Автор: инфодеск
Views: 203 Во сабота, 9-ти август, започнува седмото издание на манифестацијата „Културно лето Пештани 2025“. – По седми пат го славиме духот на уметноста и традицијата во ова мало место на мапата, но големо по душа. Придружете ни се, инспирајте се, создавајте, порачуваат организаторите.Манифестацијата ќе се одржи во центарот на село Пештани, а присутните ќе можат да ја видат жива традиција на замесување за свадба, да уживаат во староградска музика, повозрасните жители на селото ќе ги споделат спомените, легендите и вредностите од минатото. На програмата има и промоција на...
Книжевно-музички настан: пет години „(е)Лит”
Views: 89 Со настанот на 6 август, Здружениeто за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности „Креативна верига”, го започнува одбележувањето на петгодишнината од своето електронско списание „(е)Лит”.Со своите соработници и пријатели, оваа среда во 20:00 часот, во Музејско-културниот центар „Лапидариум”, гостите ќе имаат можност да ги чујат Миодраг Богиќ на виолина и Искра Атанасова Митуш на пијано. Дел од своето книжевно творештво ќе читаат: Славе Ѓорѓо Димоски, Лилјана Пандева, Ана Илијоска Богиќ, Долорес Атанасова-Лори, Марина Икономова...
Недела на млади 2025: Пет дена полни со креативност, инспирација и младинска енергија во Охрид
Views: 119 Од 11ти до 15ти август, во организација на Младински Центар Охрид, ќе се одржи третото издание на „Недела на млади” – мултидисциплинарна програма наменета за млади, млади уметници и креативци, по повод Меѓународниот ден на младите – 12ти август.Програмата опфаќа уметнички и музички работилници, филмски проекции, мастеркласови, јога, изложби, музички настапи и предавања, а активностите се распоредени низ пет дена со утрински, дневни и вечерни содржини.Програмата започнува во понеделник (11ти август) со летна ликовна школа „Боите на...
Сончево време со умерена облачност
Views: 64 Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе се искачи до 30. степени. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.– Од денеска ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија
За една година угостителските услуги поскапеле за 5%
Views: 87 Цените на угостителските услуги во јули се зголемени за 5% во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.Гледано по групи, цените во угостителството во однос на јуни се зголемени за 0,4 проценти кај храната, 1,6 проценти кај алкохолните пијалоци, 0,9 проценти кај безалкохолните пијалоци и за 0,2 проценти кај ноќевањата. Од Државниот завод за статистика информираа дека цените на угостителските услуги во јули 2025 година се зголемени за 0.5 % во однос на претходниот месец јуни. Во периодот јануари – јули во однос на истиот...
Документарниот филм „Хармонија помеѓу човекот и природата“ премиерно прикажан во Вевчани
Views: 83 Во рамки на програмата на Вевчанско Лето 2025, на 4 август во Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“, беше прикажана премиерата на документарниот филм посветен на Споменикот на природа Вевчански Извори – „Хармонија помеѓу човекот и природата“. Овој филм на инспиративен начин ја раскажува длабоката поврзаност меѓу вевчанската заедница и природата, преку лични сведоштва, научни согледувања и живописни кадри од заштитеното подрачје.Општина Вевчани изразува голема благодарност за вложениот труд и искрена посветеност на сите инволвирани, а додели плакета за Еко-свест како...
Од 16 до 30 август ќе се одржи третото издание на Ohrid Water Festival
Views: 79 Под покровителство на Општина Охрид од 16 до 30 август градов ќе биде домаќин на Ohrid Water Festival, што годинава се одржува по трет пат. Станува збор за случување кое ги спојува водените спортови, убавата музика и гастрономска понуда од ова поднебје .Фестивалот започнува на 16-ти август на пладне со Ревијалниот ватреполо турнир што ќе се одржи пред хотел Александрија, а попладнето на Старото пристаниште ќе се одржи Red Вull Педалинка. Наредниот ден на базенот „Атина Бојаџи“ ќе биде пливачкиот митинг. Од 18-ти до 21-ви август на плажата К’ј Дивоно ќе се...
Одземени пет возила во Струга поради преголема бучава
Views: 88 Денеска (05.08.2025) во периодот од 00:30 до 02:00 часот, постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг во Струга бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица со бучава од возила, полициски службеници презеле повеќе мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај.-Веднаш по пријавување на случајот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга излегле на местото и затекнале повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила, кои наводно изведувале изложба. Лицата не постапиле по наредбите на полициските службеници, по...









