Skip to main content

Автор: инфодеск

Финансиска поддршка за граѓанска организација која координира центар за згрижување деца со атипичен развој

Post Views: 178 Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува финансиски да поддржи граѓанска организација која работи на територијата на општина Охрид и координира Центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој и аутистичен спектар. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на семејства од социјален ризик и теба да овозможуваат намалување на трошоците на овие семејства кон Центарот. Вкупната финансиска поддршка за оваа намена изнесува 432.000,00 денариУслови кои организациите треба да ги исполнуваат:–...

Продолжи со читање

Еднократна парична помош за лице згрижено во згрижувачко семејство

Post Views: 189 Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Предвидената финансиска поддршка изнесува 10.000,00 денари по згрижено дете.Услови кои лицата треба...

Продолжи со читање

Вевчани се подготвува за Вевчанскиот карневал

Post Views: 322 Вевчани се подготвува за Вевчански карневал – најпознатиот бренд на Македонија, што традиционално ќе се одржи на 12-ти, 13-ти и 14 Јануари. Музичката програма за овогодинешното издание на Вевчанскиот карневал полека, но сигурно се „крчка“.Се најавува богата културно-уметничка програма.Македонска музика и ЛЕГЕНДАРНИ музичари, почнуваме со објавување на дел од Артистите: Се надеваме дека сите вкусови ќе ги задоволиме. Легендите на македонскиот Рок енд Рол – Ласт Експедишн на 12-ти и Легендата на Македонската народна музика, кралот на тамбурашите Нино Величковски...

Продолжи со читање

Турски државјанин приведен на охридскиот аеродром

Post Views: 219 На 02.01.2022 во 13:00 часот на Граничниот премин Аеродром „Св. Апостол Павле” во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода Е.К.(36) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека хрватската патна исправа што ја приложил на увид била фалсификувана.Исто така, при преглед кај него биле пронајдени фалсификувани хрватска лична карта и хрватска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

ТАВ Македонија : Откажани 10 лета, пренасочени 3

Post Views: 184 Од 20 часот на 2-ри јануари до 9 часот наутро денеска на трети јануари 2023 година, авиокомпаниите откажаа 10 лета, а пренасочија 3 лета, поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, велат во соопштение од ТАВ Македонија.Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците.„За сите натамошни информации во врска стекнување на патничките права, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија, со чии услови и правила на користење се согласиле кога...

Продолжи со читање

Од полноќ поскапуваат горивата

Post Views: 182 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68 % во однос на одлуката од 26.12.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 5,153%, кај дизелот за 2,830%, кај екстра лесното масло за 3,424% и кај мазутот за 0,596%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,334%.Малопродажните...

Продолжи со читање

Новогодишниот викенд навестува враќање на туризмот на старите патеки

Post Views: 202 Туризмот се враќа на старите патеки. Ако Новогодишните празници се земат за репер може да се каже дека, до вчера Охрид беше преполн со туристи исто како пред пандемијата. Наликуваше како среде лето во шпицот на сезона.Според анализите на туристичките работници најбројни беа туристите од Србија, но имаше групи и од Бугарија, Хрватска, Албанија, Турција Романија и Израел.Убавото време, празничната атмосфера придонесоа за бројните туристи да уживаат во прошетките на брегот на Охридското езеро, но и да ги посетат културно историските споменици во градот.Се...

Продолжи со читање

И денеска доцнат летови на скопскиот аеродром

Post Views: 176 И покрај густата магла авиосообраќајот во Скопје полека се нормализира. Според веб страницата на скопскиот аеродром утрово полетаа шест авиони додека целосно откажан беше само летот од Шведска за Македонија, а со задоцнување од неколку часа треба да слетаат патниците од Истанбул. Поради густата магла вчера откажани беа 13 летови, а авионите наместо на скопскиот беа насочувани кон аеродромот во Приштина.

Продолжи со читање

Света маченичка Јулијана

Post Views: 384 Света маченичка Јулијана и шестотини и триесетте маченици со неа.Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабожци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијанија му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне таквиот висок чин. Но Елевсиј се потруди, па со ласкање...

Продолжи со читање

Неколку часа без вода улицата Гоце Делчев

Post Views: 199 Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев” ( пукната цевка со профил ф200 мм – салонит), настанат во раните утрински часови, денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев”, вклучувајки ги и сите споредни улици на потегот од крстосницата со улицата „Македонски Просветители” до крстосницата со улицата „Бистрица”.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до завршување на санацијата.

Продолжи со читање

Оптимистички најави за 2023 на полето на туризмот

Post Views: 187 Оваа година се очекува стабилизација на туристичкото стопанство, прогнозираат од АППТ. Новите авио линии ќе донесат повеќе туристи во земјава.Со авио линијата Охрид-Белград, која стартува од месец јуни се очекува да се удвои бројот на ноќевања на српските туристи, кој во текот на изминатата година беше зголемен за 40 проценти, но и да ја зајакне економската соработка помеѓу двете држави.Останатите линии не само сезонски туку и редовни ќе ја прошират понудата во текот на целата година.Фокусот повторно ќе биде на регионалните пазари кои треба да ги стабилизираме...

Продолжи со читање

Возило излетало од патот кај Оровник

Post Views: 231 На 02.01.2023 година во 02:15 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Оровник, патничко моторно возило „Голф” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(36) од селото Мешеишта, излетало од коловозот.Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот А.К., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.К.(32) од Мешеишта, кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св. Еразмо”. Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Охрид – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање