Автор: инфодеск
Post Views: 273 Младински Центар Охрид во понеделник, 30 октомври организира работилница за кариерно советување.„Ве покануваме да бидете дел со што тоа ќе биде отскочна даска за вашиот кариерен напредок. Научете што е потребно за успешна апликација за работа и како да се претставите во најдобро светло. Ќе биде презентирана и нова методологија имплементирана од Германски Институт во Р.Македонија – ProfilPASS, која се покажа за успешна со што вие ќе бидете потенцијалните кандидати кои ќе имаат бесплатен пристап, велат од Младински Центар Охрид.Работилницата ќе се одржи во...
Општина Охрид позитивен пример за имплементација на младински политики
Post Views: 197 Општина Охрид беше посочена како позитивен пример за имплементација на младински политики на локално ниво, на Регионалната конференција за младински политики и конструктивни наративи на локално ниво „Младински соседски дијалози: Сега за иднината!“, која започна денеска во Скопје.На конференцијата свое учество зедоа претставници од Младинскиот центар и Советот на млади од Охрид, a во името на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, обраќање пред присутните имаше раководителот на Секторот за спорт, млади и невладини организации, Јоне Станкоски.Младинските...
Променливо облачно со услови за дожд
Post Views: 276 Денеска во Охрид ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура до 21 степен.Од сабота во Македонија ќе преовладува сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Се намалува невработеноста во струшко
Post Views: 953 Се намалува невработеноста во струшко. Во регистарот на подрачното одделение на Агенцијата за вработување Струга се запишани 2814 невработени лица, што е намалување од 5% во однос на претходниот период. Загрижува тоа што расте бројот на висококвалификуван кадар кој бара работа, а меѓу нив голем е бројот на млади лица, кои не бараат работа, само користат здравствено осигурување. „Имаме млади лица кои што не сакаат да работат се пријавуваат само за социјално односно здравствено осигурување. Затоа ми многу ми е жал од една страна имаме недостиг на...
Општина Охрид и оваа година е дел од ЦИППС програмата на универзитетот Лунд од Шведска
Post Views: 279 По успешно реализираниот проект во минатогодишниот циклус, Општина Охрид и оваа година е дел од ЦИППС програмата за Ко-дизајн за одржливи, еластични и инклузивни јавни простори и услуги од универзитетот „Лунд“ од Шведска. Веќе е формиран работен тим од стручни лица, координиран од обучен тренер на Општина Охрид. Во реализацијата на проектот планирано е да се вклучат и претставници на Национален парк „Галичица“.За таа цел денеска во просториите на националниот парк се одржа состанок на кој присутвуваа членовите на работниот тим, претставници на стручните...
Завршија националните Куп натпревари за охридските стрелци
Post Views: 312 Завршија Куп натпреварите во националниот систем на натпревари, во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма.Имено на стрелиштето Марко Цепенков во Прилеп на 14.10.2023 год се одржа четвртиот, а воедно и последен редовен Куп од предвидените во системот на натпревари во организација на Македонската спортска стрелачка федерација.Во отсуство на нашите најдобри стрелци Јована Милевска и Бојан Спасеновски, а поради смената на нови, помлади генерации, падна и рејтингот на двата охридски клуба- СК ,,Охрид“ и ЖСК ,,Лихнидос“Сепак резултатите се...
Поднесена кривична пријава против 29 годишно лице од Охрид за трговија со дрога
Post Views: 442 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.„При претрес во неговото патничко возило, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога пронајдоа и одзедоа марихуана, наменета за натамошна продажба.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Во атарот на с. Брежани пронајден починат 60 годишен маж од Охрид
Post Views: 577 Вчера во 15:10 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во месноста „Гумништа”, атар на селото Брежани, општина Дебрца, бил пронајден починат 60 годишен маж од Охрид.„Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.“ – информираат од СВР Охрид.
Со 20 медали се вратија нашите таеквондисти од меѓународниот натпревар „Србија Опен 2023”
Post Views: 357 Грст медали за Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација на Меѓународниот А класа Таеквон-до ИТФ натпревар „Србија Опен 2023” каде учествуваа 45 клубови од 15 земји со над 400 натпреварувачи.Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација беше предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски, 2 официјални лица, 2 национални тренери и 3 асистент тренери, а на овај престижен натпревар правдата ја делеа и 4 наши меѓународни судии, додека боите на М.Т.Т.Ф. ги бранеа 18 натпреварувачи.Миа Танескa се закити со 3 златни медали и пехар за најдобра...
Наскоро шеста сезона на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“
Post Views: 309 Наскоро ќе се спроведе шестата сезона на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ во охридско-струшкиот регион на Здружението на пациенти „Ретко е да си редок“ од Охрид, поддржано од Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ и стручниот лекарски колегиум.„За нас ова беше работно лето. Со заеднички консултации и истражувања стигнавме до 100 различни ретки дијагнози кои се обработени со соодветни текстови и фотографии, лесни и разбирливи за сите, се со цел да предизвикаме поголема емпатија кон лицата кои се дијагностицирани како ретки во овој...
Денеска свечено доделување дипломи на Универзитетот „Св. Апостол Павле“
Post Views: 341 Во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид, денеска ќе се одржи свечена церемонија по повод новата генерација дипломци.Ова е посебна можност заеднички да го прославиме дипломирањето на нашите студенти и да ги поддржиме во нивната образовна цел, велат од УИНТ.Церемонијата ќе започне во 12:00 часот.
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Post Views: 255 Денеска времето во Охрид ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Mаксималната дневна температура до 20 степени.До петок времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Утре попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за појава на ретки грмежи. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло.
