Skip to main content

Автор: инфодеск

Eдукативни посети на културното наследство во Стар Град и Музејот на вода

Post Views: 252 Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар“ Охрид во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“ ги спроведе предвидените едукативни посети на културното наследство во Стар Град и Музејот на вода.Едукативните посети беа наменети за ученици од шест основни училишта од Охрид- ОУ „Ванчо Николески” – с. Лескоец, ОУ „Св. Климент Охридски”- Охрид, ОУ „Братство Единство”- Охрид, ОУ „Кочо Рацин”- Охрид, ОУ „Григор Прличев“ – Охрид, ОУ„Христо Узунов“ – Охрид. Учениците имаа можност да...

Продолжи со читање

Просечната нето-плата во август 36 390 денари

Post Views: 269 Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава, во август година, изнесува 36 390 денари, што е за 14.2 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21. 6 %), Образование (17.5 %) и Градежништво (16. 5 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и...

Продолжи со читање

Марихуана

Приведени две лица на ул.,,7 Ноември“ кај кои била пронајдена марихуана

Post Views: 247 На 19.10.2023 во 16.40 часот на ул.,,7 Ноември“во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 24 годишно лице од с.Велгошти, охридско и 43 годишно лице од Охрид.– При преглед во возилото „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувало лицето од Велгошти, била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, марихуана била пронајдена и кај сопатникот од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Јавен увид на урбанистички проект за изградба на фото напонски панели во Лескоец

Post Views: 282 Општина Охрид организра Јавен увид по урбанистички проект вон опфат на УП за изградба на фото напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште и пристапен пат на КП 333/2 и делови од КП 332 и КП 333/1, КО ЛЕСКОЕЦ, ОПШТИНА ОХРИД, со 185/22 изработен од РЕСУРС ЛТДИ д.о.о.е.л.Површината на проектниот опфат изнесува 2,111 ха. Урбанистичкиот проект вон опфат на УП за изградба на фото напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште и пристапен пат на КП 333/2 и делови од КП 332 и КП 333/1, КО...

Продолжи со читање

Започнува одбележувањето на 23ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Post Views: 299 Општина Охрид со низа настани и свечености ќе го одбележи 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба и јубилејот 130 години од формирањето на Македонската револуционерна организација.Денеска, со почеток во 12 часот, во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи промоција на книгата „За македонистиката отворено“ од проф. д-р Димитар Пандев и Свето Стаменов. Промотор ќе биде доц. д-р Бобан Карапејовски.Вечерва, од 19:00 часот, во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи свеченост по повод 23-ти Октомври, во рамки на која обраќање ќе има...

Продолжи со читање

Сончево со температура до 25 степени

Post Views: 201 Денеска во Охрид времето ќе биде сончево со умерена облачност и потопло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 25 степени.Во Македонија следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и потопло. Во сабота ќе дува засилен јужен ветер, а во текот на ноќта кон недела ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Поради административни пречки може да пропадне проектот за Дневен центар во Охрид

Post Views: 420 Доколку до крајот на октомври не завршат сите административни процедури, ќе пропадне сонот за отворање на Дневен центар за децата со посебни потреби. Ќе пропаднат и обезбедените средства за негово опремување во просториите на поранешната касарна.Проектот е на општина Охрид и здружението Вопс , но настанаа административни проблеми околу просторот.  Општината го отстапи, но проблемот се јавил поради тоа што државата претходно го дала на користење просторот на општината.„Проектот ни беше одобрен и договор се потпиша во декември со министерството,...

Продолжи со читање

Поставени 10 контејнери за електричен отпад на територијата на Општина Охрид

Post Views: 348 Поставени 10 контејнери за електричен и електронски отпад и отпадни батерии на територијата на Општина Охрид. Општината во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ од Скопје започнува со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад, како и на отпадни батерии.Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон заштитата и одржливоста на животната средина, помагајќи во намалувањето на опасниот отпад на улиците и сузбивањето на создавање на диви депонии околу контејнерите. Исто така, селектирањето и правилното одлагање на отпадот,...

Продолжи со читање

муниција пиштол

При претрес во Велешта пронајден пиштол

Post Views: 411 На 18.10.2023 околу 15.30 часот во с. Велешта, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга лишиле од слобода 36 годишно лице од с. Велешта.„При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одзмени еден пиштол со калибар 6.35 мм од чешко производство, со рамка со пет куршуми калибар 6.35 мм и 33 куршуми калибар 9 мм“- информираат од МВР.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена...

Продолжи со читање

Во Вевчани поставени контејнери за електричен отпад

Post Views: 400 Општина Вевчани  и Ј.П. Еремја Вевчани во соработка со Нула Отпад ДОО Скопје започнува со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад, како и на отпадни батерии. Поставени се 2 контејнери за фрлање на електричен и електронски отпад на локација кај пазарот во Вевчани.Со поставување контејнери наменети за електричен отпад во Вевчани правиме значаен исчекор во нашите напори за промоција на одржливоста и заштита на животната средина, истакна градоначалникот Спасе Кочоски.На самиот контејнер има инструкции за користење, како и список на дозволени...

Продолжи со читање

Во сабота акција за подигнување кабаст отпад во У.З.14 Радојца Новичиќ

Post Views: 268 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 21.10.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.14 Радојца Новичиќ.Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 21.10.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или...

Продолжи со читање

Промоција на книгата  „За Македонистиката отворено“ од Свето Стаменов  и Димитар Пандев

Post Views: 308 Во рамки на  прославите по повод 23 Октомври- Денот на Македонската револуционерна борба  овој петок  во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12:00ч. ќе се одржи промоција на книгата  „За Македонистиката отворено“  од Свето Стаменов  и Димитар Пандев.„За македонистиката отворено“, книга 1 , содржи  21 радио разговор емитуван во периодот од 19 ноември  2016 година до 14 февруари 2022  година во авторскиот проект  Quo vadis и во  редовната  саботна  програма  Радио Спектар на...

Продолжи со читање