Skip to main content

Автор: инфодеск

„Охридско лето“ со пијано-концерт и изложба на литвански уметници

Views: 64 Со настап на дуото „Зубовас“ и ликовна изложба на репродукции од Микалојус Константинас Чиурлионис (1875-1911)  вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе одржи на Литванската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Пијанистите Соната Девеикуте-Зубовиене и Рокас Зубовас започнуваат да настапуваат заедно во 1997 година. Обајцата се победници на меѓународни натпревари, а се образуваат на Литванската музичка академија, како и во Швајцарија (Институт „Хајнрих Нојхаус“, Цирих), и во САД (Универзитет „Де Пол“, Чикаго) каде студираат под менторство на Повилас...

Продолжи со читање

Во недела почнува манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца

Views: 76 Од 20 до 28 јули, годинава по 14 пат во Трпејца ќе се одржи културно – забавната манифестација „На зајдисонце“. Организаторот  Здржението „За Трпејца со љубов“, ветува интересна програма за туристите и домаќините.На денот на отворањето во недела од 20.30 часот по поздравниот говор на претставник  на Општина Охрид под чие покровителство се одржува манифестацијата Фото клубот „Охрид“ ќе ја претстави најновата продукција на фотографии насловена „Убавината на дофат“. Вечерта со својот настап музички ќе ја „обои“ познатиот саксофонист Горан Папаз. Во понеделник...

Продолжи со читање

Изгласани измените на Законот за возила со кои се олеснува процесот на регистрирање на возилата

Views: 129Пратениците вчера на продолжението на 59. седница без расправа со 64 гласа „за“ без воздржани и против го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка.Со законските измени се олеснува процесот на регистрирање на возилата, така што им се дава можност на станиците за технички преглед да даваат потврда за регистрирано возило, врз основа на претходно утврдени критериуми, која ќе се поистоветува со печатот во сообраќајната дозвола, како и тоа регистрацијата да се врши на цела територија на државата, а не како досега во близина на...

Продолжи со читање

Превентивно-едукативните кампањи на СВР Охрид: „Паркирај совесно“ и „Заштити се од кражби на плажа“

Views: 58 Во насока на подобрување на јавната безбедност и подигнување на свеста и совеста кај возачите за користење на обележани паркинг простори како и во насока на намалување на кражби на плажи, отсекот за превенција при СВР Охрид, ги спроведува превентивно-едукативните кампањи „Паркирај совесно“ и „Заштити се од кражби на плажа“.-Притоа, полициски службеници вршеа обиколка низ паркинг просторите во градот како и кон плажите при што, остварија кратки контакти со граѓаните посочувајќи им ја неопходноста од исклучиво користење означени паркинг места и непаркирање на улици и тротоари...

Продолжи со читање

Пештани

Извадена граната од водите на Охридското езеро кај Пештани

Views: 115 На 16.07.2025 во 17.09 часот во СВР Охрид е пријавено дека на плажа во охридското село Пештани, од водите на Охридското езеро била извадена граната. Полициски службеници извршија обезбедување на локацијата, по што граната безбедно е подигната за понатамошна постапка.

Продолжи со читање

Преподобен Атанасиј Атонски

Views: 58 Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, а по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за игумен. Како некое претскажување… Кога заврши со училиштето Атанасиј (до постригот Аврамиј) се оддалечи во Малеинската пустина, близу Света Гора, каде што се подвизуваше како ученик на прочуениот Михаил Малеин. Желен за потесен подвиг, се пресели на Света Гора...

Продолжи со читање

Сончево и малку посвежо

Views: 54 Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Во Охрид денес температурите од 14 до 29 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Продолжен јавниот повик за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари

Views: 59 Општина Охрид ги известува граѓаните дека Јавниот повик за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина се пролонгира до 23.07.2025 година. Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање