Skip to main content

Автор: инфодеск

Мицкоски: Го разбирам повикот за бојкот на маркетите, како чин на граѓански отпор против монополското однесување и општествената неодговорност на поединечни трговци

Post Views: 9 Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната средба со Комисијата за заштита на конкуренцијата, Министерот за економија, Заменик министерот за економија и Директорот на пазарната инспекција најави засилени контроли кај трговците со цел да спречат какви било злоупотреби од нивна страна, сметајќи ги енормните цени кои ги плаќаат граѓаните како напад врз сопствената држава, граѓаните и заедничкиот интегритет.-Во духот на солидарноста, го разбирам повикот за бојкот на маркетите, како чин на граѓански отпор против монополското однесување и општествената неодговорност...

Продолжи со читање

Ева Ивановска од Делчево е автор на најдобрата беседа за 2025 година

Post Views: 16 Од Н.У Библиотека Григор Прличев информираат дека младата средношколка Ева Ивановска од Делчево е добитничка на престижната награда за најдобра беседа за 2025 година на Конкурсот за најдобра беседа на НУ „Григор Прличев“ од Охрид, годинава под наслов „Чувај се себеси“.Ева е ученичка во четврти клас во гимназијата „Методи Митевски – Брицо“.Наградата за најдобра беседа во вредност од 9000 денари и статуетка со ликот на Прличев на Ивановска  ќе и’ биде бидат врачени на 6 февруари на манифестацијата „Прличеви беседи“ во организација на НУ Библиотека „Григор...

Продолжи со читање

Излезе од печат 126. книга на академик д-р Миле Д. Миќуновиќ – „Што сторивме со спомениците и историјата?“

Post Views: 16 Излезе од печат 126-тата книга на академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Што сторивме со спомениците и историјата?, а во издание на Н.У Библиотека Григор Прличев. Во книгата се опишани 130 спомен – обележја во Охрид и Охридско, од кои 19 повеќе не постојат; 60 се запоставени и искршени; 8 се возобновени; 4 се преместени и 39 се одржуваат.-Нема поголема темнина од заборавањето. А со тоа и негирањето на постоењето. Затоа ни требаат спомениците. Како опомена и светилници за сите вградени животи во темелите на ова што сме денес. За да можеме и повеќе и подобро, за да...

Продолжи со читање

Уапсен 52 годишен охриѓанец пријавен за напад врз малолетничка

Post Views: 14 На 28.01.2025 во 20.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 52 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнал, а потоа допирал по телото малолетничка од Охрид, информира портпаролот на секторот, Стефан Димоски.По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер

Post Views: 13 Градоначалникот Кирил Пецаков вчера оствари средба со амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Мартин Памер.Амбасадорот беше придружуван од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на Покраинската противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија.На средбата на која присуствуваа и претставници на Противпожарната единица од Охрид се разговараше за можноста за воспоставување на соработка, во делот на противпожарната заштита. Особено беше потенцирана потребата...

Продолжи со читање

Известување за корисниците на финансиски средства  од Програмата за култура за 2025 година

Post Views: 16 Се известуваат сите корисници на финансиски средства  од Програмата за култура за 2025 година  бр.08-15415/10  од 25.12.2025 година (Сл. Гласник бр 14) од  26.12.2024 година   чии  проекти, програми и активности се составен дел од Програмата за култура за 2025 година дека потпишувањето на Договорите  за учество во финансирање на проекти, програми и активности од областа на културата, ќе се врши во периодот од 03.02.2025 година (понеделник), најдоцна до 20.02.2025 година, во канцеларијата на Одделението за култура, втор...

Продолжи со читање

Поклонение на чесните вериги на апостол Петар

Post Views: 15 Овој ден се споменува заради веригите во коишто свети Петар беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол, толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Јерусалимскиот патријарх, свети Јувеналиј, овие вериги ѝ ги даде на царицата Евдокија, прогонетата жена на царот Теодосиј Помладиот, а таа ги преполови и едната половина ѝ ја испрати на...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно време

Post Views: 10 Променливо облачно, претпладне по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд поинтензивни во западните делови, а претежно во југозападните делови со услови за краткотрајни грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 7 до 12 степени Целзиусови.Утре и во текот на ноќта кон четврток особено во западните делови ќе има врнежи од дожд кои најпрвин во западните делови ќе бидат наместа поројни. Во четврток наместа и претежно на југот и југоистокот ќе има...

Продолжи со читање