Автор: инфодеск
Views: 63 Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10 од 11.06.2015 година, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.08-12305/34 од 06.12.2021 година, Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид бр.08-9420/7 од 12.07.2022 година и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид бр.08-7820/77 од 28.05.2025 година, Oпштина Охрид...
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
Views: 89 Основниот кривичен суд во Скопје донесе пресуда со која ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за сурово малтретирање и убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици на нанесените повреди. Судот изрече казна затвор од три месеци за Крстевски, додека. Билбиловски доби парична казна во износ од 1.000 евра. Ова е прва пресуда во државава со затворска казна за мачење животни.Делото, според обвинителниот акт, сега осудените го сториле на 19 ноември минатата година. Тогаш Крстевски, без оправдана причина, користејќи тврд предмет...
Бројни културни настани и манифестации остават свој печат на летната сезона 2025
Views: 73 Заврши Вино фестот, но следуваат Охридски поетски бисер, На зајдисонце во Трпејца, Поетска ноќ на Велестово. Во ек е манифестацијата Културата расте со децата. Сите овие културни збиднувања ја збогатуваат туристичката понуда и го афирмираат градот Охрид. Настаните се спој на ликовна, книжевна, музичка и драмска уметност, но и одраз и промоција на културата.–Останатите следни настани очекуваме дека уште повеќе ќе донесат туристи. Настаните кои следуваат се сите дел од програмата за култура на Општина Охрид, ние имаме доста богата програма. Општината на прво место...
Вечер на ЕУ на „Охридско лето“
Views: 64 Во рамки на вечерта на Европската унија на „Охридско лето“ сцената на катедралната црква „Света Софија“ е резервирана за концерот на францускиот гудачки квартет „Модиљани“ со виолинистите Амари Сојто и Лоик Рио, Лорaн Марфан на виола и Франсоа Кифер на виолончело.Парискиот квартет „Модиљани“ во 2023 година ја прослави својата 20-годишнина и денес важи за еден од најзначајните гудачки квартети постојано гостувајќи на најдобрите фестивали за камерна музика низ целиот свет. Во 2017 година на квартетот „Модиљани“ му припадна честа да биде прв квартет кој настапил во големата сала...
Утре ќе се одржи концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“
Views: 127 Утре со почеток 19:00 часот на плажата Сараиште ќе се одржи концерт во спомен и чест на Андреј Лаброски.-Почитувани пријатели со огромна чест и задоволство ве покануваме да бидете дел од овој настан, влезот е слободен но ќе биде поставена кутија за донации и целата сума на пари ќе биде донирана за набавка на медицинска опрема за педијатриското одделение во Општа Болница Охрид, велат од ВИС „Билјана“.Организаторите порачуваат посетителите да си понесат перниче, пешкир или столче за седење бидејќи концертот ќе се одржи на плажа.
Повик за учество на фестивалот „Охридски Староградски Средби“
Views: 102 НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид објави повик за учество на фестивалот „Охридски Староградски Средби“.Сите заинтересирани ансамбли, хорови, групи и поединци што ги негуваат староградските фолклорни традиции можат да аплицираат, да достават пријава за учество на фестивалот на маил адресата од Центарот за култура: centarzakultura_ohrid@yahoo.com или по пошта на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски Просветители” бр. 4, 6000 Охрид. Телефон за контакт: 046/261-063.Фестивалот се оддржува во првата половина од месец...
Свикана 59. седница на Советот на Општина Охрид
Views: 97 Свикана е 59. седница на Советот на Општина Охрид на ден 21.07.2025 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот во зградата на Општина Охрид.За седницата е предложен следниот дневен ред:Усвојување на Записникот од 58-та седницаПредлог-одлука за давање на трајно користење недвижен имот, сопственост на Општина Охрид на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за отстапување на користење недвижен имот на ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид....
Македонија е европски шампион во Дота 2
Views: 101 Македонската репрезентација постигна историски успех и се закити со титулата европски шампион во Дота 2 на Европското е-спорт првенство.Во групната фаза нашата селекција ги победи Белорусија, Унгарија, Грузија и Хрватска. Потоа во првата нокаут рунда славеше со Романија (2-0), а во полуфиналето ја совлада Белорусија (2-0). Бидејќи на овие турнири има костур за втора шанса, Белорусите се вратија на посакуваниот пат и играа финале, ама загубија. Честа да бидат во македонскиот тим им припадна на Христијан Анастасовски, Игор Стојков, Александар Ивановски, Дамјан...









