Автор: инфодеск
Post Views: 587 Диви свињи ги пустошат земјоделските посеви на брегот на Охридското Езеро. Земјоделците се жалат потполно уништени им се нивите со пченка, пченица, грав и цели лозја. Повеќе групи диви свињи од НП Галичица секоја вечер уништуваат по 300 квадрати насади на потегот до населбата Свети Стефан.Штетите на земјоделците се огромни, а сите институции се изземаат од надлежност.„Сите се ненадлежни, земјоделие ненадлежно, директорот од НП ненадлежен , општина Охрид ненадлежна. И тие еден дел земјоделци што сакаме да работиме не тераат да прекинеме. После овој зијан...
Охридските училишта подготвени за стартот на учебната година
Post Views: 280 Охридските училишта подготвени за стартот на учебната година. Привршуваат градежните активности во дел од школите за подобрување на условите во образовниот процес.Но во континуитет се намалува бројот на ученици во Охрид, па градските советници ќе носат одлука за формирање на паралелки под 20 деца.„За 01 септември ќе биде се подготвено. 0926Сите оние подготвителни активности кои што треба да се преземат се преземаат и учебната година како што е ќе започне на 01 септември подготвено“, вели професор Перчо Божиноски заменик градоначалник на општина...
Годишен концерт на Ансамбл Билјана – Охридска визита „Една песна, една приказна“
Post Views: 425 Во вторник, (5-ти септември), во предворјето на катедралната црква „Св. Софија“, по единесетти пат ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Ансамбл Билјана.Оваа година настанот ќе има еден малку поинаков концепт – „Една песна една пиказна“. Ќе бидат представени неколку приказни за Охрид и неговата музичка историја. Наратор на настанот ќе биде Проф. Валентина Божиновска.Гости на концертот ќе бидат Мартина Максимовска и Мухамед Бајрам (професор по виолина).Почетокот на концертот е закажан за во 20:00 часот, а билетите по цена од 200 денари се во...
Започнува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“
Post Views: 334 Од утре 30.08.2023 (среда) започнуваат градежни активности за реконструкција на улица „7-ми Ноември“.„Проектот опфаќа изградба на нова атмосферска канализација, нови тротоарски површини и велосипедски ленти со автентичен материјал (украсен речен камен), спуштање на водовите на кабелските и другите оператори и реконструкција на коловозот. „ – информираат од локалната самоуправа.Вредноста на проектот изнесува 39 милиони денари, а изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ Струга.Од општината апелираат до граѓаните што живеат и гравитираат...
Од утре времен сообраќаен режим на улица „Анастасија Узунова“
Post Views: 344 Од утре, 30.08.2023 година (среда) започнуваат градежни активности за реконструкција на водоводната линија на улица „Анастасија Узунова“.Се молат граѓаните што живеат и гравитираат на овој потег од градот да се придржуваат кон времениот сообраќаен режим, додека траат градежните активности.
Заврши петтиот Балкански поетски камп за деца и млади “Ванчо Николески”
Post Views: 250 Со доделувањето на Повелбите за учество, во амбиентот на родната куќа на основоположникот на македонската литература за деца и млади, заврши, петиот по ред, Балканскио поетски камп “Ванчо Николески”.Младите литерати од Србија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Грција и Македонија, другаруваа три дена во Охрид, Струга (заедно со учесниците на СВП}, Вевчани, Белчишта и Црвена Вода.Таму, мештаните им приредија впечатчлива “македонска трпеза” со народни специјалитети, додека подалечниот родина на славниот соселанец и претседател на Месната заедница, Војдин...
Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица
Post Views: 388 Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, и нејзиното преселување во Царството Божје.Празникот спаѓа меѓу дванаесетте големи христијански празници и во народот е попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците празникот во многу места се прославува со црковно народни собири.Именден...
Сончево и топло време и денеска во Охрид
Post Views: 257 Во Охрид денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. UV индексот со вредност 8.Максималната дневна температура ќе се искачи до 32 степени.Во вторник во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени.
Охрид дел од проектот „Здружи се за заедницата“
Post Views: 208 Општина Охрид е дел од проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“ кој го имплементира Здружението „Конект“ во соработка со фондација „Аполонија“, „Индиго“ и ЕВН.Во рамките на проектот, првично ќе бидат идентификувани граѓански организации кои имаат потенцијал да служат како „јадра“ за граѓаните да може да се вклучат активно во идентификување на проблемите и потребите на локалните заедници и да воспостават партнерства меѓу граѓанските организации, приватниот сектор и општините со цел да се искористат сите локални ресурси во подобрувањето на живеењето во...
Бронза за oхриѓанката Парулеска на Светското Таеквондо ИТФ првенство во Астана
Post Views: 553 Oхриѓанката Христијана Парулеска го освои бронзениот медал во спаринг борби – јуниорки (14-15 години) на Светското таеквондо ИТФ првенство во Астана, Казахстан.Парулеска е актуелна европска кадетска шампионка во традиционално таеквондо, титула со која се закити на Европското првенство во Језоло, Италија. На европското Парулеска освои и сребрен медал во форми (кати) црн појас први дан.Боите на Македонија во Астана ги бранат Христијана Парулеска црн појас I дан, европски првак во категоријата кадети, Давид Крстески црн појас I дан, Европски вицешампион во...
Детската претстава “Озо и Бозо” по повод почетокот на учебната година
Post Views: 287 На барање на охридската публика, Општина Охрид продолжува со низата настани за деца преку Програмата за култура за 2023 година.На 01.09.2023 година ( петок) на сцената кај ТЦ АМАМ со почеток во 19:30 часот, по повод почетокот на новата учебна година ќе се одржи театарската претстава за деца Озо и Бозо.Децата повторно ќе се дружат со нашите познати актери Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски и Тамара Ангелеска. Претставата има за цел да се испрати универзална порака: Со насилство НЕ – со дружба може СЕ!Театарската претстава ,,Озо и Бозо” е...
Вечерва претставување на учесниците на Охридскиот пливачки маратон
Post Views: 335 На платото пред хотелот „Палас“, вечерва, ќе бидат претставени учесниците на 36-то издание на Охридскиот пливачки маратон.Церемонијата на претставување на пливачите започнува во 20 часот.Во склоп на настанот ќе биде доделена традиционалната награда „Климе Савин“.Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи во сабота, 26 август, во организација на ПК Охридски бранови, со поддршка на Општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и Агенцијата на млади и спорт.Наградниот фонд на маратонот изнесува 12000 евра.Манифестацијата оваа година е дел од...