Автор: инфодеск
Post Views: 224 Брачен пар од Холандија една деценија летува на брегот на Охридското Езеро. Тие се вистински вљубеници во Охрид. Покрај природата, културното богатство, најмногу им се допаѓа вкусната македонска храна и гостопримливоста на луѓето.„Многу ни е убаво, па еве годинава е десетти пат како доаѓаме на одмор во Охрид. Луѓето , најмногу ни се допаѓаат бидејќи се многу фини и пријателски расположени и токму затоа доаѓаме”, вели гостин од Холандија.Неговата сопруга вели дека имаат создадено голем број пријателства во Охрид што ги прави посебно...
„Балет за четири раце“- пијано концерт во петок во големата сала на Општина Охрид
Post Views: 438 Во петок со почеток во 19 часот во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи концерт „БАЛЕТ ЗА ЧЕТИРИ РАЦЕ“.На концертот ќе настапи пијано дуо Нина Костова и Ивона Базгалоска.На програмата се дела на П. И. Чајковски, С. Рахмањинов и С. Лангер.Настанот е поддржан од Општина Охрид .
Лескајца доби повеќенаменско игралиште
Post Views: 421 И Лескајца добива повеќенаменско игралиште. Игралиштето е во склоп на ОУ “Братство единство”, објави денеска на социјалната мрежа Фејсбук, градоначалникот на Охрид, Кирили Пецаков.На игралиштето поставени се спортските реквизити, теренот е ограден со заштитна ограда и поставена е специјализирана подлога.
Прекин на водоснабдувањето на ул. “Гоце Делчев” и сите споредни улици
Post Views: 200 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 09:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата: “Гоце Делчев”, вклучувајќи ги и сите споредни улици на потегот од Дрвара до Здружение на возачи, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Акција за чистење на дното на Охридско Езеро кај Пештани
Post Views: 245 Согласно годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад за 2023 година, на 30.09.2023 година се одржа акција за чистење на дното на Охридското Езеро пред село Пештани.Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња и покуќнина.Чистењето го реализираше „Клубот за подводни активности“, а целта на акцијата е подигање на јавната свест на населението за заштита на Охридското Езеро.
Сончево со температура до 23 степени
Post Views: 219 По свежото утро со температура до 9 степени, преку денот во Охрид ќе имаме сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната дневна температура до 23 степени.Во четврток и петок во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во западните делови од земјата.
Јавен повик за еднократен паричен надоместок за студенти од семејства во социјален ризик
Post Views: 319 Градоначалникот на општина Oхрид го објави Јавниот повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина Охрид за академската 2023/2024 година.Општина Охрид, во врска со својата надлежност за социјална заштита за академската 2023/2024 година ќе додели еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои студираат надвор од општина Охрид и потекнуваат од семејства со социјален ризик, а се со место на живеење во општина Охрид.Потребните...
Во Црвена Вода и Белчишта одбележани 80 години од Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ
Post Views: 412 Денес во Црвена Вода и Белчишта, беше одбележан јубилејот 80 години од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, на 03 Октомври 1943 година. Овој значаен датум од историјата е патронен празник на општина Дебрца.Во село Црвена Вода делегации од Општина Дебрца и општинсата организација на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓани продолжувачи ја посетија Спомен собата на ГШ НОВ и ПОМ и се одржа историски час, а во село Белчишта беше промовирана обновената Спомен соба од НОБ.Во Дебрца се испишани најсветлите страници од...
Заврши изградбата на повеќенаменското игралиште во Пештани
Post Views: 255 Активностите за изградба на повеќенаменско игралиште во Пештани завршија. Игралиштето е опремено со спортски реквизити за баскет и мал фудбал, обложено со специјална подлога и поставена е заштитна ограда.Реализацијата на ова игралиште е во рамки на проектот за изградба на повеќенаменски игралишта на територијата на Општина Охрид.
Дел од ул „Димитар Влахов“ утре затворен за сообраќај
Post Views: 241 Заради изведување на градежни активности, утре на 04.10.2023 година (среда) ќе биде затворена за сообраќај улицата „Димитар Влахов“, на потегот од пресекот со улица „Караорман“ до пресекот со улица „Јане Сандански“.Сообраќајот на овој потег од улицата ќе биде прекинат во периодот од 7 часот до завршување на градежните активности.Местото на изведување на градежните работи ќе биде соодветно означено и обележано.
Нобелова за физика за тројца научници за истражување на светот на електроните
Post Views: 303 Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Л’Хилие ја добија Нобеловата награда за физика за 2023. Тие ја добија наградата за „експериментални методи кои генерираат атосекундни пулсирања на светлина за проучување на динамиката на електроните во материјата“, објави Нобеловиот Комитет.„Експериментите на лауреатите произведоа пулсирања на светлина толку кратки што се мерат во атосекунди, што покажува дека овие импулси може да се користат за да се добијат слики од процеси во атомите и молекулите“, објави Кралската шведска академија на науките.„Нивните...
Старица (104) скокнала со падобран за да го собори светскиот рекорд
Post Views: 318 Дороти Хофнер од Чикаго на 104год бара потврда за најстарата личност која скокнала со падобран, бидејќи направила неверојатен подвиг за нејзината возраст.Дороти изведе „тандем-скок“ (прикачен за инструктор) од височина од 4.100 метри, а сега се очекува Гинисовата книга на рекорди да го потврди нејзиното достигнување. Во тој случај ќе го собори рекордот на Рут Лина Ингегард Ларсон (103) од Шведска.Дороти го направила својот прв скок со падобран кога имала 100 години. Тогаш, како што вели, морале да ја „исфрлат од авионот“, а во неделата на 1 октомври со...
