Автор: инфодеск
Views: 105 ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација на Плоштад “Крушевска Република” за станица за подвижна урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за продажба на храна.Урбаната опрема ќе се издава за времетраење од 20.08.2025 до 20.09.2025 година.ОГЛАСОТ можете да го погледнете ТУКА.Пријавите да се достават најдоцна до 18.08.2025 год. до 11.00 часот.Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид,https://jpgradskipazarohrid.mk/или...
Од денес училишниот прибор поевтин за најмалку 15%
Views: 65 Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишен прибор, која ќе важи од денес 15 август до 15 септември. Трговците на големо ќе го намалат училишниот материјал за најмалку 10 проценти, додека во трговија на мало за најмалку 15 проценти.Со оваа одлука се намалуваат цените на ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала (економични, пластични), дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали,...
Откривање и пренос на моштите на Свети првомаченик и архиѓакон Стефан
Views: 86 Православните верници денеска го слават откривањето и преносот на моштите на Св. првомаченик и архиѓакон Стефан.Бројни верници ја посетуваат единствената црква посветена на овој светител во Охрид.Малата пештерска црква во карпата, постоела и порано, но дури во времето на процутот на уметничката дејност во XV век била живописана. Црквата сега има реконструиран надворешен дел, со нова камбанарија и нови конаци, кои на верниците и туристите им пружаат неповторлив душевен мир и прекрасен поглед на градот Охрид и езерото.На овој ден Црквата се сеќава на откривањe и...
Мицкоски: Овој месец ќе започне изградбата на колекторски систем во Трпејца
Views: 58 Во селото Трпејца овој месец ќе почне да се гради колекторски систем, потврди денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.Тој, одговарајќи на новинарски прашања при увид на градежни активности на автопатот Кичево-Охрид, соопшти дека во втората половина на август веќе се воведува фирмата изведувач во работа и дека проектот за колекторски систем во Трпејца е поделен во две фази.– Според моите информации, првата фаза е пречистителната станица и делови од двата цевководи, потисниот и одводниот. Потоа имаме препумпна станица и останатиот дел од овие два...
„Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти
Views: 88 Синоќа во с. Велгошти се одржа културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“. По традиција беше врачена истоимената награда на авторката Дијана Петрова чиј расказ „Мизанабим” беше избран за најдобар по претходно распишан Конкурс на Општина Охрид. За значаењето на манифестацијата „Живко Чинго“ обраќање имаше Ана Крстеска, заменик градоначалник на Охрид .– Во затишјето на ноќва во атарот на нашево убаво Велгошти се собравме да оддадеме почит на делото на најголемиот раскажувач на сите...
Изградбата на автопатот Кичево Охрид тече со засилена динамика
Views: 123 По поплаките на жителите на селата во Дебрца, кои со изградбата на автопатот Охрид Кичево останаа отсечени без притапни патишта, надлежните смируваат. Ниту едно населено место нема да остане без пристапен пат. Во првичниот проект не била превидена конекција на 15 000 жители кои гравитираат на потегот, но веќе се проектирани и започната е изградба на 16 надпатници и подпатници.„Нема да има село или населено место на овој потег, кое што нема да е споено или директно на автопат, или со пристапен пат на најблиската точка каде што може да се приключи на...
Денеска почнува двонеделниот Богородичен пост посветен на Успението на Пресвета Богородица
Views: 73 За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, со цел во времетраењето уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.По својата временска должина, Богородичниот пост е најкраток од четирите годишни пости, трае 15 дена и започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август). Завршува на благденот Успение на Пресвета Богородица (15/28 август). Сигурни сведоштва за...
Во земјава не е направена ниту една трансплантација на срце кај лица со механичка пумпа
Views: 82 Четириесетгодишниот Васко Јолески од Струга , пет години живее со механичка пумпа за поддршка на срце и чека трансплантација. Неговиот живот е потполно зависен од батерии и струја. Сонот е да добие нова шанса за живот. Уште триесеттина лица во земјава ја делат истата судбина со него, најмладиот има само дваесеттина години, а најстариот 55 години.-Сите наши секојдневни обврски ни се со намален капацитет, не може да се бањаме како што треба, дури и да се храниме не може како што треба,...









