Автор: инфодеск
Post Views: 197 Градоначалникот Кирил Пецаков вчера направи увид на новите инвестициски активности во ОСУ „Свети Климент Охридски“ кои се финансирани од буџетот на Општина Охрид. Се изведуваат градежни зафати за реконструкција на училишните тоалети, а се работи и на адаптација на неколку простории во поткровниот дел на објектот, кои ќе бидат наменети за кабинетска настава. Во текот на 2022 година за градежно-реконструктивните зафати во објектот на гимназијата се вложени 2,5 милиони денари.Исто така, набавен е училишен инвентар по сите најсовремени стандарди. Се работи...
СДСМ Охрид : Во време на ДПМНЕ СРЦ Билјанини извори беше 6 месеци без струја поради неплатени долгови
Post Views: 218 „Се обраќаме до целата јавност и до медиумите во врска со искажаните невистини вчера на седницата на Советот на општина Охрид, а во врска со работењето на ЈП „Билјанини Извори“ и наводното неплаќање на ДДВ од страна на претходната директорка Гордана Јованоска, реагираат преку соопштение од СДСМ Охрид.Во продолжение ви го пренесуваме соопштението во целост:„Претседателот на Советот, Сашо Донев, вчера од говорницата кажа дека во период од четири години поточно во периодот 2017 – 2021 година кога на раководна позиција на Јавното претпријатие беше Гордана...
Расчистена дивата депонија во Даљан
Post Views: 188 Расчистена дивата депонија во населба Даљан за која пред три дена реагираа граѓани и екологисти.Повторно нашите екипи расчистуваа дива депонија од градежен шут создадена од несовесни граѓани во населба Даљан, во близина на крајбрежниот појас. Во повеќе наврати е интервенирано на истата локација, но грдите слики се повторно дел од нашето секојдневие – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.Оттаму посочуваат дека интервенирано е по реакција на невладина организација со која претпријатието има потпишано меморандум за соработка во полето на заштита на природата...
Градоначалникот Пецаков на средба со Лео Нелоски
Post Views: 249 Денеска во својот кабинет градоначалникот Кирил Пецаков, оствари средба со охриѓанецот Лео Нелоски, ученик во деветто одделение во ОУ „Григор Прличев“.Младиот Лео е прогласен за Државен првак по математика за 2022 година, додека, на Јуниорската Математичка Македонска Олимпијада која се одржа во Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде учествуваа математички најталентираните деца во Македонија, го освои сребрениот медал.Соговорниците разговараа за успесите кои ги постигнува и тоа не само по математика, туку и во другите области каде на натпреварите...
Приведен жител на Горно Лакочереј
Post Views: 316 На 22.12.2022 година во СВР Охрид лишен од слобода е А.И.(25) од охридското село Горно Лакочереј.При контрола на возило „Опел”, со кое тој се превезувал, извршена на локален пат во селото, полициските службеници пронашле и одзеле ловечка пушка, која ја поседувал без соодветна дозвола. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Тепачка во казино на ул. Партизанска во Охрид
Post Views: 310 На 22.12.2022 година во 22:05 часот во СВР Охрид пријавено е дека во казино лоцирано на улицата „Партизанска” во Охрид, А.Ф. физички го нападнал Б.З.(42), двајцата од Охрид.По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Во вторник започнува исплатата на декемвриските пензии
Post Views: 157 На вчерашната седница, Владата усвои информација за исплата на пензиите за месец декември 2022 година и го задолжи Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.12.2022 година.Се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со декемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.12.2022 година.Деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите...
Јаневски : Во 2022 год повеќе од 2,8 милиони ноќевања
Post Views: 183 Со веќе остварените 2,6 милиони ноќевања во првите 10 месеци од годинава, туристичкиот сектор успеа да ја постигне поставената цел за 2022 година, а до крајот на годинава се очекува да има повеќе од 2,8 милиони ноќевања, информира директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.– Во првите три квартали од 2022 година девизниот прилив од туристички промет е 376,48 милиони долари, што е за 25 отсто повеќе од истиот период во 2019 година. Се очекува вкупниот туристички промет за 2022 година да изнесува 430 милиони долари, рече...
Се уредува центарот на Белчишта
Post Views: 419 Вчера и денес екипата за Јавни работи при Општина Дебрца изврши чистење на речното корито и кастрење на вегетација во центарот на Белчишта.Етапно продолжуваме и во останатите населени места – вели градоначалникот Зоран Ногачески.
Над 100 лица од Охрид добија топол оброк во своите домови
Post Views: 176 Преку 100 лица, во социјален ризик, стари, осамени, лица со хендикеп, добија вкусен оброк во своите домови, приготвен од учениците и професорите на средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, а доставен од страна на тимовите за логистика на Црвен крст Охрид и ученици од училиштето.Со тоа беше реализирана хуманитарната акција на Црвен крст Охрид и РЦСОО „Ванчо Питошески“ за обезбедување на предновогодишни топли оброци за социјално загрозени семејства во Охрид.Хуманитарната акција ја поддржа и во неа се вклучи и Факултетот за туризам и угостителство...
Новогодишен концерт на ТАНЕЦ вечерва во НОБ
Post Views: 204 Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ вечерва со почеток во 20 часот во Националната опера и балет ќе одржи ексклузивен новогодишен концерт.На програмата е богата музичко-сценска програма во која учествува целиот ансамбл. Публиката ќе може да ужива во познатите сценски постановки „Кумановка“, „Лазаренки“, „Беранче“, „Раштак“, „Црногорка“, „Пијанец“, „Рудо јагне“, „Калајџиско“ и во изборот на композиции од раскошниот вокално-инструментален репертоар на „Танец“, меѓи кои и сплетот инструментални ора посветени на виртуозот Тале Огненовски, по повод...
25 декември неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед
Post Views: 153 Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 25 декември 2022 година (недела), првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божик.