Автор: инфодеск
Post Views: 134 Во пресрет на еден од најголемите христијански празници Богојавление – Водици, екипи на охридските јавни претпријатија денес работеа на терен за целосно чистење на пристаништето.– Спустот во езерските води, од каде што традиционално влегуваат капачите, е исчистен од наноси на камења, песок и отпад. Целта е да се обезбеди безбеден и непречен пристап за сите оние кои годинава ќе бидат дел од празничната манифестација и ќе се обидат да го фатат светиот крст, стои во објавата на градоначалникот Кирил Пецаков на Фејсбук.Централните празнувања се во...
Откриени 166 нелегални поштенски пратки: Кривична пријава за фирма што незаконски вршела меѓународни поштенски услуги и криумчарела стока
Post Views: 144 Царинските инспектори од Одделението за истраги, во заедничка и координирана акција со МВР, Управата за јавни приходи, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, спроведоа претрес во компанија за која било утврдено дека незаконски извршувала меѓународни поштенски услуги и се занимавала со криумчарење стока. При контролата биле откриени 166 поштенски пратки исполнети со различни производи, чија вкупна вредност изнесува приближно 240.000 денари. Целокупната пронајдена стока е одземена, а против едно правно и едно физичко лице е поднесена кривична пријава...
Во понеделник ќе се одржи традиционалната крводарителска акција „Водици 2026“
Post Views: 128 Од Црвен крст Охрид информираат дека во понеделни ќе се одржи традиционалната крводарителска акција „Водици 2026“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“. Акцијата ќе се реализира во период од 9 до 15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.-Ги покануваме нашите сограѓани и гости да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци, велат од Црвен крст Охрид.
Свети Силвестер, eпископ Римски
Post Views: 129 Роден е во Рим. Светската мудрост и верата во Христа ги прими во младоста. Секогаш живееше според евангелските заповеди. Многу се ползуваше од поуките на свештеникот Тимотеј, на чие погубување заради верата и самиот присуствуваше, па гледајќи го примерот на својот храбар и пожртвуван учител се задои со тој дух за цел живот. Во триесеттата година од животот стана епископ Римски.Ги поправаше обичаите на христијаните. Така, на пример, го укина постот секоја сабота, како што дотогаш се држеше кај некои христијани, и одреди да се пости само на Велика Сабота, како...
Денес и утре сончево, од сабота повторно облачно
Post Views: 100 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.Минималните температури од 0, а максималните до 9 степени Целзиусови.Утре ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата се подготвуваат
Post Views: 160 Управата за јавни приходи (УЈП) преку соопштение потврдува дека не се укинува мерката „Мој ДДВ“, а потврдија и дека се обезбедени пари и во буџетот за оваа година.– Мерката се спроведува континуирано, а сите граѓани може да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите права во согласност со законските одредби, велат од УЈП.Дека не се укинува мерката „Мој ДДВ“, дополнуваат од УЈП, во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ „Телма“ објасни и директорката на УЈП, Елена Петрова, која посочи дека за 2025 година, за секое тримесечје, преку мерката се...
Со последното Василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
Post Views: 147Карневалската приказна привлече голем број посетители, а од уникатните обреди беа фасцинирани и членовите на Светската карневалска асоцијација.-Овој карневал е еден од најстарите во Европа, фантастична традиција – да се види како еден мал град прави толку голем карневал во срцата на луѓето. Секој карневал мора да биде уникатен, вели Ларс Аргел, претседател на Светската асоцијација на карневали.Општина Вевчани планира изградба на Музеј на Вевчанскиот карневал – простор каде што посетителите ќе можат да се запознаат со богатата и вековна...
Василичарски појадок во Општина Охрид
Post Views: 117 Елена Ѓеорѓиевска Јовеска, Елизабета Андреска и Васко Ристески годинава се најсреќните меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ги најдоа паричките на заедничкиот појадок што по повод празникот Василица по традиција се одржува во институцијата.Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески.Градоначалникот Кирил Пецаков ги дарува новите кумови, со желба годината да им биде здрава, среќна и бериќетна.
Скопјанец кривично пријавен за неовластена трговија со дрога во Охрид
Post Views: 118 СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.04.2025 на паркинг простор на хотел во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршиле преглед во патничко возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот, а во кое имало уште три лица, при што пронашле и...
Мицкоски, Ахмети, Касами и Апасиев денес на лидерска средба
Post Views: 121 На иницијатива на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Клубот на пратениците треба да се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието, на која, како што е најавено, ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.Од опозициските пратенички групи, потврда за учество има од лидерите на Левица и на...
Во петок премиера на филмот „Начинот на Чипан“
Post Views: 142 Во петок, на 16 јануари 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во големиот амфитеатар на Универзитетот за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ќе биде прикажан филмот „Начинот на Чипан“, дело на режисерот Антонио Вељаноски.– Документарецот го доловува ликот и делото на Борис Чипан, преку едно од првите модернистички објекти во Охрид, одморалиштето на Феријалниот сојуз „Младост“. Низ процесот што колективот Архрид го помина во подготовката и реализацијата на изложбата и јавните дискусии од 3 мај 2025 година, филмот отвора нова перспектива за...
Денеска е Обрезание Господово и Св. Василиј Велики
Post Views: 122 Свети Василиј Велики (грчки:Βασίλειος ὁ Μέγας) е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 13 јануари, а католичката црква на 2 јануари.Свети Василиј Велики е еден од најголемите светци на христијанството. Роден е во 330 година во Неокесарија, во Понт, од...
