Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес прв еко пазар во Охрид

Post Views: 10 Денес во Охрид ќе се одржи првиот еко пазар организиран од Младински Центар Охрид.Посетителите ќе имаат можност за продажба и купување од втора рака на стара и зачувана облека, играчки, книги, слики и сл.Организаторите велат дека оваа акција е од големо значење бидејќи облеката и предметите добиваат продолжен животен циклус, текстилниот и пластичниот отпад ќе се намали, ќе се разбивае стигмата за second-hand облека, заедно ќе поттикнеме солидарност и хуманост, одговорно купување и поддршка на „бавната мода“, како и дружење и размена на идеи.Настанот...

Продолжи со читање

Започна поставувањето на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село Сливово

Post Views: 16 Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со поставување на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село Сливово. Овој проект има за цел да го подобри снабдувањето со вода за пиење и да го зголеми квалитетот на животот на жителите на ова село. -Работите се во тек, а завршувањето на проектот се очекува во најскоро време, информираат од Општина Дебрца.

Продолжи со читање

Прогласени „Најдобрите од спортот“ во Општина Охрид за 2024 година

Post Views: 19 Во рамки на манифестацијата „Најдобрите од спортот“, Општина Охрид ги додели наградите и признанијата за најуспешните спортисти во индивидуален и во клупски спорт за 2024 година. На пригодната свеченост која се одржа вчера во Големата сала на Општина Охрид пред присутните се обрати градоначалникот, Кирил Пецаков.–Спортот е многу повеќе од медали и трофеи. Спортот е борба со себеси и со своите потенцијали, вистинско училиште за животот, каде што се учат најважните лекции за дисциплина и истрајност.Почитувани спортисти, тренери, спортски работници, ценети...

Продолжи со читање

ООУ „Григор Прличев“ го одбележа својот патронен празник

Post Views: 21 Со богата свечена приредба која се одржа вчеравечер, ООУ „Григор Прличев“ го одбележа својот патронен празник.Пред бројната публика, на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ беа изведени бројни музички композиции подготвени од оркестарот и хорот на училиштето. Исто така, публиката имаше можност да ги слушне првонаградните литературни творби на училишниот конкурс посветен на патронот и да ја проследи монодрамата „Јас, Деспина Каваја“.Во рамки на свечената програма беше изведен мјузиклот „Шеќерна приказна“, како и неколку танцувачки...

Продолжи со читање

Започна изградбата на детско игралиште во центарот на Вевчани

Post Views: 16 Градоначалникот на Општина Вевчани информира дека започна изградбата на детско игралиште во центарот на Вевчани.-Особено ни е драго што го реализираме овој проект бидејќи е на барање на поголем број родители и дечиња од Вевчани, вели градоначалникот на Вевчани.Средствата за реализација се обезбедени од Владата на Република Македонија

Продолжи со читање

Во Црвен крст одржана работилница за знаковен јазик

Post Views: 14 Во рамките на одбележување на месец февруари – месец на ретките болести, на вчерашниот редовен состанок на Клубот на млади при Црвен крст Охрид се одржа работилница за знаковен јазик. Истата беше одржана од страна на Ангел Крстески – член на координативно тело и толкувач Лора Лазаревска.-Преку оваа интерактивна сесија, ги совладувавме основните знаци, разговаравме за значењето на инклузијата и направивме уште еден чекор кон подобро разбирање и поддршка на лицата со оштетен слух, велат од општинската организација на Црвен крст.Инаку, Лора...

Продолжи со читање

Апликацијата за лоцирање отпад и депонии TrashPinger достапна на Play Store

Post Views: 25 Mобилната апликација TrashPinger која ја создадоа ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски”- Охрид е веќе достапна за преземање од Play Store.-Со ова, нашиот ангажман во програмата UPSHIFT што ја реализираше Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „UPSHIFT-ers for air quality“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и Фондот за иновации и технолошки развој на Македонија е завршен во целост, велат од Здружението.Креаторите на апликацијата се Климент Маријаноски, Ана Спироска, Ана Атанасовска, Дарко...

Продолжи со читање

Почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“

Post Views: 13 Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов потврди дека Игор Југ, еден од осудените за случувањата во Собранието на 27 април, починал синоќа на 54-годишна возраст.Југ беше осуден на 12-годишна казна затвор за случувањата во Собранието на 27 април, отслужи осум години од затворската казна, а во моментот кога настапила смртта бил на отпуст поради влошено здравје.Неговото последно јавно излагање беше во поткастот „Претрес со Ландов“, каде отворено зборуваше за тортурата низ која поминал, затворските денови и неговата иделогија.

Продолжи со читање