Skip to main content

Автор: инфодеск

НУ „Охридско лето” доби 31 милион денари поддршка од Министерството за култура и туризам

Post Views: 14 Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура и туризам доби 31 милиони денари.Директорот на „Охридско лето” Ѓорѓи Цуцковски вели дека со ваквата финансиска поддршка ќе се реализира квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници.„Годинава се издвоени финансиски средства кои се достојни за една вака голема музичко-сценска манифестација. Ова е значајна финансиска поддршка која ја добиваме од Министерството за...

Продолжи со читање

За 5,8% поскапени угостителските услуги во јануари годинава во споредба со лани

Post Views: 13 Угостителските услуги во јануари годинава, во однос на истиот месец од 2024-та, се поскапени за 5.8 %, соопшти Државнито завод за статистика.Цените на угостителските услуги во јануари 2025, пак, во споредба со декември 2024 година, се зголемени за 0.2 %.Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Безалкохолни пијалаци за 0.1 % и Ноќевања за 0.3 %.

Продолжи со читање

Долга  е листата на пациенти кои чекаат трансплантација на орган

Post Views: 15 Долга е листата на пациенти кои чекаат трансплантација на орган и нова шанса за живот. Околу 20 тина лица чекаат донор на срце, 15тина  црн дроб и околу 150  лица бубрези. Повеќето се млади, а дел се и деца. Но,  свеста за органодарување е  ниска,  нема доволно донори.Здруженијата велат, потребни се измени во Законот за трансплантации во земјава, според кој за органодарување последниот збор го има семејството. Секој човек е потенцијален донор, што значи дека во случај на мозочна смрт, по автоматизам се смета...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Стероид-сензитивен нефротски синдром

Post Views: 17 Стероид-сензитивен нефротски синдром (ССНС) претставува ретка примарна гломерулопатија, односно бубрежно нарушување.Се карактеризира со голема загуба на протеини во урината (протеинурија), која пак, резултира со ниски нивоа на протеини во крвта (хипоалбуминемија), отоци и високи нивоа на холестерол.ПРЕВАЛЕНЦА – се смета дека проценетата фреквенција на овој синдром е 16 случаи на 100 000 живородени деца.ЕТИОЛОГИЈАПричините за ССНС не се сосема јасни, но се смета дека имунолошкиот систем има голема улога во развивањето на болеста. Дерегулација...

Продолжи со читање

ЕУ ги заострува правилата за купување од Temu

Post Views: 10 Европската комисија денеска треба да ја објави директивата со која ЕУ ќе ги зголеми царинските контроли на стоките што преку платформите за е-трговија, стигнуваат до потрошувачите во Евроската унија. Одлуката ќе влијае на Тему, која е во сопственост на кинескиот гигант за е-трговија ПДД Холдингс, како и на ултра-брзата модна компанија Шеин, основана во Кина, но со седиште во Сингапур. Овие трговци нудат екстремно ниски цени за стоките произведени во Кина.За време на строгите царински контроли ќе се проверуваат производите купени преку Интернет кои...

Продолжи со читање

Сончево и студено со температура до 7 степени

Post Views: 8 Во Охрид времето денес ќе биде сончево и студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.Во Македонија следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Денес ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови, информираат од УХМР.

Продолжи со читање

Проектот „Мојот пријател полицаец” во охридските градинки

Post Views: 12 Отсекот за превенција при СВР Охрид, во детскaта градинка „Росица” во населбата „Лескајца” и централната детска градинка „Јасна Ристеска”, го спроведе превентивно-едукативниот проект „Мојот пријател полицаец”.-Пред 80 дечиња од градинките, полициски службеници низ интерактивен приод, се обидоа на најмладите да им дадат основни знаења за улогата на полицаецот во демократското општество и во заедницата, да им ја приближат полицијата како служба која на сите граѓани им служи,  како вистински пријател и сервис на сите граѓани, да ја поттикнат...

Продолжи со читање

Двајца охриѓани добија кривична за дивоградба во Велестово

Post Views: 11 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 и 52 годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.-На катарстарска парцела во охридското село Велестово, тие неовластено и без соодветна градежно – техничка документација, како и без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, отпочнале градба  на семејна куќа, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Од овластен градежен инспектор градилиштето било затворено со службена лента и службен знак.

Продолжи со читање