Skip to main content

Автор: инфодеск

Горивата поевтинуваат од половина до еден денар

Post Views: 372 Бензините на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,19 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,5, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 73 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,839 денари...

Продолжи со читање

Осум лица повредени во синоќешната сообраќајка на патот Охрид-Свети Наум

Post Views: 638 Жена од Црна Гора се здоби со тешки повреди, а уште седуммина се повредени во сударот меѓу три возила, со српски, црногорски и со охридски регистарски таблици на регионалниот пат Охрид- Св. Наум .На 01.01.2024 во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со црногорски регистарски ознаки, управувано од В.И.(77) од Р.Црна Гора, патничко моторно возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од С.М.(27) од Р.Србија и патничко моторно возило „форд“ со...

Продолжи со читање

Филипинка се пресели во Охрид, сака да биде македонска невеста

Post Views: 8.496 Марија Хуана Џејн од Филипини, веќе шест месеци живее и работи во Охрид. Претходно 14 години работела во Дубаи, како готвачка во училиште, две години во ресторан во Србија, за од јули годинава да се пресели во главниот туристички центар во земјава.Вработена е како готвачка во угостителски објект, вели нискиот стандард на Филипини ја натерал да трага по подобар живот, илајдници километри од сопствениот дом.Задоволна е од платата, но и од животот во преубавиот Охрид.„Денес кога ќе се конвертира македонската плата со Филипинската е речиси иста , денес нашата...

Продолжи со читање

Св. Игнатиј Богоносец

Post Views: 370 Свети Игнатиј е роден во Сирија. Кога тој бил дете, според преданието, го зел Исус  во прегратка и на учениците им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно.“ Поради тоа што го носел Исус во прегратка е наречен Богоносец. Тој бил ученик на Jован Богослов, како и свети Поликарп, епископот на Смирна. Игнатиј бил третиот епископ на Антиохиja и наследник на Еводиј Антиохиски. Богоносец се нарекува бидејќи според христијанските преданија, Името на Спасителот секогаш го имал во своето срце и постојано му се молел.На 20 декември (според...

Продолжи со читање

Внимателно по патиштата, сообраќајот се одвива по влажни коловози

Post Views: 263 Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози известуваат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците...

Продолжи со читање

Врнежливо со температура до 8 степени

Post Views: 277 Денеска во Охрид времето ќе биде променливо облачно со локален дожд. Максималната дневна температура до 8 степени. Ќе дува умерен ветар од западен правец.До крајот на работната седмица во Македонија ќе настапи стабилизирање на времето со појава на магла по котлините со променлив интензитет. Влажен бран со врнежи претежно од дожд ќе го зафати нашето подрачје за време не викендот.

Продолжи со читање

Со забава на плоштад и огномет охриѓани и гостите ја дочекаа 2024 год

Post Views: 521 Туристи од земјава, регионот и светот заедно со охриѓани во прекрасна атмосфера на градскиот плоштад во Охрид  ја испратија старата и ја дочекаа новата 2024 та година. Со греано вино,  музика и огномет си посакаа желби за здравје, среќа и бериќет .„Очигледно Охрид станува се поатрактивен за дочек на новата година па одлучивме тука да дојдеме.“ – вели во анкетата за ТВМ, гостин од Скопје.„Супер е атмосферата. Многу е убаво. Не сум била досега за Нова година тука. Изненадена сум.“ – вели скопјанка.„Само што се вративме до Бразил. Таму...

Продолжи со читање

Прво па машко бебе во Охрид

Post Views: 506 Во новата година првото новороденче во Охрид е здраво машко бебе,родено во 01:54 мин, информираа од Општа болница Охрид.Среќната мајка на 27 годишна возраст, роди здраво машко бебе тешко 2730 гр, а ја породи дежурниот гинеколог д-р Горан Маркоски со екипата. Ова е трета рожба на мајката, предходно имала 2 женски деца.Во тек се и други раѓања на Одделот за гинекологија.Денеска во 13:30 минути Градоначалникот Кирил Пецаков ќе ги посети новороденчињата и мајките на првиот ден во новата 2024 та година.

Продолжи со читање

(видео) Новогодишна честитка од градоначалникот Кирил Пецаков

Post Views: 260 Во Новата 2024 година ви посакувам да имате пред сѐ добро здравје, неизмерна радост и многу незаборавни доживувања, порачува градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков во Новогодишната честитка до граѓаните.„Нека ви биде година исполнета со бескрајна убавина и благососотојба! Уживајте во овие празнични мигови на семејна љубов и пријателство! Да прославуваме заедно уште многу весели моменти за Охрид и Македонија! Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2024 година!„ – вели градоначалникот Пецаков во празничната честитка.

Продолжи со читање

„Донирај компјутер“- хуманитарна акција на охридските гимназијалци

Post Views: 276 Ученици од ОСУ „Св Климент Охридски“, по иницијатива и со помош на проф. по информатика Дарко Цветкоски, од старо направија ново т.е. многу стари компјутери ги претворија во нови и истите ќе им се донираат на оние кому им се најмногу потребни како Новогодишни подароци.„Ова е само прв дел од акцијата која ќе се спроведува во тек на целата 2024 година и во која секој ќе може да се вклучи донирајќи ИТ опрема која подоцна ќе биде средена и на крај донирана! Каков крај на старата година! Големо браво за учениците и за професорот!“ – велат од охридската...

Продолжи со читање

Охрид подготвен за Новогодишниот празничен викенд

Post Views: 413 Главниот туристички центар ќе биде преполн со туристи. Хотелите се потполно резервирани, а најбројни ке бидат гостите од регионот Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора. Најбарани се тродневните аранжмани со свечена вечера и вклучен дочек на Новата година.„За новогодишните празници, поголемиот дел од хотелите ке бидат добро исполнети, со оглед на тоа дека неколку хотели се реновираат во овој период и не работат. Но тоа е мал број останатите се веќе добро исполнети , се бара место повеќе, онаму каде што е преполно каде и понудата е подобра. Странски гости...

Продолжи со читање

Запленети 4.100 пиротехнички средства во струшко, приведена жена од Подгорци

Post Views: 383 На 28.12.2023 во 16.00 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 56 годишна жена од истото село.„При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 4.100 парчиња разновидни пиротехнички средства.“ – информираат од МВР.По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.

Продолжи со читање