Автор: инфодеск
Views: 79 Самостојна изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ ќе биде поставена во Куќа на Робевци вечерва во 20 часот.После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје, а на 1-ви август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид. Изложбата го носи насловот „Нурни во мене’’, а куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Националната Галерија од Скопје. Критички...
Вонредни инспекциски контроли на хотелите и станоиздавачите
Views: 93 Инспекторите по туризам вршат засилени вонредни инспекциски контроли на брегот на Охридското Езеро. Се чешлаат хотелите, станоиздавачите, вилите, камповите и туристичките водичи. Сите се должни да ги пријавуваат гостите и да плаќаат туристичка такса која изнесува 40 денари на ден по турист, но и данок на остварените приходи.Сопствениците на станови не смеат да сместуваат гости без да се регистрирани за таа дејност, а за изнајмениот стан на роднини и пријатели треба да платат,...
Горна Белица прераснува во туристичка дестинација
Views: 265 Горна Белица развива рурален туризам. Струшкото село издигнато високо на падините на Јабланица помеѓу боровата шума, денес нема постојани жители, тоа е современа викенд населба, со голем број апартмани, вили и планинарски дом. Со инвестиција од дијаспората комплетно е обновено поранешното одморалиште во сопственост на црквата, денес првиот хотел.Селото привлекува туристи со прекрасните видиковци кон Охридското Езеро, кои одземаат здив, мирот,...
Дамјан Пејчиновски ќе одржи концерт на „Охридско лето“
Views: 126 Во рамки на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва концерт на познатиот македонски гитарист Дамјан Пејчиновски во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21:00 часот. Пејчиновски ќе настапи заедно со бендот Дејан Милосављевиќ – ударни инструменти, Зоран Јасгоридовски – перкусии, Горан Гешовски – бас-гитара и Гордан Спасовски – пијано.Дамјан Пејчиновски свири електрична и акустична гитара и специјализира повеќе музички стилови вклучувајќи џипси-џез, џез-фјужн, блуз, рок, кантри, традиционална македонска музика и др.Пејчиновски запопочнува да...
Николоски: Од ноември нови авиолинии од Скопје до Мадрид и Стокхолм, од декември и до Прага, Бари и Келн
Views: 68Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција најави пет нови директни авиолинии од Скопје. Според него, новите линии ќе донесат повеќе туристи, бизнис можности и поврзаност за македонските граѓани.–Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм – Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид – Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари – Скопје, од декември Келн – Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага – Скопје, информираше...
Хидробиолошки доби поддршка од МОН за проектот „Лимнолошки истражувања на Охридското Езеро“
Views: 72 Охридскиот Хидробиолошки завод е дел од осумте јавни научни установи кои две години ќе работат на истражувања од висок стратешки и национален интерес за Македонија, со поддршка на Министерството за образование и наука од 23,7 милиони денари.Дел од одобрените проекти од страна на министерството се и „Етимолошкиот речник на македонскиот јазик“ на Институтот за македонски јазик, „Лексиконот на македонскиот фолклор“ на Институтот за фолклор, „Истражувањето на културното наследство на Албанците од Кумановскиот регион“ на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците,...
Започнуваат чествувањата по повод 2 август – Денот на Републиката со изложбата „Македонија во светот на хералдиката“ во Лапидариумот
Views: 75 Денес започнуваат чествувањата на Општина Охрид која со свечена програма ќе го одбележи 2 август – Денот на Републиката. Настаните се и во чест на трите големи јубилеи – 120 години од смртта на Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Кирил Прличев и 150 години од раѓањето на Методија Патчев.Вечерва во 19:30 часот во Лапидариумот кај Спомен куќата на Робевциќе биде прикажана изложбата „Македонија во светот на хералдиката“. Предвидени се обраќања на претставник од Општина Охрид, Иван Нацевски, потпретседател на Македонско грбословно друштво, академик Љупчо Коцарев, Ставре...
Светиот маченик Емилијан
Views: 99 Во времето на Јулијан Отстапник, во тракискиот град Доростол, живееше момчето Емилијан, слуга на градоначалникот. Кога царот отстапник почна со меч и со оган да го сотира христијанството ширум Римското царство, во Доростол дојде царски пратеник да ги убива христијаните. Но, не најде ни еден единствен. Израдуван од тоа, тој им приреди голема гозба на доростолските граѓани и заповеда големо жртвопринесување на идолите и деноноќна веселба по целиот град. Таа ноќ тргна свети Емилијан по идолските храмови, по плоштадите и градските улици и со копач ги испокрши сите идоли. Утредента во...









