Skip to main content

Автор: инфодеск

Вевчани низ сатира ја пренесува критиката

Post Views: 241 Вековниот карневал во Вевчани и годинава ќе биде традиционален медиум и општествен коректор, надополнет со забава. Познатото дефиле на маски низ улиците на Вевчани започнува на 13 јануари придружено со игри и песни, а зетот и невестата празнично ја посетуваат секоја куќа во Вевчани и завршува во вечерните часови со полнење вода од Вевчанските извори. Дефилето со несмалено темпо продолжува во раните утрински часови на 14 јануари посетувајќи го домот на секој човек со име Васил. Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските кои се...

Продолжи со читање

Мајка фрлала со тврди предмети кон својот син

Post Views: 225 На 08.01.2023 во 19:30 часот, во СВР Охрид 45-годишен жител на Охрид пријавил дека околу 16 часот во семејниот дом, по кратка расправија, неговата мајка Л.Б.(67) фрлала тврди предмети кон него и му нанела повреди.Л.Б. била повикана во полициска станица и со неа бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Трошоците на живот во 2022 се зголемиле за 14,2 отсто

Post Views: 205 Трошоците на животот во 2022 година, во однос на 2021, забележале пораст од 14.2 %, а цените на мало од 12.6 %, соопшти денеска Државниот завод за статистика.Во декември 2022, пак, во споредба со претходниот месец, трошоците на животот се намалиле за 0.2, а цените на мало се зголемиле за 0.7%.Движењето на индексот на трошоците на животот во 2022 година, беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 20.9 %, Транспорт за 19.5 %, Ресторани и хотели за 15.5 %, Домување, вода, електрика,...

Продолжи со читање

Почина актерката Катерина Крстева, позната како Мара Попара

Post Views: 193 Македонскиот народен театар со огромно жалење ја споделува веста за смртта на актерката Катерина Крстева (1938 – 2023), дамата на македонското актерство – популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“.Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година...

Продолжи со читање

Се поплочуваат краци од улици во Пештани

Post Views: 177 Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат во Пештани на поплочување на краци од улица.Поплочувањето се направи со бекатон плочи и опфати површина од 80 м2 – информира градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Екипи на Водовод отстранија дефекти на повеќе улици

Post Views: 193 Екипите на ЈП „ВОДОВОД“ Охрид, во периодот од 2-ри до 8-ми јануари, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.Отстранети беа дефекти во нас. Рача и на улиците „Марко Цепенков“, „15-ти Корпус“ (2 дефекти, „Мите Богоески“, „Абас Емин“, Стив Наумов“ бр.37, „Гоце Делчев“.

Продолжи со читање

Доаѓа студен бран и врнежи од снег

Post Views: 435 Попладнево најпрвин во западните, а во текот на ноќва и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка. Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (локално над 20 л/м2). Од утре попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места со послаб интензитет.Утре и во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени слаби локални врнежи претежно од снег.

Продолжи со читање

Следната недела уште еден неработен ден

Post Views: 212 Овој месец за православните граѓани неработен ден е и 19 јануари (четврток) кога се слави Богојавление – Водици.Според календарот за неработни ненови на МТСП за припадните на српската заедница неработен ден е 27 јануари кога се слави Свети Сава. 

Продолжи со читање

Дружење со старите лица во Геријатрија

Post Views: 595 Женски Центар ,,Бисера” од Охрид  и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”, координиран од Црвениот крст на Република Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст, одржа уште една активност.Членки на Женски Центар ,,Бисера”, за Божик го посетија Геријатриското одделение при Општа Болница Охрид и поминаа пријатни моменти со штитениците...

Продолжи со читање

Тепачка во казино во Струга

Post Views: 483 На 07.01.2023 околу 01:20 часот било пријавено дека во казино во објект од хотел во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Ф.И.(55) од Струга, од една страна, и М.Д.(22) од с.Горно Косоврасти, дебарско, Ј.Д.(31) од с.Џепиште, дебарско и С.Р.(37) од Струга, од друга страна.По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Продолжи со читање

Утре дожд, од вторник попладне снег

Post Views: 204 Во попладневните часови во текот на утрешниот ден, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта и во останатите делови на земјата се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вторник, снегот ќе се прошири и во некои од пониските места. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.Утре претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи...

Продолжи со читање

Собор на Пресвета Богородица

Втор ден Божик

Post Views: 233 Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица. Најмудра пракса. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Нејзе, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест....

Продолжи со читање