Skip to main content

Автор: инфодеск

Пикот на сезоната или за охриѓани познат како „издржете“

Views: 112 Охрид го живее шпицот на сезоната, а деновите кои престојат се до 15 август се очекува наплив на гости. Околу Илинден кулминираат проблемите кои на лето го отежнуваат нормалното функционирање на градот. Градоначалникот Кирил Пецаков вели дека општината е подготвена за предзивиците кои следат.„ Сите институции, вклучувајќи ги јавните претпријатија и локалната самоуправа се спремни за она што претставува пик на туристичката сезона или деновите со најголем број туристи околу 2 август. Предизвиците постојат, посебно околу менаџирањето со отпадот, се случува проблем со...

Продолжи со читање

Адреналин уште од старт – ѓубре, ризик, разочараност и срам

Views: 256 Адреналинскиот парк, кој се наоѓа кај поранешната Касарна, а кој инаку требаше да прерасне во најголемиот рекреативно-авантуристички парк во Југоисточна Европа, охриѓани знаат дека полека но сигурно се распаѓа. Денес, и странците знаат дека имаме еден и единствен неотворен адреналински парк, но за жал уште од самиот влез единствен адреналин кој го чувствуваат е срамот, проследен со ѓубре, ризик и разочараност.-Денеска сакавме да одиме во голф клубот, моравме да поминеме низ патчето кое води до таму, се разочаравме многу бидејќи гледавме само ѓубре, тегли и...

Продолжи со читање

Охридско лето во престижен турски театарски весник

Views: 73 Познатиот новинар Назиф Услу во престижниот турски печат „Театарски весник“ пишува за успесите и историјатот на Фестивалот „Охридско лето“ кој 65 години е успешна фестивалска сцена на која има уметници од целиот свет како и за квалитетната програма на годинешното јубилејно издание.Посебно воодушевен од условите и самата организација на Фестивалот но и од гостопримството вели дека „Охридско лето“ е редок пример каде се гради модерен, инклузивен систем, а Охрид е град каде што цветаат културата и уметноста преку цела година.„Ова место, каде што животот никогаш не завршува и...

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Јавен повик за најдобро решение за мобилна апликација за туристичка промоција на Охрид

Views: 136 Општина Охрид објави јавен повик за финансиска поддршка за изработка на мобилна апликација за туристичка промоција Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за поддршка на три првоизбрани тимови за најдобро решение за изработка на дигитални алатки – мобилна апликација за туристичка промоција на Охрид.Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавување на веб страната на општина Охрид.Информации за јавниот повик ТУКА.

Продолжи со читање

Oтворена изложбата „Македонија во светот на хералдиката“, приредена од Македонското грбословно друштво

Views: 75 Во рамки на програмата на Општина Охрид за одбележување на 2. Август – Денот на Републиката, вчеравачер во Музејско-културниот центар „Лапидариум“, беше отворена изложбата „Македонија во светот на хералдиката“, приредена од Македонското грбословно друштво.На свеченото отворање на изложбата во името на Општина Охрид се обрати, Ана Крстеска, заменик градоначалник.–Чест ни е што Охрид како домаќин е дел од оваа поставка со своите главни симболи, изработени со професионална помош и стручна поддршка токму од Македонското грбословно друштво. Општина Охрид отсекогаш ја...

Продолжи со читање

Утре ќе се одржи 46-то издание на малиот Илинденски пливачки маратон

Views: 121 Утре ќе се одржи 46-то издание на малиот Илинденски пливачки маратон во организација на П.К. “Охридски бранови 2008”-Oхрид .Како и секоја година патеката во должина од 2,5 км започнува од плажата Горица (Кај дивоно) до кејот на Охридското езеро (пред х.”Ривиера”). Првиот старт ќе започне во 10.00 часот, додека вториот старт ќе започне во 11.00 ч.Пливачите се поделени во две категории и тоа 15 години и помали, но не помали од 10 години, и од 16 до 35 години.Патеката ќе биде обезбедена со медицински и спасувачки екипи на Црвен Крст- Охрид, а за...

Продолжи со читање

Студенти биолози во истражувачка акција на Галичица

Views: 76 Истражувачкото друштво на студенти биолози по 31-ви пат ја организираше својата традиционална 15-дневна истражувачка акција, овојпат на планината Галичица.Галичица, планина сместена помеѓу двете најголеми езера во нашата држава – Охридското и Преспанското, и дом на истоимениот национален парк, изобилува со ретки и ендемични видови. Ова им овозможи на студентите незаборавна можност за теренска и истражувачка работа.Во текот на акцијата, фокусот беше насочен кон високопланинските пасишта и тундри на врвови како Магаро (2.255 м), Лако Сигној и други но, истражени...

Продолжи со читање

Прекин вода

Прекин на водоснабдувањето на неколку улици

Views: 100 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од населбата Христо Узунов, на улиците: „Богомилска“ , „Даме Груев“ „Ѓорче Петров“, дел од „7ми-Ноември“, дел од „Марко Нестороски“ и дел од Бул.„Туристичка“.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање