 година
Post Views: 281 Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2024 година, се издадени 19 одобренија за градба во Охрид од кои 14 одобренија на приватно лице како инвеститор, а 5 на деловен субјект. Предвидена е изградба на 150 станови со вкупна корисна површина од 10460м2.Во јануари 2024 во Струга не е издадено ниту едно одобрение за градба.Во извештајниот период на ниво на државата издаени се вкупно 256 одобренија за градење, што е за 34.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.Според издадените одобренија за градење, предвидената...
Повисоки цени на хотелско угостителските услуги на брегот на Охридското Езеро
Post Views: 266 Поскапуваат цените во хотелско угостителските објекти на брегот на Охридското Езеро. Инфлацијата, одмрзнувањето на цените на основните производи,зголемените трошоци и порастот на платите на вработените во секторот, се клучни за поскапувањето на цените оваа туристичка сезона.Се работи за корекција на цените на услугите од 5 до 35 %, во однос на лани.„Под тој притисок на разлики во цените, ние мораме да ги покачиме цените. Самата инфлаија не доведе во ситуација барем да покачиме за 20% а на одредени артикли може да има покачување и...
Спомен плочата од НОБ ќе биде вратена на старото место, им ветил Пецаков на Сојузот на борци oд НОАВМ
Post Views: 2.162 Во врска со отстранувањето на спомен плочата која се наоѓаше пред некогашната зграда на Синдикатот реагираат од ОО на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца. Воедно укажуваат дека според Законот за меморијални споменици и спомен обележја Сл. Весник на РМ бр.66/2004 година, надлежни за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен обележјата, се локалните самоуоправи на општините во Македонија.– Како Сојуз на борци стапивме во контакт со кабинетот на Градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, и...
Кривична за „убиство во обид“ за лицето осомничено дека турнал жена од трет кат во Охрид
Post Views: 654 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годиишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.„На 8-ми март 2024 година, околу 11:30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија турнал 39-годишна жена од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни...