Автор: инфодеск
Post Views: 9 Се известуваат сите корисници на финансиски средства кои се дел од Програмата за култура за 2025 година, дека потпишувањето на Договорите за финансирање на проекти,програми и активности од јавен интерес за општина Охрид од областа на културата ќе се врши во периодот од 21.01.2025 година (вторник), најдоцна до 14.02.205 година, во канцеларијата на Одделението за култура, втор спрат во новата зграда на Општина Охрид во периодот од 09.00 до 15.00 часот (одговорни лица: Весна Јованоска и Ива Николоска).Овластените потписници на правните лица со себе треба да...
Ирец приведен во Охрид за недозволена трговија со дрога
Post Views: 11 На 16-ти јануари 2025 година, во 13:30 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишно лице од Ирска, со привремен престој во Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во Охрид во кој престојува, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја. Лицето било задржано во Полициска станица и по...
Утрото студено, попладнето сончево
Post Views: 5 Утрото многу студено со услови за магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.Во Охрид денес температурите ќе се движат од -1 до 5 степени Целзиусови.Во деновите од викендот утре ќе преовладува стабилно време со утринските температури кои насекаде ќе бидат под нула, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По котлините ќе има појава на магла и таму дневните температури ќе остануваат пониски. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локални врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат во текот на ноќта кон...
Проодни и прочистени сите патни правци во Општина Дебрца
Post Views: 7 Со чистење на патните правци за село Турје и село Мраморец и патната врска село Врбјани-село Годивје-село Лактиње сите патни правци во општина Дебрца се проодни, а паралелно се работи на чистење на улици во селата, каде што тоа не е дозавршено.Од Општина Дебрца апелираат на внимателно возење бидејќи поради ниските температури по коловозите има мраз и подмрзнат снег.
Пецаков: Привршуваат подготовките за празникот Водици
Post Views: 6 Привршуваат подготовките по повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици. Ова беше денес констатирано на координатиовниот состанок кој се одржа во просториите на Општина Охрид.Од утре започнува китењето на централното градско подрачје и пристаништето со зеленило и верски знамиња. Викендов е исчистен делот од езерото и кејот каде ќе бидат сместени капачите и каде ќе се одвива полагањето на Светиот крст.На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро. Оваа година Свети Литургии со почеток...
Ауди со стушки регистарски ознаки удрило во 36 годишен охриѓанец на патот Ќафасан – Подмоље
Post Views: 15 Денеска (16.01.2025) во 01:50 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 32 годишно лице од с.Драслајца, струшко, удрило во 36 годишен пешак од Охрид.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути
Post Views: 14 Илире Даути, пратеничката и претседателка на Комисијата за социјална политика, денеска поднесе оставка. Пред да ја образложи оставката, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја напуштија собраниската сала. – Ако живеевме во нормална држава, тогаш ова седница немаше да се одвива и јас немаше да имам потреба да земам збор. Ова е врвот на срамот што се случил во Собранието и е директна закана кон еден избраник од граѓаните, како и држење под контрола на истиот. Моето дејствие за ставање на Законот за бранители е врз основа на членот 3, кој подразбира...
И денес продолжува потрагата по тригодишно девојче во реката Сава во Загреб
Post Views: 14 Потрагата по тригодишното девојче во реката Сава продолжи и утринава. Покрај полицијата, денеска на терен се и Хрватската планинска спасувачка служба, пожарникари, волонтери на Црвен крст и цивилната заштита, а во потрагата на реката Сава се користат и дронови.Според надлежните институции, девојчето исчезнало вчера попладне, откако заедно со својата мајка влегло во реката. Мајката, која подоцна била пронајдена и ѝ била укажана лекарска помош, изјавила дека заедно влегле во студените води на Сава. Сè уште е нејасно што се слуило и зошто мајката решила среде...