Skip to main content

Автор: инфодеск

УХМР: Оваа седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди

Views: 150 Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа во јужните делови ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 40 km/h.Минималните температури во Охрид од 13, а максималните до 25 степени Целзиусови.Во текот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди во текот на денот. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне се очекуваат локално пообилни...

Продолжи со читање

маржи основни производи

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69.432 денари

Views: 218 Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година изнесува 69 432 денари. Тоа, како што велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2026 година која изнесувала 68 675 денари е зголемена за 757 денари.Како што информираат денеска од Сојузот на синдикати на Македонија, со изнајмен стан од 60 квадрати за месец септември таа изнесува 84 807,00 денари.

Продолжи со читање

сообраќајка

Тешка сообраќајна несреќа кај Опеница, четири лица тешко повредени

Views: 183 Вчера, околу 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид–Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сузуки Витара“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „Опел“ со битолски регистарски ознаки.Со возилото „Сузуки Витара“ управувал 67-годишен државјанин на Велика Британија, додека со возилото „Опел“ управувал 28-годишен жител на селото Буково, Битолско.Во несреќата, двајца сопатници од возилото „Опел“ се здобиле со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница за ортопедија и...

Продолжи со читање

Радиолошкиот технолог столб на современата дијагностика и терапија

Views: 180 Радиолошкиот технолог е столб на современата дијагностика и терапија – ова е клучната порака што околу двесте радиолошки технолози ја испратија од 12-тиот Конгрес на Здружението, кој се одржa во Хотел Дрим, Струга.Според организаторите – Здружението на Радиолошки Технолози, Македонската асоцијација на радиолози (МАР), Македонската асоцијација на радиотерапевти онколози (МАРО) и докторите специјалисти по нуклеарна медицина, овој настан ја обединува стручната фела и претставува врв на едукацијата и размената на искуства во нашата област.„Овогодишното издание на...

Продолжи со читање

Полициско возило

Се обидел да проголта две пакувања со бела прашкаста материја, приведен охриѓанец во Струга

Views: 223 На 17.09.2026 во 14:15 часот на улица „Мислешески пат” во Струга, во координирана акција на полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид и ОВР Струга од слобода е лишено 44 годишно лице од Охрид.– Тој, откако ги забележал полициските службеници во такси возило со кое се превезувал се обидел да проголта, а потоа и да уништи две пакувања со бела прашкаста материја, но бил спречен и пакувањата му се одземени. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Свр Охрид

67 годишен охриѓанец го загуби животот по пад од мопед на улицата „15 Корпус“

Views: 199 На 17 септември 2026 година, околу 11:30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „15 Корпус“ во Охрид, 67-годишнo лице од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.Од здобиените повреди, лицето. починало на местото на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Спречен обид за палење кабли на депонијата „Буково“

Views: 223 На депонијата „Буково“, чуварската служба на ЈП „Охридски Комуналец“ затекнала лица кои неовластено влегле во просторот на депонијата. Чуварската служба веднаш реагирала и ги предупредила лицата да го напуштат просторот. И покрај предупредувањето и наредбата од страна на чуварот, лицата одбиле да ја напуштат депонијата.Поради нивното противење и неовластеното присуство, случајот веднаш бил пријавен до СВР Охрид. Припадниците на СВР Охрид постапиле по пријавата и ги отстраниле лицата од просторот на депонијата.„Според сознанијата од терен, лицата биле затекнати при...

Продолжи со читање

Во Охрид се одржа првиот натпревар за спасители на вода во Македонија

Views: 222 Во Охрид се одржа Првиот натпревар за спасители на вода, историски настан кој, како што посочуваат организаторите, за првпат се реализира во Македонија, во рамките на 80-годишното работење на Црвениот крст на Република Македонија.Натпреварот беше организиран од Општинската организација на Црвениот крст – Охрид и Центарот за безбедност на вода, а учесниците имаа можност да ги покажат своите знаења, вештини и физичка подготвеност во вкупно 12 различни дисциплини на отворени и затворени води.На пионерскиот настан учествуваа професионални спасители и аматерски...

Продолжи со читање