Skip to main content

Автор: инфодеск

Дојави за бомби во повеќе училишта низ Македонија

Post Views: 10 Утрово десетина основни училишта низ Македонија се евакуирани поради дојава за бомби. Во моментов тимови на Министерството за внатрешни работи (МВР) вршат проверки во училиштата.Изминатите денови голем број училишта во повеќе хрватски градови добија дојави за закани со бомби. Медиумите неофицијално јавија дека заканите биле испратени од истиот сервер кој наводно се наоѓа во Африка.Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Продолжи со читање

Туристичките водичи да се регистрираат во регистарот на општината каде живеат

Post Views: 30 Според член 3 став 2 од Законот за туристичка дејност на Република С. Македонија сите физички лица кои вршат туристичка дејност, а во случајов,  туристички водичи и  туристички придружници, имаат законска обврска да се регистрираат во регистарот кој го води градоначалникот на општината во која се водат според адреса на живеење.-Општина Охрид ги повикува сите погоре споменати даватели на туристички услуги (туристички водич и туристички придружник), да се регистрираат доколку не го сториле тоа претходно и да ја ажурираат својата регистрација доколку во...

Продолжи со читање

Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски

Post Views: 19 Роден во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред Крштението учеше во Атина заедно со свети Василиј Велики и Јулијан Отстапник. Често му пророкуваше на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на Црквата, како што и стана. Врз Григориј особено влијаеше неговата мајка, Нона. Кога го заврши школувањето, Григориј се крсти. Свети Василиј го ракоположи за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го повика на испразнетиот престол на Цариградскиот архиепископ. Состави многубројни дела од кои најславни му се теолошките, заради што е и наречен...

Продолжи со читање

Сончево со температури до 7 степени

Post Views: 8 Сончево со мала до умерена, а претпладне зголемена облачност ќе има во централните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Во Охрид денешните теператури ќе бидат во интервал од -2 до 7 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Повремено наутро ќе има услови во котлините и особено долж Повардарието за појава на утринска магла и зголемена ниска облачност.

Продолжи со читање

Венец и визита во чест на охридскиот Хомер

Post Views: 6 По традиција во рамки на одбележувањето на годишнината од смртта на Григор Прличев  беа положени лавров венец и свежо цвеќе пред спомен – бистата на Прличев во паркот пред НУ Библиотеката „Григор Прличев“. Пригодно обраќање имаше Претседателот на Друштвото на писатели на Македонија,  Живко Грозданоски по што во библиотеката со богата културна програма се одржа Прличевата визита.Годинешните свечености во чест на Прличев завршуваат вечерва  со свечената приредба по повод Патрониот празник на ООУ Григор Прличев што ќе се одржи во Центарот за култура....

Продолжи со читање

Свеченост во спомен куќата на Прличев

Post Views: 7 По традиција во рамки на „Прличевите беседи“ и годинава се одржа свеченост во родната куќа на Прличев, којашто пред 20 години беше реновирана и повторно отворена за посетителите. На настанот беа  претставени и наградени најдобрите творби по распишаниот  литературен конкурс на ООУ „Григор Прличев“ од ученичките Катја Крстаноска и Нина Кузманоска.Пред присутните се обрати градоначалникот, Кирил Пецаков:– Со поглед кон иднината  поносни на минатото и културните епохи  во кои го втемеливме културниот идентитет  денес ги...

Продолжи со читање

Цвеќе во чест на Прличев

Post Views: 7 Во рамки на чествувањата посветени на Григор Прличев утрово беше положено цвеќе пред неговата спомен биста во дворот на ООУ „Григор Прличев“ по  што се одржа Панихида на неговиот гроб во близина на црквата Св. Богородица – Перивлепта.

Продолжи со читање

Продолжува дигитализацијата на катастарот – нова он-лајн апликација за увид во статусот на барањата

Post Views: 10 Агенцијата за катастар на недвижности, во согласност со најавите, продолжува со дигитализација и модернизација на услугите, со цел целосна дигитална трансформација на институцијата. Од денес, официјално е пуштена во употреба апликацијата за увид во статусот на барањата поднесени и заведени во електронскиот систем на Катастарот.Со новата апликација, се зголемува ефикасноста, а граѓаните и професионалните корисници брзо и едноставно ќе можат по електронски пат да го следат статусот на своите предмети. Откако ќе поднесат барање, неговиот статус ќе биде достапен...

Продолжи со читање