Автор: инфодеск
Post Views: 11 Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2025 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува:ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕДНАКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЛИЦЕ КОЕ Е ЗГРИЖЕНО ВО ЗГРИЖУВАЧКО СЕМЕЈСТВО НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД.Повеќе информации на линкот.
Денес го празнуваме споменот на Свети Филип, митрополит Московски
Post Views: 12 Денес, 22 јануари, го празнуваме споменот на Свети Филип, митрополит Московски.Роден е на 11 февруари 1507 година. Еднаш, како млад, стоејќи в црква слушна како свештеникот чита од Евангелието: „Никој не може да им служи на двајца господари“, се уплаши од овие зборови како да му се обраќаат исклучиво нему, во тој миг се просветли и замина во Соловецкиот манастир, каде што после долготрајно и тешко искушеништво се замонаши. Со време стана игумен, заблеска како сонце, и целата руска земја слушна за него. Затоа, царот Иван Грозни и го доведе на испразнетото место...
Променливо облачно со сончеви периоди
Post Views: 8 Променливо облачно со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во југоисточните од северозападен правец.Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Локални слаби врнежи од дожд се очекуваат во петок, информираат од УХМР.Во Охрид денес температурите ќе се движат во интервал од 3 до 8 степени Целзиусови.
ССМ: Минималните трошоци од синдикалната кошница растат, платите треба да се зголемат за најмалку 20%
Post Views: 17 Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари изнесуваат 63 252 денари и се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот за храната и пијалоците, за 63 основни производи содржани во синдикалната минимална кошница се бележи зголемување од 123 денари. Ова го покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија објавени на прес конференција на тема дали новогодишната кошничка ги дала посакуваните ефекти.Загрижува податокот што за 12 месеци, односно од почетокот на минатата година досега минималните трошоци во делот на храната и...
Се распаѓа некогаш репрезентативниот Еврохотел во Струга
Post Views: 36 Руиниран апартманскиот комплекс на струшкото крајбрежје, познатиот „Еврохотел” се распаѓа. Новата управа на заедницата со низа обвинувања кон поранешниот управител. Велат, оставил нефункционален покрив од кој протекува во апартманите, распаднати заеднички простории полни со ѓубре, ограбени ресторани, шанкови и останати простории. Обвинуваат за комплетна негрижа за објектот.-Како оставштина ни остави да кажеме еден руиниран објект со еден куп проблеми. Од нефункционален кров од еден куп правни...
Законот за заштита на децата повторно на пленарна седница
Post Views: 16 Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата повторно се враќа во собраниска процедура во рамки на денешната 31.седница, откако претходно претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот за прогласување на Законот.Законот беше изгласан на 24 декември во рамки на 27-та пленарна седница, со обично и Бадинтерово мнозинство. Со непотпишувањето на Указот, законските измени се враќаат во Собранието, а доколку повторно бидат изгласани, претседателката ќе биде должна да го потпише Указот. Амандмани предложени од Левица бараат...
Љутков: Театрите ќе добиваат однапред делегиран буџет
Post Views: 25 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков најави дека ќе се промени начинот на финасирање на програмските активности на Центрите за култура и театрите во Македонија. Наместо како што беше досега, да добиваат финансии поединечно за претстава за која конкурирале по јавниот повик за програми на Министерството за култура, тие ќе добиваат одредена сума на средства, со кои тие ќе работат во текот на годината.„На тој начин и самите менаџери на институциите ќе носат многу поголема одговорност кон програмата. Дали ќе се формираат како уметнички Совет, дали ќе има...
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, снег на Буково, Ѓавато и Плетвар
Post Views: 8 Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет во утринските часови се бележат во Маврово и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150м. има на патните правци Скопје – Тетово и Велес – Катланово. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез...