Автор: инфодеск
Views: 70 Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид минималните температури од 16, а максималните до 24 степени Целзиусови. Утре и во сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и во почетокот на следната седмица, велат од УХМР.
Охридските карате-репрезентативци се вратија со 4 медаљи од Европското Првенство на Интернационалната Јапонска Карате-до Асоцијација
Views: 145 Во период од 25 до 27 јули во Бургас, Бугарија, беше одржано Европското Првенство на Интернационалната Јапонска Карате-до Асоцијација на кое претходеше врвен Карате семинар под водство на Светскиот Шеф Инструктор на ИЈКА Утсуми Такато Сенсеи.Од ИЈКА Македонија информираат дека нашата репрезентација се врати со освоени 4 медали:●Калина Георгиеска – сребро во Кумите јуниори категорија кафеави и црни појаси 12-13 години;●Евгенија Глигороска – сребро Кумите и бронза во Кати јуниори категорија кафеави и црни појаси 10-11 години;●Вера Блажеска –...
Кај Калишта пронајдени висечки мрежи долги 400 метри со 157 парчиња белвица
Views: 65 На 30-ти јули 2025 година, во периодот од 02:00 до 04:00 часот, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, извршија засилени контроли во водите на Охридското Езеро со цел спречување на незаконит риболов.– Притоа, на подрачје на Струга и струшкото село Калишта, пронајдоа две „висечки мрежи“ со должина од околу 400 метри, кои се најстрого забранети за лов на риба, со улов од 157 парчиња риба белвица, со вкупна тежина од 22 килограми. Мрежите и уловот се подигнати од водите на езерото и донесени во полициската станица за понатамошна...
Младешки ентузијазам и висока професионалност на уметниците од Музичката младина на Македонија
Views: 73 Восхитувачка интерпретација и музичка префинетост покажаа професионалните млади инструменталисти од Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ музицирајќи вчеравечер на „Охридско лето“.Концертот традиционално се одржува секоја година на фестивалот во црквата „Света Софија“ , овојпат се одвиваше под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ кој има богато професионално портфолио. Ова не е негова прва соработка со уметниците од Музичката младина младина.-Се работи за младински оркестар но со искусни музичари. Некои од нив веќе...
Свикана шеесетата седница на Советот на Општина Охрид
Views: 53 Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ шеесетата седница на Советот на општина Охрид на ден 05.08.2025 година (вторник) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н ...
Избрани апликанти по јавен повик за граѓански организации за 2025 година
Views: 127 Во рамките на Јавниот повик за поднесување на предлог проекти од граѓански организации, објавен на 26.03.2025 година, Општина Охрид ги објавува избраните апликанти чии проекти се целосно усогласени со развојните приоритети на општината за 2025 година:ИЗБРАНИ ПРОЕКТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ:НАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ПУЛСОТ НА ЕЗЕРОТО ОРГАНИЗАЦИЈА: НУРКАЧКИ ЦЕНТАР “АМФОРА“ ПРИОРИТЕТНА ОБЛАСТ: ТУРИЗАМ И КУЛТУРАНАЗИВ НА ПРОЕКТОТ: ОД ДОМАШНА КУЈНА ДО ЛОКАЛЕН БРЕНД ОХРИД ...
Јавен повик за вработување во проектот ReCircle MED
Views: 64 Општина Охрид објавува јавен повик за работни позиции со половина работно време (50%, 33 месеци) во проектот ReCircle MED – Иницијатива за трансфер на циркуларна економија, финансиран преку Interreg Euro‑MED 2021-2027, со специфични цели RSO 2.6 (циркуларна економија) и RSO 4.6 (одржлив туризам) circlemed.interreg-euro-med.euinterreg-euro-med.eu.Достапни позиции:Project Manager – управување со локалната имплементација, буџетски мониторинг, координација со партнери и активности за видливост.Project Assistant – административна и логистичка поддршка, подготовка на...
Mачорот Тито од охридските улици замина да живее во Мичиген
Views: 200 Гладен, жеден, под ведро небо, на горештини, ветрови, студови и дождови. Ваков е животот на големиот број улични животни во земјава. Но некои имаат среќа да најдат најубав дом полн со љубов. Таква е приказната за охриѓанецот Тито, кој живееше на улиците во турската чаршија.Тој имаше среќа да ја запознае младата Американка Меган, која во јуни беше на патување во Охрид. На прв поглед ја стекна нејзината љубов, па таа одлучи да го носи во Америка.– Еден ден вечерав во ресторан блиску до моето сместување и имаше многу мачки на улица, но...









