Автор: инфодеск
Views: 94 Наутро затрупан во отпад, попладне проблеми со водоснабдувањето и канализацијата, метеж во сообраќајот, недостиг на паркинг, нервозни гости и домаќини. Вака Охрид го живее екот на туристичката сезона. Билтенот на СВР Охрид полн со тепачки. Прегласната музика и врева од големиот број концерти до раните утрински часови не дозволува мирен одмор.Најбројни гости деновиве се тинејџерите. Според експертите Охрид е културна метропола, а не збиралиште на пијани...
Долни Сарај синоќа пулсираше во духот на афробит ритамот со Националниот џез оркестар и Шеон Кути
Views: 100 Сцената „Долни Сарај“ синоќа беше центар на музичките збиднувања во Охрид со концертот на „Охридско лето“ кој го одржаа Националниот џез оркестар и познатиот нигериски музичар, текстописец, вокал и саксофонист, Шеон Кути, под диригентската палка на маестро Џијан Емин.На програмата беа изведени авторски композиции од богатото творештво на Кути, со аранжмани специјално направени за изведба со биг-бенд оркестар. Со врвна квалитетна музика, но со малку поопуштена атмосфера фестивалот понуди еден летен концерт базиран на танц наменет за пошироки маси. Публиката уживаше во...
Пештанец доби кривична затоа што отстранил службена лента и продолжил бесправно да гради
Views: 114 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51 годишен жител од охридското село Пештани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“ по член 389 од Кривичниот законик.-Тој, во текот на 2024 година, на катастарска парцела во Пештани, изведувал градежни работи без да поседува соодветна документација, што било констатирано од извршен инспекциски надзор од овластен градежен инспектор при општина Охрид, кој на пријавениот му доставил решение за отстранување на градбата, на градилиштето поставил службена лента...
Од полноќ поевтинуваат горивата
Views: 87 Oд вечерва, на полноќ, ќе стапат во сила нови, пониски цени на нафтените деривати, објави Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Намалувањето важи за сите видови горива.Според новиот ценовник, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,5 денари по литар и од утре ќе се продава за 74,5 денари. Исто намалување од 0,5 денари има и за ЕУРОСУПЕР БС-98, чија цена ќе изнесува 77 денари по литар.Дизел горивото – ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – поевтинува за 1 денар и од утре ќе чини 68,5 денари по литар. Екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 1,5...
Поети, музичари и уметници од шест држави ќе учествуваат на 37. Поетска ноќ во Велестово
Views: 78 Во петок, 15 август, со почеток во 21 часот во Велестово со поетскиот портрет на Андреј Ал-Асади, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, започнува 37. Поетска ноќ во Велестово. На годинешното издание на интернационалниот фестивал ќе настапат шеснаесет поети, музичари и уметници од вкупно од шест држави (Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и Македонија).По претставувањето на поетскиот портрет на Андреј Ал-Асади, годинешниот поет во фокус на „Поетска ноќ во Велестово“, ќе следува интернационалното поетско читање „Имаго“, на кое ќе настапат...
Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври
Views: 84 Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ги распиша локалните избори на кои треба да се изберат градоначалници и членови на советите на сите 80 општини и Градот Скопје. Со тоа ќе почнат да течат роковите за изборниот процес.Денот на гласање во првиот круг ќе биде 19 октомври 2025, додека вториот ќе се одржи две недели подоцна, на 2 ноември.Увидот во Избирачкиот список (ИС), започнува 15 дена по распишувањето на изборите и трае дваесет дена. Ова е период во кој избирачите со право на глас, односно оние со наполнети 18 години, ќе можат да ги проверат своите податоци...
Охриѓанец со 1,86 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајка кај Ростуше
Views: 96 Доцна синоќа околу 23:30 часот во село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 42 годишно лице од Охрид.-Тој со патничко моторно возило „сузуки“ со охридски регистарски таблички предизвикал сообраќајна незгода, по што при преземање мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека лицето е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта, се вели во полициското соопштение.По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно...
Mашкиот хор „Свети Серафим Саровски“ ја воодушеви публиката на „Охридско лето“
Views: 121 Српскиот машки хор „Свети Серафим Саровски“ од Зрењанин вчеравечер беше посебно доживување за публиката на „Охридско лето“ во рамките на традиционалната Српска вечер на фестивалот.Кристалната чистота што прозвучи од седумте грла на овој вокален ансамбл, совршено се вклопи во акустичниот сакрален амбиент на „Света Софија“. Програмската лепеза содржеше седумнаесет нумери, руски и српски, световни и духовни, далматински, а изненадување за слушателите кои ги наградија членовите на хорот со долги и бурни ракоплескања беше и изведбата на македонската...









