Skip to main content

Автор: инфодеск

Промоција на книгата  „За Македонистиката отворено“ од Свето Стаменов  и Димитар Пандев

Post Views: 308 Во рамки на  прославите по повод 23 Октомври- Денот на Македонската револуционерна борба  овој петок  во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12:00ч. ќе се одржи промоција на книгата  „За Македонистиката отворено“  од Свето Стаменов  и Димитар Пандев.„За македонистиката отворено“, книга 1 , содржи  21 радио разговор емитуван во периодот од 19 ноември  2016 година до 14 февруари 2022  година во авторскиот проект  Quo vadis и во  редовната  саботна  програма  Радио Спектар на...

Продолжи со читање

Конкурси за доделување на ученички стипендии за учебната 2023-2024 година

Post Views: 609 Министерството за образование и наука објави девет конкурси за доделување на стипендии на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година, по разни критериуми.Државата ќе стипендира талентирани ученици/чки од средното образование од областа на уметностите, спортисти/ки, ученици/чки кои следат настава од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи, од стручно оспособување и...

Продолжи со читање

Сончево и потопло со температура до 19 степени

Post Views: 224 Денеска во Охрид не очекува сончево и потопло време. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 19 степени.До сабота претпладне, во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во петок и сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на утринската и дневната температура. Во сабота попладне и во недела претежно во западните делови од земјата ќе има појава на повремен дожд, наместа пороен и со појава на ретки грмежи.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид дел од „Хуманитарен одговор 2023”- дејствување при земјотрес

Post Views: 352 Црвениот крст Охрид денеска учествуваше во вежбата „Хуманитарен одговор 2023” во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија.На оваа симулациска вежба за дејствување во итна ситуација – земјотрес учество зедоа повеќе од 500 лица, два хеликоптера и 40 возила. Учествуваа институции вклучени во Системот за управување со кризи и домашни и странски тимови од Црвениот крст.Охридската организација на Црвен Крст учествуваше со тим за спасување на вода и со тим за прва психолошка помош и психо-социјална поддршка.Вежбата...

Продолжи со читање

Заседаваше Националната комисија за УНЕСКО за заклучоците од Ријад на Комитетот за светско наследство

Post Views: 254 Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа седница на Националната комисија за УНЕСКО на РСМ, на која се дискутираше за одлуката и за заклучоците од 45. сесија на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО што се одржа од 10 до 25 септември во Ријад, Кралство Саудиска Арабија, а кои се однесуваат на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.На седницата претседаваше министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска, а беше истакнато дека Комитетот го вреднуваше и...

Продолжи со читање

Илјада семејства од охридско-струшкиот регион немаат ниту за леб

Post Views: 479 Илјада семејства од охридско- струшкиот регион живеат во сиромаштија.  Економската, енергетската криза и поскапувањето на цените на храната се причините за се поголем број семејства да се борат со глад.  Најпогодени се многудетните семејства, заедници со болни и инвалидизирани и самохраните родители.Од Црвениот крст  велат секојдневно добиваат барања за помош во храна, облека и основни намирници.„Добро е да има многудетни семејства, но не е добро тие да се борат за опстанок и за живот, за храна. Има многу такви семејства особено сме...

Продолжи со читање

Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници

Post Views: 262 Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори:Агро производство (производи од свежи или процесирани овошја и зеленчук)Лесно производство – Облека и текстил и Преработка на дрво и производство на мебелВлезен туризам за следниве видови туризам: екотуризам, рурален туризам и...

Продолжи со читање

Jaвна анкета и презентација за нацрт ДУП за УЗ 2, дел од УБ 2.3-опфат 5 КО Охрид 3

Post Views: 561 Општина Охрид организира јавна анкета и јавна презентација за НАЦРТ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД УБ 2.3-ОПФАТ 5 КО Охрид 3, изработен од ,, Човек и Простор,, дооел Охрид со технички број 18 РА/12 од септември 2023 г.Планскиот опфат на НАЦРТ ДУП ЗА УЗ 2, ДЕЛ ОД УБ 2.3-ОПФАТ 5 КО ОХРИД 3 со површина од 0.85 ха и неговата местоположба е дефинирана во границите на:– на север, овој простор се граничи со КП бр. 14985 (средно економско училиште),– на исток со КП бр. 15541 (детска градинка Јасна Ристеска),– на југ се граничи со сервисната улица Димитар Влахов...

Продолжи со читање

Болни деца од шест општини прегледуваат педијатрите во Струга во викенди, празници и ноќна смена

Post Views: 359 Поради недостиг на педијатри, веќе две години во охридската болница нема детско одделение, има само  дневна  амбуланта  во две смени. За викенди, празници и ноќна смена, болните  деца од Охрид патуваат во Струга. Во охридската педијатрија моментално има тројца специјалисти, до пред извесно време беа само двајца.Додека, пет  педијатри, во струшката болница се грижат за лекување на децата од целиот регион, од општините Охрид, Струга ,Вевчани,  Дебар, Дебрца и Ресен.„Ситуацијата е иста како што беше и претходно,...

Продолжи со читање

Тестирање на општата интелигенција во Охрид од страна на МЕНСА

Post Views: 265 Имате над 16 години и сакате да дознаете колку е Вашиот IQ?Тестирајте се и дознајте. Тестирањето трае 20 минути.Резултатите ќе ги знаете само Вие!Менса Македонија за прв пат по повеќе од 10 години организира ТЕСТИРАЊЕ на општата интелигенција со цел прием на нови членови во Охрид, на 28.10.2023 (сабота), во 14 часот, на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.Кандидатите е потребно:– да имаат наполнето 16 години до денот на тестирање,– да уплатат 500 денари на уплатница:примач: Менса Македонија,сметка:...

Продолжи со читање

Министерката за култура ги посети културно – историските локалитети во Охрид

Post Views: 257 Министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска, беше во посета на Охрид, при што оствари средби со раководството на охридскиот „Завод и Музеј, Ирена Шајн, а посети и некои од најзначајните културно-историски обележја на градот.Министерката ги посети  Самуиловата тврдина и археолошкиот локалитет ,,Плаошник” за кој во текот на 2023 год. како дел од Годишната програма поддржана од Министерството за култура,  започна со реализација проектот „Дигитализација на документацијата од археолошките истражувања во 2013 год на лок.Плаошник,...

Продолжи со читање

Јавен повик за финансирање на проекти од областа на социјалната заштита за 2024 год.

Post Views: 174 Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес на Општина Охрид за 2024 година, ќе поддржи предлог идеи на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита, како и активности на поединци и останати субјекти кои ќе придонесат за побогат и поквалитетен живот на лицата со посебни потреби, ограничени можности и семејства од социјален ризик.Предлог проектите треба да се однесуваат на активности од областа на социјалната заштита кои ќе бидат насочени кон директна помош...

Продолжи со читање