Skip to main content

Автор: инфодеск

Жена касната од бездомно куче на ул. „Петар Поп Арсов” во Охрид

Post Views: 274 На 20.02.2024 година во 17 часот, 43 годишна жена од Охрид, во надлежната полициска станица пријавила дека, на улицата „Петар Поп Арсов” во Охрид,  била касната од куче скитник.

Продолжи со читање

Од март продолжува мрежата за искуствено учење во НП Галичица

Post Views: 220 Од НП Галичица известуваат дека од месец март започнуваат повторно работилниците во рамки на Мрежата за искуствено учење ( Работилница „Млади истражувачи“; Работилница „Млади ренџери“; Работилница „Еко-амбасадори“; Работилница „Квалитет на воздух”)Мрежата за искуствено учење (МИУ) е заедница на научно-едукативни установи профилирани во области на природните науки која осмислува и спроведува искуствени воннаставни активности за совладување научни концепти и проблеми за учениците од основното и средно образование во РСМ.Мрежата за искуствено учење...

Продолжи со читање

Во Старото градско јадро на Охрид не ќе смее да се градат нови објекти, доградби и надградби

Post Views: 871 Во Старото градско јадро на Охрид нема  да може да се градат нови објекти, доградби и надградби се до донесување на новите детални урбанистички планови усогласени со заштитата.  Ова е најзначајна новина којашто е предвидена со Предлог законот  за изменување и дополнување на Законот за старото градско јадро на Охрид како културно наследство од особено значење.Според, министерството за култура, со  измените, ќе се зголеми  заштитата на споменичката целина на Стариот град, согласно препраките на УНЕСКО.„Усвоен е извештајот за Статусот на...

Продолжи со читање

Сончево време со умерена облачност и температура до 12 степени

Post Views: 188 Во Охрид сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.Во следните денови во Македонија ќе се задржи релативно топло време, а локални врнежи од дожд ќе има од недела. Во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, информираат од УХМР.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

57.476 денари изнесува минималната потрошувачка кошничка во февруари

Post Views: 362 Вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари и во однос на јануари кога изнесувала 57.163 денари е зголемена за 313 денари, според пресметката која денеска ја објави Сојузот на синдикати.Со изнајмен стан од 60 квадрати, минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денари и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари. На семејство во кое двајцата родители се со минималец им недостасуваат скоро седумнаесет и пол илјади денари за да го истуркаат месецот.Најголема ставка се храната и пијалаците – 21.219...

Продолжи со читање

Се поставува нова водоводна линија на крак од ул. АСНОМ

Post Views: 272 Екипи на ЈП „ВОДОВОД“ Охрид започнаа со изведба на нова водоводна линија на крак од улицата “АСНОМ”.Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф160 мм во должина од 80 метри.

Продолжи со читање

Мултицистична бубрежна дисплазија – Ги запознаваме ретките болести

Post Views: 146 Мултицистичната бубрежна дисплазија (МЦБД) е конгенитално нарушување на бубрезите кое се карактеризира со присуство на мултипли цисти исполнети со течност кои меѓусебно се во дисфункционален однос и имаат разни големини во склоп на бубрежното ткиво и ја отежнуваат неговата функција.Оваа состојба не е наследна и обично го зафаќа само едниот бубрег. Најчесто се дијагностицира во тек на пренаталната ултрасонографија или во раниот период по раѓањето.ПРЕВАЛЕНЦАСе смета дека проценетата фреквенција на оваа бубрежна дисплазија е 1 случај на 4 300 живородени...

Продолжи со читање

Општина Дебрца ги презеде пумпните станици и го промени снабдувачот со струја

Post Views: 325 Исклучување на пумпните станици и оставање без вода на жителите и фирмите во Дебрца повеќе нема да се случува, велат од општината.На предлог на градоначалникот Зоран Ногачески, Советот на општината на последната седница донесе одлука за преземање од страна на општината на сите пумпни станици, а со тоа и обврската за плаќање на сметките за електрична енергија.Постапката за промена на корисник е завршена и почнувајќи од 1 Февруари снабдувањето со електрична енергија на пумпните станици ќе го врши од општината избраниот снабдувач, ЕДС АД Скопје, а сметките...

Продолжи со читање

ЈП Колекторски систем нема капацитет да управува со езерото велат спортските риболовци

Post Views: 260 Прогласувањето на Охридското Езеро за споменик на природата нема да придонесе за поголема заштита на рибниот фонд. Спортските риболовци од Здружението Свети Апостол Петар имаат низа забелешки и за новиот закон за рибарство и аквакултура. ЈП Колекторски систем нема капацитет да управува со Охридското Езеро  и  комплексното прашање околу заштитата и грижа за ендемичните видови риби.„Здружението Свети Апостол Петар кога излезе нацрт законот и кога имаше јавна расправа подготвивме шест страници со предлози за измена, дополнување и...

Продолжи со читање

Поскапеа катастарските услуги

Post Views: 361 Тројно поскапеа дел од катастарските услуги. При купување нов стан и упис во Катастар, за имотен лист наместо 1,250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, објави Сител.Досега, при промена на сопственост, во еден имотен лист се запишуваше покрај квадратурата на станот и дел од заедничките простории, како и дел од земјиштето под зградата. Сега, ќе треба да се плати за секој имотен лист посебно, што значи 3-те листа граѓаните ќе ги чини 3,750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден...

Продолжи со читање

Во Општина Охрид функционира Комисија за унапредување на правата на пациентите

Post Views: 403 Комисијата за унапредување на правата на пациентите е формирана за да се овозможи заштита на правата на пациентот со што би се обезбедила квалитетна и континуирана здравствена заштита во согласност со тековните достигнувања во здравството и медицината, во рамките на системот на здравствена заштита и здравствено осигурување, соодветна на поединечните потреби на пациентот, со отсуство на каква било психичка и физичка злоупотреба, со целосно почитување на достоинството на неговата личност и во негов најдобар интерес.Комисијата ги разгледува барањата поднесени од...

Продолжи со читање

Микрофталмија – Ги запознаваме ретките болести

Post Views: 192 Микрофталмијата, исто така позната како микрофталмос, е ретка развојна аномалија на окото при која едното (еднострана микрофталмија) или двете (билатерална микрофталмија) очи се абнормално мали и имаат анатомски малформации.Може да се појави како изолирана форма, но најчесто е асоцирана со други очни или системски болести во склоп на синдроми.ПРЕВАЛЕНЦАПреваленцата на микрофталмија е 1,5 – 1,9 / 10 000 бебиња во Северна Америка. Преваленцата може да варира во однос на географската положба. Епидемиолошки нема статистички важна разлика помеѓу полова и...

Продолжи со читање