Автор: инфодеск
Views: 127 Ново културно катче се раѓа во центарот на градот. Охрид конечно ќе го добие она што му недостасуваше: културен центар во кој луѓе од различни возрасти ќе можат слободно да ги изразат своите уметнички, занаетчиски и воопшто своите креативни потреби.На отворањето посетителите ќе имаат можност да ја погледнат заедничката изложба ПЕРСПЕКТИВА/ POINT OF VIEW од охридските талентирани млади фотографки Ива Јовановиќ и Анамарија Момироска. Изложбата е составена од фотографии преку кои секоја од уметниците ја прикажува својата сопствена перспектива кон објект кој е заеднички за...
Вечерва хрватска вечер на „Охридско лето“ со ансамблот „Загрепски солисти“
Views: 66 Вечерва на сцената на фестивалот „Охридско лето“ ќе настапи концертот на хрватскиот ансамбл „Загрепски солисти“.Ансамблот „Загрепски солисти“ е формиран во 1953 година како дел од тогашното Радио Загреб под уметничко водство на познатиот виолончелист Антониј Јанигро. Повеќе од седум децении под водство на познатите виолинисти како концерт-мајстори на ансамблот – Драгутин Хрѓок, Тонко Ниниќ, Анѓелко Крпан и Боривој Мартиниќ-Јерчиќ, „Загрепски солисти“ постигнуваат неприкосновен уметнички раст и високо интерпретативно ниво и поради тоа се постојано присутни на...
Разорен земјотред од 8,8 степени ги погоди ги погоди рускиот полуостров Камчатка и Јапонија
Views: 99 Утрово силен земјотрес од 8,8 степени според Рихтер го погоди рускиот полуостров Камчатка и Јапонија, предизвикувајќи цунами од четири метри и евакуации во САД и Јапонија. Според Руската академија на науките, ова е најмоќниот земјотрес на Камчатка уште од 1952 година. Американскиот геолошки завод соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 19,3 км, на околу 125 км од Петропавловск, град со 165 000 жители на брегот на заливот Авача.Whoahhh! Another video showing the M8.8 earthquake that hit off the coast of Kamchatka, Russia 😱👀📹 Adventures in the Northern Kurils/tg...
Света маченичка Марина – Огнена Марија
Views: 127 Православната црква и верниците на 30 јули го слават празникот на Светата великомаченичка Марина, во народот позната како Огнена Марија, која е почитувана како борец за христијанската вера и заштитничка на жената.Денот на Светата маченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, се смета за многу почитуван празник, особено кај жените, па затоа е обичај на тој ден да не се работи физичка работа или работа на нива. Во црковниот календар 30 јули не е означен со „црвена буква“, но жените на тој ден од почит кон овој празник одбиваат дури и да закачат игла.Во фолклорот...
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Views: 82 Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта кон четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.Денес во попладневните часови, во текот на ноќта и утре наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето...
Во сила новиот систем за набавка на муниција, граѓаните со легално оружје ќе купуваат директно од овластените продавачи
Views: 132 Согласно измените на Законот за оружје, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција. Со него, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти и повеќе не е потребно претходно одобрение за набавка на муниција.-Истовремено, преку централен електронски систем, Министерството за внатрешни работи ќе врши континуирана контрола и увид во количините што се набавуваат, во согласност со законски утврдените ограничувања. Со оваа промена, системот станува побрз, пофункционален и посовремен, без да се намали...
Вечерва на „Охридско лето“ концерт на Камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски- Ѓумар“
Views: 121 Музичката програма на годинешното 65. издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“.Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б....
СДСМ Охрид: Граѓаните заслужуваат институции кои функционираат во нивна корист, а не полиција која само егзистира на хартија
Views: 84 Од ОО на СДСМ Охрид реагираат во врска со последните настани во охридскиот регион.Нивното соопштение го објавуваме во целост:„Во последниот период, Охрид се соочува со загрижувачки тренд на секојдневни трагедии – сообраќајни несреќи, повредени граѓани, небезбедни улици, па дури и смртни случаи. Во град кој претставува културно и туристичко срце на Македонија, ова не само што е алармантно, туку и жално и срамно.Додека министерот и началникот на СВР Охрид прават викенд “паради” во градот и кон тоа и уште дополнителен сообраќаен хаос и го блокираат цел...









