Автор: инфодеск
Post Views: 298 Дневната евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.“Енергетската криза го зголеми темпото на енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори ја намалија значајно цената на електрична енергија преку ден, со што се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден.“...
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Post Views: 265 Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска почнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември.“Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка од денеска ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.“ – се наведува во соопштението.За оние кои немаат дебитни картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во филијалите и експозитурите на банките.
Поевтинуваат бензините
Post Views: 297 Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за три денари. Нема промени на цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 83,50 денари, а 85,5 денари ќе чини ЕУРОСУПЕР БС – 98.Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува 86 денари за литар, а на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85 денари. За 1,691 денар се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 46,976...
Се гради детско игралиште во Косел
Post Views: 252 Започнаа градежни активности за изградба на детско игралиште во Косел, информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков преку објава на Фејсбук.„Во моментов се работи на партерно уредување, по што ќе следува поставување на соодветни детски реквизити.“ – напиша градоначалникот.Средствата за иградба на игралиштетот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
ЈУНП Галичица ќе спроведе оценување на ефикасноста на управувањето со заштитеното подрачје
Post Views: 210 На ден 12.10.2023 (Четврток), ЈУНП Галичица ќе спроведе процес на оценување на ефикасноста со управувањето со Заштитеното подрачје Национален Парк Галичица со помош на МЕТТ4 алатката, со засегнати и заинтересирани страни.Јавната установа Национален парк Галичица (ЈУНПГ) поминува низ процес на оценување на ефективноста на управувањето со паркот со помош на Management Effectives Tracking Toll (METT 4).„Оваа алатка е глобално распространета и една од најчесто користените за оценување на ефективноста на управувањето со заштитените подрачја. Изработена е од...
Отворен ден во градската библиотека и бесплатно членство за млади
Post Views: 351 Во рамки на одбележувањето на Неделата на млади, Клубот на млади од Црвен крст Охрид во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во петок (6 октомври ) организира отворен ден.Во периодот од 8:30 до 18:30 часот, сите млади читатели од прва година во средно образование, па се’ до 29 годишна возраст кои ќе ја посетат библиотеката, ќе добијат бесплатно годишно членство во библиотеката.Целта на оваа активност е поттикнување на љубовта кон книгата и читањето меѓу младите.Црвен крст – Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“ Ве канат во светот на...
Сончево со температура до 23 степени
Post Views: 207 Денеска во Охрид ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Утринската температура до 10 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 23 степени.Во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена, а на места повремено со значителна облачност. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во петок наместа ќе има значителна облачност, а претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Во недела во поголем дел од...
Прекин на водоснабдувањето на “15ти Корпус” и дел од “7ми Ноември”
Post Views: 283 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 14:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: “15ти Корпус”, дел од „7ми Ноември“ и сите споредни улици на потегот од кружниот тек кај ЕМУЦ до бензиската пумпа Макпетрол, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Во петок Струга неколку часа без вода
Post Views: 453 Поради изведување работи од страна на „ЕВН“ на 06.10.2023 год. (петок) ќе биде прекинато снабдувањето со вода за пиење на целата територија на општина Струга.Прекин во водоснабдувањето ќе има во период од 09:30 до 12:00 часот, информираат од ЈП „Водовод и Kанализација”-Струга
„Гарантираните цени’ не го подобруваат животниот стандард на граѓаните
Post Views: 272 И покрај воведувањето на гарантирани цени на основните прехрамбени производи, односно намалување од 10%, граѓаните се жалат на високите цени. Велат дека едвај врзуваат крај со крај. Цените на лебот и пекарските производи, млеко и млечни производи, месото, тестенините се уште се превисоки. Најпогодени се пензионерите со ниски месечни примања.„По мое мислење европски ги имаат направено цените за овде и за домашните. Пензионер овде тешко да опстане, каде се другите трошоци, струја да дојде данок или други трошоци. Болен ако остане каде? По мое мислење цените...
Приведени македонски и албански државјанин, затекнати при пустошење шума на Јабланица
Post Views: 351 Полициски службеници на Единицата за брзо распоредување во подножјето на планинскиот врв Стрижак на планината Јабланица го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ф.Н.(41), затекнат при нелегална сеча на шума, поради што се сомничи дека сторил кривично дело „пустошење на шума“, казниво по член 226 од Кривичниот законик, информираа денеска од МВР.„При преглед на теренот, била пронајдена и локацијата каде што исечените дрва биле складирани и подготвени за транспорт, каде бил затекнат на И.Б.(50) од с.Велешта, струшко, со патничко возило „ауди“, а на...
Охриѓанец доби кривична пријава за бесправно градење
Post Views: 347 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 57 годишен жител на Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.„Тој, на катарстарска парцела на улицата „Даме Груев” во Охрид, спротивно на Законот за градба и без соодветна документација за градба, издадена од надлежен државен орган, бесправно изградил стамбен објект за домување.“ – информираат од СВР Охрид.
