Skip to main content

Автор: инфодеск

Прекин вода

Прекин во водоснабдувањето на „Кеј Македонија“, „Партизанска“, „Славеј Планина“, „Димитар Влахов”, дел од Бул.„Туристичка“ и „Јане Сандански“

Views: 91 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 08:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ со сите споредни улици , „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“, дел од „Јане Сандански“, „ “Димитар Влахов” со сите споредни улици и долната зона од стариот дел на градот.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Спомен на чудото на великомаченичката Ефтимија со која се утврди Православието 

Views: 80 Оваа светителка се празнува на 11 септември, на денот кога пострада. На ова место пак се спомнува чудотворноста на нејзините чесни мошти, пројавена на IV Вселенски Собор во Халкидон. Овој Собор беше свикан во времето на царот Маркијан и царицата Пулхерија во 451 година, по смртта на царот Теодосиј Помладиот. Повод за свикување на Четвртиот Собор беше ереста на Диоскор, патријарх Александриски, и на Евтихиј, архимандрит Цариградски. Тие го распростираа лажното учење дека во Христа да немало две природи, човечката и Божествената, туку само една, Божествената. На овој Собор највидна...

Продолжи со читање

Времето денес сончево и многу топло

Views: 88 Во Охрид денес претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Температурите ќе се движат во интервал од 17 до 36 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека во петок и во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во опаѓање.

Продолжи со читање

Someone is playing a mobile slot machine game.

Забранети уште 42 нови нелегални онлајн игри на среќа

Views: 96Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека го потпиша третиот налог за забрана на нови 42 нелегални онлајн игри на среќа.–Вкупно 268 нелегални страници за онлајн игри на среќа затворивме досега! И не запираме, ќе продолжиме и понатаму. Ова е наше ветување кое станува реалност! Ова е борба против пандемија на нелегални приредувачи на игри на среќа кои крадат од нашите граѓани, од најмладите, од незаштитените. Затоа, повторно ги повикувам нашите сограѓани да ги повлечат средствата кои ги имаат депонирано на вакви страници за игри...

Продолжи со читање

Кривична пријава за вршење јавен превоз без лиценца за лице кое управувало импровизиран „воз“ на кеј „Македонија“

Views: 156  СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.– На 19-ти јуни 2025 година, полициските службеници констатирале дека тој на пешачка зона на кеј „Македонија“ неовластено управува импровизирано возило „воз“ со четири вагони во кои се превезувале повеќе малолетни лица, односно не поседувал извод од лиценца за конкретното импровизирано возило „воз“, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Прекин вода

Дефект на водоводната мрежа, прекин во водоснабдувањето на дел од улиците „АСНОМ“, „Јордан Мијалков“ и Бул.„Туристичка“

Views: 79 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 14:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од новиот комплекс згради во населбата Бејбунар односно на дел од улиците: „АСНОМ“, „Јордан Мијалков“ и Бул.„Туристичка“ .Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид – Центар за Безбедност на Вода повторно ги обезбедува трките со Суп даски

Views: 87 Од Црвен крст Охрид информираат дека нивниот Центар за Безбедност на Вода и оваа година активно учествуваше во обезбедување на трките со Суп даски.-На терен беа распоредени 3 мобилни екипи со спасителни чамци, кои постојано го следеа движењето на натпреварувачите и се грижеа за нивната сигурност и безбедност во вода. Безбедноста секогаш на прво место!, велат во нивното соопштение.

Продолжи со читање

Турскиот театар премиерно со театарската претстава „Амадеус“ вечерва на „Охридско лето“

Views: 126 Во рамки на драмскиот дел на „Охридско лето“ вечерва премиерно ќе биде изведена драмата „Амадеус“ на авторот Петер Шафер, режија на Андреј Цветановски, а во изведба на Националата установа „Турски театар“ од Скопје.Режисерот Цветановски за претставата вели дека талентот како категорија се оценува и проценува низ текот на историјата и претставува вредна особина на една личност. Иако тоа е категорија која е субјективна и лична, вистинскиот квалитет не може да се оспори, ако не веднаш, тогаш после времето на личноста која ги создава делата. Може да се каже дека талентот е...

Продолжи со читање