Skip to main content

Автор: инфодеск

Градоначалникот Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорката на Н.Р. Кина, Н.Е. Џијанг Сјаојан

Post Views: 140 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Н.Р. Кина, Н.Е. Џијанг Сјаојан која беше во прва официјална посета на Општина Охрид.На средбата беше разговарано за можностите за зајакнување на заедничката соработка во повеќе општествени сфери, пред се во делот на туризмот, економијата и културата. Градоначалникот Пецаков ја информираше амбасадорката дека од година во година се зголемува бројот на туристи кои го посетуваат Охрид и изрази надеж дека ваквата тенденција ќе продолжи и во иднина и дека бројот на туристи...

Продолжи со читање

Проф. д-р Анис Сефиданис избран за академик на Academia Balkanica Europeana

Post Views: 166 Македонската научна заедница доби уште едно значајно меѓународно признание, откако денес беше објавено дека охриѓанецот проф. д-р Анис Сефиданис беше избран како Академик при Academia Balkanica Europeana (ABE) — меѓународна академија која гради мостови меѓу науката, уметноста и јавната култура, со јасна ориентација кон европска соработка и регионален развој.-За млад научник ова значи повеќе од признание: тоа е обврска за лидерство, за подигање стандарди на квалитет и етика, за јакнење на довербата во науката и за создавање иновации што носат општествена...

Продолжи со читање

Забрана за пиење на водата во Долно Коњско

Post Views: 122 ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува корисниците од с.Долно Коњско, дека поради дефект на водоводна линија се забранува водата за пиење околу ова мерно место.–Забраната ќе биде во сила се додека од страна на ЈЗУ ЦЈЗ-Охрид не се добијат резултати од повторената анализа на водата за пиење од ова мерно место, велат од ЈП Водовод.

Продолжи со читање

Утре започнува XIV Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“

Post Views: 126 Во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со Институт за филм- Филмска Академија Охрид, „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното Наследство од Баку, Азербејџан, како и Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, од 17-19 јануари 2026 ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2026“.Oваа година конференцијата, тематски е фокусирана на „Идентитетот, културата на меморијам наследството, туризмот или безбедноста во дигиталната ера“.На конференцијата ќе бидат презентирани...

Продолжи со читање

ЕУРО 2026: Македонските ракометари вечерва против Данска

Post Views: 226 Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник ни е кодомаќинот Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе неколку денови се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен дуел што го добија против Митјиланд.Ова е вторпат на европски шампионат македонските ракометари на стартот да играат во Хернинг против Данска (првиот дуел беше во 2014 година). Ова е дуел од групата Б, а во првиот натпревар од 18 часот играат Португалија и...

Продолжи со читање

Денес ќе биде прикажана премиерата на филмот „Начинот на Чипан“

Post Views: 96 Денес, петок, 16 јануари, со почеток во 20:00 часот, во големиот амфитеатар на Универзитетот за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ќе биде прикажан филмот „Начинот на Чипан“, дело на режисерот Антонио Вељаноски.– Документарецот го доловува ликот и делото на Борис Чипан, преку едно од првите модернистички објекти во Охрид, одморалиштето на Феријалниот сојуз „Младост“. Низ процесот што колективот Архрид го помина во подготовката и реализацијата на изложбата и јавните дискусии од 3 мај 2025 година, филмот отвора нова перспектива за...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид активно вклучен во одбележувањето на Водици со здравствени прегледи, спасителни тимови и крводарителска акција

Post Views: 127 Во рамки на одбележување на верскиот празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид активно е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност.Во недела во период од 19 до 23 часот, на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и...

Продолжи со читање

Во тек е пријавувањето на капачите за празникот Богојавление Водици во сите парохиски цркви

Post Views: 124 Во сите парохиски храмови во Охрид во тек е пријавувањето на верниците кои сакаат да учествуваат во традиционалното фрлање на светиот крст по повод празникот Богојавление – Водици.Инаку, во недела, 18 јануари, од 19:00 до 23:00 часот, на платото меѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ ќе биде поставен пункт на Црвен крст Охрид, каде медицински екипи ќе спроведуваат основни здравствени прегледи на пријавените учесници. Истовремено, тимови на Црвен крст Охрид ќе бидат ангажирани и во грижата за безбедноста на капачите и на сите присутни за време на одбележувањето на...

Продолжи со читање

УХМР: Сончево со мала до умерена облачност

Post Views: 123 Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од -1 до 8 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека утре и задутре ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.

Продолжи со читање

Конкурс за доделување награди и признанија за најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Охрид за 2025 година

Post Views: 153 Општина Охрид распишува Конкурс за доделување награди и признанија за најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Охрид за 2025 година.Јавниот конкурс трае до 30.01.2026 година до 14.00 часот. Предлозите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, во архивата на Општина Охрид, со адреса на ул. „Димитар Влахов“ бр.57 Охрид, со назнака „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2025 година“. Дополнителни информации во врска со конкурсот, на телефон 046 262 – 492 локал 198 или sport@ohrid.gov.mkПовеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Јавен повик за распоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти, тренери и други правни лица

Post Views: 119 Градоначалникот на општина Охрид го распишува овој јавен повик за распоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2026 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти,тренери и други правни лица од областа  на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од најважните социјални елементи на нашето општество, спортот. Спортот и неговата врска со образованието, здравството,...

Продолжи со читање

Јавен повик за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. ,,Билјанини Извори“

Post Views: 102 Општина Охрид согласно Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. ,,Билјанини Извори“- Охрид бр. 07-785/20 донесена од страна на Советот на Општина Охрид, на седницата одржана на ден 29.10.2014 година и Одлуката  за давање согласност на Oдлуката за утврдување  цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП„Билјанини извори-Охрид“ бр.08-804/10 од 30.01.2023 година,  објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид...

Продолжи со читање