Skip to main content

Автор: инфодеск

Приведен 19 годишен стружанец кај кого бил пронајден пиштол

Post Views: 392 На 28.12.2023 во 21.15 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга лишиле од слобода 19 годишен стружанец, информираа од МВР.„Кај него бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ калибар 9 милиметри. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – се вели во полицискиот билтен.Извор: МВР Фото: илустрација

Продолжи со читање

Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на „Богомилска“ ,„Ѓорче Петров“, бул. Туристичка и комплекс згради Христо Узунов

Post Views: 372 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 10:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Богомилска“ ,„Ѓорче Петров“, дел од Бул. Тустистичка и „Даме Груев“ (комплекс згради – Христо Узунов).Екипи на ЈП Водовод работат на отстранување на дефектот.

Продолжи со читање

Минималната синдикална кошничка за декември изнесува 56.522 денари

Post Views: 305 Минималната синдикална кошничка за декември изнесува 56.522 денари, соопшти вчера Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на пресконференција.Толку средства месечно му се потребни, за најосновните потреби, на четиричлено семејство доколку имаат свој дом, стан од околу 60м2. Ако живеат под кирија , тогаш трошоците се повисоки за 21.324 денари, односно, износот на кошничката ќе изнесува 71.972 денари.Семејство со две минимални плати може да покрие околу 70% од основните трошоци во минималната синдикална кошничка. Гледано по ставки, најмногу тежи храна и...

Продолжи со читање

Продолжува новогодишната забава за најмладите на градскиот плоштад

Post Views: 291 Преубавата празнична атмосфера на Градскиот плоштад, продолжува. Денеска со почеток во 12:30 часот, како дел од предновогодишната програма, на Градскиот плоштад, најмладите ќе може да ја проследат детската театарска претстава “Ракавиците на Дедо Мраз”.Вчеравечер охридскиот плоштад наликуваше на вистинска новогодишна бајка, со беспрекорните изведби на најпознатите композиции од анимираните филмови на “Дизни” во изведба на учениците од ОМУ “Методи Патче’.Горд сум и благодарен на нашите млади музички таленти од ООМУ...

Продолжи со читање

Јасмина Лескаровска назначена за в.д. директорка на АППТ

Post Views: 1.399 „Владата на Република Северна Македонија на владина седница одржана на 26.12.2023 го разреши Љупчо Јаневски од должноста директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, поради истек на мандатот за кој е именуван и ја именуваше Јасмина Лескаровска за вршител на должноста директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот“ – информираа од Владата, пренесе порталот „360 степени“.Лескаровска долги години работи во АППТ, а на директорската функција доаѓа од Секторот за проекти, поддршка на туризмот и административно – правни...

Продолжи со читање

Вечерва во СОСУ „Св. Кирил и Методиј” хуманитарен новогодишен базар

Post Views: 214 СОСУ „Св. Кирил и Методиј” од Охрид вечерва организира хуманитарен новогодишен базар.На базарот ќе бидат изложени рачни изработки од нашите ученици: слатки задоволства, украси, честитки, накит итн, а Вие ќе имате можност да си купите од понудените производи и на тој начин да учествувате во хуманитарниот настан. Вашето малку, некому значи многу, велат од училиштето.Собраните средства ќе бидат донирани во инклузивната игротека „Радост“.Хуманитарниот новогодишен базар ќе се одржи во дворот на училиштето со почеток во 18:00 часот. 

Продолжи со читање

За автопатот Кичево – Охрид владата се одлучи за нов анекс на договор, за продолжување на рок за изведба

Post Views: 328 Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои и Информацијата за Договорот за изградба на автопат А2, делница Кичево – Охрид.Потврдено е дека изградбата на автопатската делница Кичево – Охрид  е приоритет. И Владата, преку Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта е определена да се продолжи со нејзината доизградба, како дел од европскиот Коридор 8.„Владата ги овласти Кабинетот на заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции,...

Продолжи со читање

Општина Вевчани доби грант од Фондот за природа PONT за заштита на Вевчански Извори

Post Views: 398 Фондот за природа Prespa Ohrid Nature Trust – PONT одобри грант со кој во наредните три години ќе се реализираат активности кои ќе придонесат кон подобрување на условите за заштита и управување со заштитеното подрачје Споменик на природата – Вевчански Извори.Договорот за грантот го потпишаа директорката на Фондот за природа PONT, Миријам де Конинг и градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.„Одржливо управување на заштитеното подрачје Споменик на природата Вевчански Извори е една од главните цели на општина Вевчани. Во таа...

Продолжи со читање

Усвоен буџетот на Општина Дебрца за 2024 год тежок 173 милиони денари

Post Views: 317 На 28-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 11 (единаесет) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2024 година и Годишните развојни програми на општината за 2024 година.Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2024 година е проектиран на износ од 173.000.000 денари од кој 72.340.989 денари предвидени средства за реализација на капитални и развојни проекти на општина Дебрца.Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и...

Продолжи со читање

Љупчо Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на АППТ

Post Views: 426 Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски си поднесе оставка од функцијата.Тој преку својот профил на Фејсбук се заблагодари на туристичкиот сектор, медиумите, партнерите и меѓународните организации за соработката.„Историските резултати што ги постигнавме во изминатите 5 години говорат за нашата работа. Тоа што го затекнав пред 5 години и бројките што ги оставаме денес во некој следен подолг текст. Каква држава ќе изградиме во таква држава ќе живееме. Македонија мора напред.“ – напиша Јаневски во објавата на...

Продолжи со читање

Две нови манифестации во Струга во претстојниот празничен период

Post Views: 357 Две нови манифестации во Струга, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, за кои организаторите се надеваат дека ќе станат традиционални.Во организација на угостителските објекти Кочва Маала, Винска куќа, Дуќан и жителите на ул.Гоце Делчев од Струга, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, од годинава, во Струга ќе се реализираат два настани, за кои организаторите се надеваат дека ќе станат традиционални. Целта е да им се помогне на лицата со посебни потреби, а годинава тоа ќе бидат слепите лица, кало и за повторно економско и културно...

Продолжи со читање

Рекорден број на медали, 266 и 12 пехари во 2023 год за Македонската Традиционална Таеквондо Федерација

Post Views: 379 Македонската Традиционална Теквондо Федерација направи ретроспектива на успесите во 2023 година, која е и најуспешна година за нив. После 31 година конечно добивме решение дејност спорт, наша федерација, потоа го организиравме официјално првото државно првенство, вели Марјанчо Лазаревски претседател на М.Т.Т.Ф.Учествувавме на Европското првенство во Јесоло, Италија. Христијана Парулеска се натпреваруваше во две дисциплини, освои прво место во борби и второ место во форми. Со два освоени медали и со најдобар резултат доби пехар за најдобра кадетка во Европа...

Продолжи со читање