Автор: инфодеск
Views: 130 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, информира дека во тек се активности за асфалтирање и подготвителни активности за асфалтирање на неколку улици и краци од улици на територија на Општина Охрид.-На крак од улицата „Дејан Војвода“ во моментов се врши асфалтирање, додека на улицата „Александар Турунџев“ се одвиваат подготвителни активности за асфалтирање. За првата улица средствата се обезбедени директно од буџетот на Општин Охрид, додека за другата се обезбедени преку Светска банка. Продолжуваме со активности за подобра инфраструктура во Охрид, вели градоначалникот...
Полските уметници Лукаш Длугош на флејта и Анжеј Јунгиевич на пијано вечерва на „Охридско лето“
Views: 61 Фестивалската програма на 65. „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на полските уметници Лукаш Длугош и Анжеј Јунгиевич.Лукаш Длугош – флејтаЛукаш Длугош е најнаградуваниот флејтист во полската музичка историја. Списанието „Пицикато“ во оценката за неговиот албум „Приказни на флејтата“, издаден за Верго/Дојче Грамофон, го квалификува Длугош како „еден од најдобрите флејтисти во светот“.Длугош студира соло флејта на Високата школа за музика и театар во Минхен, а магистерските студии ги продолжува на Конзерваториумот во Париз, како и на Универзитетот...
Сашко Кедев со историски успех: стана првиот македонец кој ги искачи сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри
Views: 132 Познатиот македонски кардиолог и некогашен политичар, Сашко Кедев стигна до историски успех откако стана првиот Македонец кој ги освил сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри. Тој вчера го освои Гашербрум во Пакистан, врв висок 8080 метри.Достигнувањето на д-р Кедев го сместува меѓу најелитните алпинисти во светот. Тој сега ги искачил сите 14 осумилјадници: Еверест, К2, Канченџунга, Лхоце, Макалу, Чо Оју, Дхаулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II, а сега и Гашербрум I.Сите 14 врвови се наоѓаат на планинските масиви Хималаи и...
Нетфликс ја создаде првата серија со вештачка интелигенција
Views: 102 Аргентинската научнофантастична серија „Вечниот патник“ („The Eternaut“) е првата серија од продукцијата на Нетфликс која вклучува користење снимки создадени со помош на генеративна вештачка интелигенција.Еден од извршните директори на Нетфликс, Тед Сарандос, изјави дека во серијата која го прикажува преживувањето од брзи и разурнувачки токсични снежни врнежи, учествувале „Нетфликс“ и уметници за изработка на визуелни ефекти кои користеле вештачка интелигенција за прикажување на рушењето на зграда во Буенос Аирес.-Таа секвенца со визуелни ефекти беше завршена десет пати...
Светиот свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски
Views: 97 Овој Светител беше роден во Антиохија во времето кога Господ Исус одеше како човек меѓу луѓето на земјата. Штом слушнаа за чудата Христови, родителите на Панкратиј посакаа да Го видат чудотворецот Господ. И заедно со Панкратиј дојдоа во Јерусалим, каде што Го видоа Исус, ги слушнаа Неговите зборови и ги видоа чудата Негови. Панкратиј овде се запозна со светиот апостол Петар. По вознесението на Господ родителите и синот се крстија во Антиохија. Панкратиј се повлече во некоја пештера во Понт, кај што го најде апостолот Петар, па во договор со Светиот апостол Павле го постави за...
Претежно сончево и многу топло, максималните температури до 35 степени Целзиусови
Views: 86 Времето во Охрид денес претежно сончево и многу топо. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.Минималните температури од 18, а максималните до 35 степеи Целзиусови.Од УХМР информираат дека под влијание на топол бран од југ до сабота (26.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули.
Денес започнаа заедничките патроли на македонски и српски полициски службеници во Охрид
Views: 106 Од денеска во Охрид започнаа заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од македонското и српското Министерство за внатрешни работи.Патролите се реализираат врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона на двете Министерства според кој, предвидено е заеднички патроли да патролираат низ Охрид секојдневно во текот на сезоната од 20-ти јули до 31-ви август.– Целта на заедничките патроли не е само зголемување на степенот на размена на искуства помеѓу полициските службеници од двете министерства, туку...
Се одржа 59. седница на Советот на Општина Охрид
Views: 61 Градските советници, денес ја одржаа педесет и деветтата седница. На дневен ред имаше 16 точки, од кои повеќето беа од урбанистичката сфера, а се донесоа одлуки за формирање на паралелки со помалку од 20 ученици во основните училишта и во ОСУ „Св.Климент Охридски“.Со одлука на советниците, спортската сала беше предадена на трајно користење на ЈП „Билјанини извори“.









