Автор: инфодеск
Post Views: 281 НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид во изминативе два месеци ја спроведува редовната ревизија на целиот книжен фонд, која според закон се прави на секои пет години. Вработените во Библиотеката за рекордно време стигнаа до завршната фаза во која следи ревизијата на одделот за возрасни кој всушност е и најбогат и најобемен во простор.За полесно и побрзо завршување на ревизијата информираат дека од понеделник 26 февруари Библиотеката и натаму ќе биде отворена за читателите во истиот термин од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 но читателите не ќе...
Просечната месечна нето-плата во декември 2023 година изнесува 39.998 денари
Post Views: 399 Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година изнесува 39.998 денари, додека просечната бруто-плата за истиот месец е 60.036 денари, соопшти денеска Државниот завод за статистика.Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во споредба со декември 2022 година, изнесува 116,4.Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување...
Охриѓанка пријавила во полиција измама со огревно дрво
Post Views: 466 На 21.02.2024 во 16,20 часот во СВР Охрид, 62 – годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 14.000 денари.„Според пријавеното, околу 13.30 часот во нејзниот дом дошло лицето и ѝ понудило огревни дрва, а откако се договориле таа му ги дала парите, по што лицето заминало. Како што е пријавено, до пруијавувањето лицето не ги донело дрвата и не ги вратило парите, по што таа се посомневала дека е измамена. “ – се вели во соопштението од СВР Охрид.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Охриѓанка платила 5000 евра на измамник кој требало да ѝ најде работа во хотел во странство
Post Views: 334 На 21.02.2024 во 11.20 часот во СВР Охрид, 52– годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5.000 евра.„Според пријавеното, во септември 2023 година на веб страна таа забележала објава во која се нуди работа во странска земја и стапила во контакт со лицето, кое и ветило работа во хотели притоа ѝ ги побарало парите за уплата за работна дозвола, годишно осигурување, дополнително осигурување за подолг период, депозит за стан и сл. Како што е пријавено, таа ги уплатила парите, по што стапила во контакт со хотелот од каде што била...
Со хитот “We are the world”, К-2 ѕвездичките и детскиот хор Ѓердан од бисери со поддршка за ретките
Post Views: 666 Традиционално веќе неколку години децата од градинките и од основните училишта од општина Охрид во месец ФЕВРУАРИ, месецот посветен на ретките болести со преработка на некој светски музички хит се солидаризираат и ја покажуваат својата емпатија не само кон нивните другарчиња со ретки болести, туку и кон предизвиците со кои тие секојдневно се соочуваат.Оваа година во студиото продуцентот Јовица Каралиевски во изведба на К-2 ѕвездичките и детскиот хор Ѓердан од бисери под водство на Татјана Узуноска Тренеска децата од градинките и од основните училишта од...
Унификација на стариот дел на Охрид со дрвени рекламни табли на дуќаните
Post Views: 499 Дрвени унифицирани рекламни табли го красат визуелниот лик на Стариот дел на Охрид. Сите угостителски, трговски и занаетчиски дуќани добија идентични табли кои прво се напишани на кирилично писмо а потоа на латиница. На улиците Цар Самоил, малиот плоштад и Коста Авраш до плоштадот поставени се вкупно 74 нови дрвени табли. Унифицирани табли ќе добијат и дуќанџиите вдолж охридската чаршија.Целта е унификација и подобра визуелизација на просторот, дуќанџиите сега ќе треба да ги отстранат старите светлосни неонски реклами кои го...
Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид
Post Views: 323 Поради приклучување во мрежа на новата водоводна линија на улицата „АСНОМ“ денес има повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици.Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето ќе има на улиците: „АСНОМ“, „Никола Карев“, „Галичица“ и дел од Булевар „Туристичка“ (зградите кај кружниот тек), информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Девет кандидати за Претседател на државата од кои три се жени
Post Views: 332 За овие претседателски избори, пријавени се Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски од СДСМ, Арбен Таравари од албанската опозиција, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Вело Марковски како независен кандидат, Билјана Ванковска од Левица, Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачкиот демократски сојуз. Кандидат за претседател ќе има и ДУИ во Бујар Османи како и партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски.Најголем дел од овие кандидати ќе треба да собираат 10.000 потписи бидејќи немаат поддршка од 30 пратеници во Собранието.Рокот за собирање потписи за кандидати...
Претставата „Чекајќи го Годо“ утревечер повторно пред охриѓани
Post Views: 328 Утревечер на реперотарот на охридскиот народен театар повторно е претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет, во режија на Сашо Миленковски.„Чекајќи го Годо“ е едно од клучните драматуршки дела на 20-тиот век. Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски и Павел Маслов под режисерската палка на Миленковски со оваа претстава сакаат, во денешно време на вештачка интелигенција, да го свртат вниманието кон изворната сила на театарот.Претставата ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот, а цената на билетот е 200...
Миотонична мускулна дистрофија – Ги запознаваме ретките болести
Post Views: 169 Миотонична мускулна дистрофија (ДМ) претставува автосомно-доминанто наследно заболување кое ги зафаќа мускулите во телото.Оваа болест се карактеризира со прогресивна мускулна дегенерација и слабост во мускулите и истата е поделена на 2 (два) главни типа, односно Тип 1 – Стејнертова болест и Тип 2 – проксимална миотонична миопатија. Суптипови на Тип 1 се конгенитална, средна и класична форма на болеста, додека Тип 2 е значително потешка верзија од Тип 1. Најчесто се јавува за време на детството, но постои можност за појава и во понатамошниот период од...
Mикозис фунгоидес – Ги запознаваме ретките болести во охридско
Post Views: 214 Mикозис фунгоидес е болест при која Т-клеточните лимфоцити (вид на бели крвни зрнца) стануваат малигни (канцерогени) и влијаат на кожата.Овој тип на Т-клеточен лимфом е бавно прогредирачки и хроничен. Кај индивидуите со микозис фунгоидес, кожата се инфилтрира со плаки и нодули кои се составени од лимфоцити. Во напредните случаи можат да се појават улцерирани тумори и инфилтрација на лимфните јазли од страна на заболените клетки. Нарушувањето може да се прошири на други делови од телото, вклучувајќи го гастроинтестиналниот систем, црниот дроб, слезината или...
Познати добитниците на буџетски средства од Општина Охрид за спорт и рекреација за 2024
Post Views: 351 Градоначалникот Кирил Пецаков, ги донесе решенијата за распределба на буџетски средства за спорт и рекреација за 2024 година по јавен повик за распределување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2024 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти, други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид.Како општината ги распредели средствата погледнете ТУКА.