Автор: инфодеск
Views: 86 На 28.07.2025 во 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 32 годишно лице од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 51 годишно лице од с.Лескоец, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „пежо“, 62 и 30 годишно лице од с.Лескоец, охридско, додека со телесни повреди двајцата возачи, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. По...
ЈП Охридски Комуналец: Реализирана акција за генерално чистење и миење на охридската чаршија
Views: 71 Од ЈП ОХридски Комуналец информираат дека денес беше реализирана акција за генерално чистење и миење на охридската чаршија.Во нивното соопштение додаваат дека беше извршено темелно рачно чистење од тврдокорни наслаги и нечистотии со употреба на специјално средство за отстранување на истите, а потоа се реализира и машинско миење на чаршијата.-Одржувањето на хигиената на најфреквентната пешачка зона во градот е од највисок приоритет за оперативните служби, велат од Охридски Комуналец.
„Мозаична мапа на градот Охрид и Лихнид“ поставена кај „Долна порта“ од охридскиот мозаичар Никола Упевче
Views: 120 Во пресрет на големиот празник Илинден, охридскиот мозаичар и конзерватор Никола Упевче ја постави „Мозаична мапа на градот Охрид и Лихнид“, на плоштадот кај „Долна Порта“.Никола Упевче е академски сликар, конзерватор и реставратор, а се изразува во сликарската техника мозаик. Првиот мозаик, наречен „Желка“, Упевче го изработил во 1999 година. Покрај тоа што изработува мозаици, исто така е посветен и на реставрација на истите. Автор е на сводниот мозаик поставен над јужниот влез во олтарот од црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско изработен исклучиво со...
Светиот свештеномаченик Атиноген, епископ Севастиски во Ерменија
Views: 68 Живееше во еден манастир близу градот со десетмина ученици. Во времето на Диоклецијан во Севастија дојде Филомарх, лут мачител на христијаните. Испофаќа и уби мнозина христијани од градот. Кога Филомарх ги виде Атиноген и неговите ученици, му рече на старецот да им принесат жртви на идолите за да не загинат како што пострадаа другите христијани. Атиноген му одговори: „О мачителу, тие што ги нарекуваш загинати не се загинати, туку на небото ликуваат со ангелите.“ Се памети трогателна глетка со една срна, којашто порано се хранеше од рацете на Атиноген, кога го виде во неволја,...
Променливо облачно и посвежо време
Views: 70 Променливо облачно и посвежо, претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.Во Охрид минималните температури од 16, а максималните до 29 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека до четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен...
Опожарена сува трева и житни култури во Горно Лакочереј
Views: 72 ТППЕ Охрид денеска интервенираше во селото Горно Лакочереј, каде беше опожарена сува трева и житни култури.– Апел до жителите да не вршат потпалувања на стрништа, капини, сува трева. Палењето е строго забрането и казниво по закон, порачуваат од охридската противпожарна територијална единица.Испраќаат апел и до надлежните институции соодветно да ги санкционираат сторителите кои предизвикуваат општа опасност.
Низа манифестации во Охрид по повод 2 август – Денот на Републиката
Views: 142 Општина Охрид со свечена програма ќе го одбележи 2 август – Денот на Републиката. Настаните се и во чест на трите големи јубилеи – 120 години од смртта на Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Кирил Прличев и 150 години од раѓањето на Методија Патчев.Чествувањата започнуваат четврток, 31 јули, во 19:30 часот во Лапидариумот кај Спомен куќата на Робевци со изложбата „Македонија во светот на хералдиката“. Предвидени се обраќања на претставник од Општина Охрид, Иван Нацевски, потпретседател на Македонско грбословно друштво, академик Љупчо Коцарев, Ставре Џиков,...
Од вечерва поевтинуваат горивата
Views: 65 Регулаторната комисија за енергетика сооптши дека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалуваат за 1,00 денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува за половина денар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,746 ден/кг.Новите цени се следните:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)...









