Автор: инфодеск
Post Views: 463 На 06.03.2024 во 16.20 часот на улица „Крали Марко” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 23 годишно лице од Охрид.–При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Народната банка овозможи бесплатно, дигитално добивање извештај од Кредитниот регистар
Post Views: 361 Народна банка им овозможи на граѓаните брзо и лесно добивање извештај од Кредитниот регистар, преку Националниот портал за услуги www.uslugi.gov.mk.Директна врска за да се извади извештајот за кредитната изложеност е https://uslugi.gov.mk/register.nspx. Како и до сега, кога услугата се добиваше единствено во просториите на Народната банка, таа е бесплатна.За да ја користат оваа услуга, граѓаните ќе треба да се регистрираат на Националниот портал за услуги. Услугата ќе им биде достапна во текот на 24 часа, на македонски или на албански јазик. Извештајот...
Вечерва ќе се одржи настанот „Жени во фокусот“ по повод празникот 8-ми Март
Post Views: 326 Со цел да се покаже достојна почит и внимание кон сите жени во нашата заедница, по повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, Општина Охрид заедно со Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените при Советот на Општина Охрид, оваа година за прв пат го организира настанот „Жени во фокусот“.Во рамки на настанот ќе биде отворена изложба посветена на 12 жени кои својата животна и професионална приказна ја градат во нашиот град. Бројот 12 е избран како симбол на грижата и љубовта која треба да им се посветува на жените во текот на сите 12 месеци во...
Утре напладне промоција на стихозбирката „Сон“ од Зора Златева
Post Views: 245 Во чест на 8 Март – Меѓународниот ден на жената утре во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана новата стихозбирка од поетесата Зора Златева од Охрид.Сон, јаве, фантазија и реалност „живеат“ заедно меѓу кориците од оваа стихозбирка. Авторката Зора Златева умешно во педесетината песни како сликар платното го бои со зборови со многу емоции и испомешани чувства. Таа е господар на ситуацијата и несомнено личните а и замислени доживувања најсуптилно ги реди во стихови од кои напати извира немоќ, напати сила невидена и на почеток и крај...
Едукативни работилници во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“
Post Views: 303 Во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“ Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина ‐ Регионален зелен центар Охрид реализираше три едукативни работилници за учениците од основните училишта и изработи дигитална брошура за археолошкиот локалитет „Самоилова Тврдина“.На работилниците кои се одржаа во месец февруари присуствуваа вкупно 134 учесници од шест основни училишта во Општина Охрид, ООУ „Ванчо Николески“ – с. Лескоец; ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид; ООУ „Братство Единство“ – Охрид; ООУ...
Со низа активности до економско јакнење на жената
Post Views: 719 Со работилници, семинари, форуми, Националната платформа за женско претприемништво засилено работи на јакнење на позицијата на жената. Особено внимание се става на економско зајакнување и олеснување на пристапот до финансии. Над 90% од жените претприемачи во земјава раководат со микро или мали бизниси. Деловните жени мора да го добијат заслуженото место.„Поминавме во година и два месеци седум обуки, кои што беа пристап до финансии , цикркуларна економија дури и како влијаат климатските услови на претприемништвото. Во групите кои што ги посетуваа овие обуки...
Евроамбасадорот Гир во посета на Општина Охрид
Post Views: 189 Во посета на Општина Охрид, денес, беше Евроамбасадорот Дејвид Гир. Во рамки на посетата, Амбасадорот оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков.На средбата беше разговарано за напредокот на општината, како и за финансиските раздолжувања на Локалната самоуправа и јавните претпријатија. Амбасадорот ги поздрави заложбите и успешното менаџирање на Општината.Соговорниците разговараа и за напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО како и за соработката со владините институции.Амбасадорот ја поздрави и реализацијата на проектите кои што се...
Жена со фалсификувана банкнота од 100 евра платила во дуќан во Охрид
Post Views: 1.264 На 04.03.2024 во 11.20 часот во СВРОхрид, сопственичка на продажен објект во Охрид пријавила дека на 03.03.2024, едно женско лице за купените производи платило со банкнота од 100 евра. Како што е пријавено, откако отишла да ја размени банкнотата во менувачница и било кажано дека е фалсификувана, информираат од СВР Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Угостителски услуги во февруари покапи за 6,3 отсто во однос на истиот месец лани
Post Views: 231 Цените на угостителските услуги во февруари годинава, во однос на февруари лани, се зголемени за 6.3 %.За периодот јануари – февруари 2024, пак, во споредба со истиот период од минатата година, е забележан раст од 6.3 %, соопшти Државниот завод за статистика.Во февруари годинава во однос на јануари угостителски услуги поскапеле за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.1 %.
Граничниот премин Св Наум и аеродромот „Св Апостол Павле„ добија нов видео надзор
Post Views: 381 Нов систем за видео надзор и препознавање на регистарски таблички е веќе воспоставен на граничните премини Дојран, Свети Наум, Табановце, железничка станица Гевгелија и аеродромот Охрид, а во следниот период ќе се воспостави и на останатите 14 гранични премини низ државата.Системот за видео надзор се состои од 350 различни типови на дигитални камери со аналитички функции, систем за автоматско препознавање на регистарски таблици и централен систем за складирање на податоците. Системот во секое време информира за фреквенцијата на граничните премини, кое...
СДСМ: Градежната експанзија и опремување во охридските училишта започна со Константин Георгиески
Post Views: 217 Продолжуваат препукувањата за тоа кој повеќе направил за образовните установи во Охрид , а кој ги уништува. Од ОО на СДСМ Охрид денеска со реакција на реакциите од ОК на ВМРО ДПМНЕ и Општина Охрид.ВМРО ДПМНЕ единствено што умее е да даде насоки на своето членство да биде постојано подготвено за да пишува невистини, закани и навреди на соопштенијата од СДСМ. Бидејќи ВМРО ДПМНЕ се плаши од вистинита која ја дознава народот и тоа им создава паника, се вели во соопштението од СДСМ Охрид.– Апелираме до членството на ВМРО ДПМНЕ да се воздржи од...
ВМРО ДПМНЕ: Откако СДС укина паралелка во Гимназијата сега покажува лицемерна загриженост
Post Views: 186 СДС, очајни сте, затоа што охриѓани во неделата јасно ви порачаа дека следуваат промени и на централно ниво. Не можејќи да се помирите со вашата неспособност и неработење, единствен излез барате во манимулации и ширење невистини меѓу охриѓани, реагираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид на соопштението од ОО на СДСМ за реконструкцијата на дворот на Гимназија.–Замислете, вие, кои за 4 години локална власт не мрднавте со прст за Гимназијата, вие кои за 8 години централна власт шајка не заковавте, сега се дрзнавте да коментирате за градежните зафати и целосната...
