Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес на градскиот плоштад и пристаништето ќе биде реализирана националната кампања „До вас, за вас“

Views: 105 Денес  во Охрид ќе биде реализирана националната кампања „До вас, за вас“ која има превентивен карактер и претставува форма за приближување на полицијата до граѓаните и е во рамките на концептот „Комјунити полисинг- Работа во заедницата“.Спроведувањето на предвидените активности, ќе се одвива во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев а според планираните мерки, ќе се спроведе заедничка вежбовна активност во која ќе учествуваат полициски службеници од СВР Охрид, граничната полиција регионален...

Продолжи со читање

Чудата на светиот Архангел Гавриил

Views: 106 Овој голем Божји Архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој Архангел во една ќелија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“. Заради овој настан таа ќелија и денес се нарекува ќелијата „Достојно ест“. Во оваа прилика се...

Продолжи со читање

Сончево и многу топло

Views: 104 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Од УХМР информираат дека утре и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а дневната температурата ќе биде во опаѓање.Во Охрид температурите од 19 до 36 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ДУП за УЗ 11

Views: 91 Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина ОхридО Р Г А Н И З И Р АЈавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за  ДУП за УЗ 11, УБ 11.4 опфат 2,...

Продолжи со читање

Љубомир Глигоров е првиот Македонец кој го изведе најдлабокото нуркање во Охридското езеро

Views: 209 Нуркање на максимална длабочина од 132 метри и во времетраење од 130 минути, е рекордот на првиот Македонец Љубомир Глигоров кој го изведе најдлабокото нуркање во Охридското езеро.-Никој на светот досега не креирал гас за големи длабочини, тоа е многу комплексна работа, учев и истражував со години, го усовршував миксот. Не можете да нурнете само со водород, морате да направите безбедна методологија за враќањето, со години ги правев пресметките. Ова достигнување е важно и од еден друг аспект. Хелиумот што се користи за нуркање е многу поскап од водородот. Водородот го имаме...

Продолжи со читање

Грчка вечер на „Охридско лето“ со пијанистката Данае Доркен

Views: 109 Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ оваа вечер ја има резервирано за солистичкиот концерт на германската пијанистка со грчко потекло Данае Доркен.Доркен е една од најбараните уметници на нејзината генерација, позната по нејзината неверојатна техника, фантастична сценичност и длабочина на музичката мисла.На само седумгодишна возраст, Данае Доркен веќе била поддржувана од познатиот Јехуди Мењухин и уште тогаш ги освојува симпатиите на публиката со „нејзиното уживање во интерпретирањето на музиката“. По студиите со Карл-Хајнц Кемерлинг и со познатиот солист...

Продолжи со читање

Расчистена нова дива депонија во Љубаништа

Views: 134 Од ЈП Охридски Комуналец информираа за нивната најнова интервенција во с. Љубаништа, каде е расчистена нова дива депонија.-Подигнати се 52 м3 непрописно одложен отпад: кабаст отпад, градежен шут и др. вид отпад. Повторно остро реагираме на ваквото масовно одлагање отпад на јавни површини и формирање диви депонии кои ја загрозуваат животната средина, се вели во нивното соопштение.

Продолжи со читање

Утре ќе се одржи 4. издание на „Вкуси го Охрид локално“

Views: 112 Утре, 26 јули (сабота), со почеток од 19:00 часот на плоштадот Долна Порта, ќе се одржи 4. издание на манифестацијата „Вкуси го Охрид локално“.Организаторите информираат дека настанот, кој прерасна во препознатлива платформа за афирмација на локалните производи и традиционалната гастрономија, ќе понуди автентично искуство за сите сетила: од дегустација на домашни специјалитети, изложба на занаетчиски производи, до настапи на културно-уметнички друштва.Во нивното соопштение додаваат дека граѓаните и туристите ќе имаат можност да запознаат производители од цела Македонија...

Продолжи со читање