Skip to main content

Автор: инфодеск

Никола Кукунеш е нов в. д. директор на Струшките вечери на поезијата

Views: 186 Никола Кукунеш e нов в.д. директор на Националната установа „Струшки вечери на поезијата“. Кукунеш на функцијата доаѓа на местото на Цветанка Маркоска, чиј мандат како в.д. директор престана со решение на Министерството за култура и туризам од 15 јули 2025 година. Тој е и советник во Советот на Општина Струга од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Фестивалот ќе се одржи од 21 до 24 август, а ќе присуствуваат 26 странски поети. Годинашен лауреат на Златниот венец на СВП е словачкиот поет Иван Штрпка.

Продолжи со читање

Денеска се прославува и иконата на Пресвета Богордица – Троеручица

Views: 91 Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на свети Јован Дамаскин, кој живееше во VIII век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава – Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот. Кога во соседното христијанско Источно римско царство се појави ереста на иконоборството, тогаш светиот Јован Дамаскин се покажа ревносен заштитник на светите икони. Заради тоа, безбожниот иконоборен цар Лав III Исавријанец го наклевети Јована пред Калифот за божемно ковање завера против калифот, заради што на Јован како казна му...

Продолжи со читање

Денес и утре нѐ очекуваат рекордно високи температури, од недела заладување

Views: 85 Денес времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.Утре, пак, ќе се задржи многу топло време со температура која во Македонија наместа ќе достигне и 43°C. Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 18 до 37 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков оствари средба со италијанскиот амбасадор Н.Е. Паоло Палминтери

Views: 67 Протоколарна средба остварија, денес, градоначалникот Кирил Пецаков и Амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери.Соговорниците на средбата разговараа за унапредување на меѓусебната соработка со можност за остварување директна соработка помеѓу општина Охрид и градови од Италија со кои Охрид има слични карактеристики.Исто така се разговараше и за соработки во други области како образование, туризам , култура. Градоначалникот го запозна Амбасадорот со тековните проекти кои се реализираат во Охрид, како и за планираните активности кои ќе се реализираат во иднина....

Продолжи со читање

Ќе се осветува храмот посветен на Св. Атанасиј Александриски во Горно Лакочереј

Views: 88 Црковниот одбор од с. Горно Лакочереј на ден 03.08.2025 од 08:00 часот ги поканува сите верници на осветувањето на храмот посветен на Св. Атанасиј Александриски.Во нивното соопштение додаваат дека осветувањето ќе го изврши Неговото Високо преосвештенство митрополит, Дебарско Кичевски Г. Георгиј заедно со свештенството на епархијата.

Продолжи со читање

Италијанска вечер на „Охридско лето“ со Филхармоника Болоња

Views: 103 Програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ повторно се враќа на музиката, овојпат со италијанската вечер и концертот на Филхаромонискиот оркестар на театарот во Болоња.Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња е основан во 2008 година од дел од музичарите на оперскиот оркестар. Нивната мисија е да ја промовираат класичната музика во Болоња, притоа гарантирајќи неприкосновен уметнички квалитет. Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња и истиот ваков оркестар кој дејствува во рамките на Миланската „Скала“, се единствени два ансамбли во Италија од овој...

Продолжи со читање

Прекин вода

Дефект на водоводната мрежа и во населбата Бејбунар

Views: 61 Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 09:30 до 13:00 часот без вода ќе бидат корисниците на дел од новиот комплекс згради во населбата Бејбунар односно на дел од улиците: „АСНОМ“, „Јордан Мијалков“ и Бул.„Туристичка“ .

Продолжи со читање

Суд

Бојан Мартиноски е нов претседател на Основен суд Охрид

Views: 170 Судскиот совет на Република Северна Македонија на вчерашната 526-та седница одлучи дека за претседател на Основен суд Охрид е избран Бојан Мартиноски, судија на Основен суд Охрид, кој досега ја обавуваше функцијата в.д претседател на Основен суд Охрид.

Продолжи со читање