Автор: инфодеск
Views: 160 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“.Според пријавата, лицето било вработено во Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи Струга, на работно место советник и овластен потписник на акти.Како што соопштува СВР Охрид, во текот на 2022, 2023 и 2024 година, злоупотребувајќи ја својата положба и овластување, изработувало лажни решенија за приватизација...
Лице лишено од слобода поради агресивно однесување и закани во Велгошти
Views: 206 На 20 септември 2026 година, околу 19:45 часот, во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 34-годишно лице.Според информациите од полицијата, лицето било приведено по претходна пријава дека агресивно се однесувало и упатувало закани кон 30-годишен жител на селото.По целосното документирање на случајот, од СВР Охрид најавуваат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.
Утре во Охрид ќе биде Ден без автомобили
Views: 161 Утре 22.09.2026 година, општина Охрид го прогласува за Ден без автомобили, а по повод Европската недела на мобилност што се одбележува од 21 до 27 септември. Годинашна тема на настанот е „Меѓугенерациска правичност“.За таа цел Локалната самоуправа во соработка со СВР Охрид организира велосипедско дефиле кое ќе се одвива по градските сообраќајници. Во периодот од 11 до 13 часот велосипедското дефиле ќе започне од Кеј „Македонија“ пред хотел Палас и ќе се движи од Кеј „Македонија“ продолжувајќи по ул. „АСНОМ“ се до пресекот со ул. „Партизанска“....
На 26 и 27 септември првото издание на „Ohrid Outdoor Festival“
Views: 412 Охрид викендов ќе биде домаќин на првото издание на „Ohrid Outdoor Festival 2026“, настан посветен на спортот, природата, авантурата и активниот начин на живот.Фестивалот ќе се одржи на 26 и 27 септември, во Скејт парк Охрид, во периодот од 10 до 19 часот.Првиот ден, сабота (26 септември), е насловен „Discover / Истражи“ и ќе започне со официјално отворање во 10 часот. Посетителите ќе имаат можност да го разгледаат изложбениот и интерактивниот простор, каде што ќе бидат претставени клубови и организации од областа на outdoor активностите, поделени во три сегменти –...
Општина Охрид вработува на неопределено време одговорен на возен парк, плата 36.000 ден
Views: 210 Општина Охрид објави јавен оглас за вработување на едно лице на неопределено време на работното место „Одговорен на возен парк“ (УПР 04 03 А01 001).За позицијата е потребно кандидатите да имаат најмалку завршено средно образование, како и положен возачки испит за Б или Ц категорија. Работно искуство во струката не е задолжително.Работното време е 40 часа неделно, а предвидената основна нето плата изнесува 36.000 денари.Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за вработување во јавниот сектор, а при пријавувањето потребно е да достават CV, доказ за...
Јавна анкета и презентација за измените на ДУП за дел од блок 8.1 во Охрид
Views: 188 Општина Охрид организира јавна анкета и јавна презентација за Предлог-планот за изменување и дополнување на ДУП за УЗ 8, дел од блок 8.1 – опфат 1, КО Охрид 2, Општина Охрид, за планскиот период 2017–2030 година.Јавната анкета ќе трае од 24 септември до 9 октомври 2026 година, додека јавната презентација ќе се одржи на 7 октомври, со почеток во 12 часот, во големата сала на Општина Охрид.Граѓаните, правните и физичките лица ќе имаат можност да извршат увид во планот преку електронскиот систем е-урбанизам, како и да достават свои забелешки и предлози во писмена и...
Јавна презентација и расправа по Извештај за влијанието на животната средина за измена на ГУП и изработка на ДУП за УЗ 12, УБ 12.2-опфат 1
Views: 128 Општина Охрид организира Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Измена и дополнување на ГУП за УЗ 12 УБ 12.2 и изработка на Детален урбанистички план за урбана заедница 12, урбан блок 12.2-опфат 1, во обединета постапка, Општина ОхридИзвештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата во Општина Охрид секој работен ден од 7:30 – 15:30 часот почнувајќи од 18.09.2026...
Денес се одбележува големиот христијански празник „Рождество на Пресвета Богородица“
Views: 117 Во манастирот „Света Богородица“ кој се наоѓа во струшкото село Калишта, денес се одбележува големиот христијански празник „Рождество на Пресвета Богородица“.Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. Манастирскиот комплекс Св. Богородица кај струшкото село Калиште е резиденцијален на...









