Автор: инфодеск
Views: 107 На програмата на „Охридско лето“ вечерва е солистичкиот концерт на чешкиот пијанист Лукаш Вондрачек.Неприкосновениот победник и носител на наградата Гран при на Меѓународниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2016 година – Лукаш Вондрачек, повеќе од две децении патува низ светот настапувајќи со најпознатите светски оркестри. Меѓу нив, секако, оркестрите во Филаделфија, Бостон, Кливленд, Чикаго, Балтимор, Лос Анџелес, симфониските оркестри во Сиднеј, Токио, Оркестарот на Франкфуртското радио, Чешката филхармонија, Варшавската филхармонија, Оркестарот „Филхармонија“ и...
Светите маченици Козма и Дамјан
Views: 64 Лекари, бесребреници и чудотворци. Овие двајца светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос. Наследија голем имот, но го раздадоа милостиво на бедните и неволните. Во тоа време во Рим царуваше царот Карин. Пред него гонителите на христијанството ги доведоа овие свети браќа оковани во синџири. По...
Времето денес сончево и топло
Views: 72 Сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од15 до 32 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен утре, кога во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Пуштена во употреба првата делница од автопатот Охрид – Кичево во должина од 20 км
Views: 102 После 11 години градба, денеска конечно беше пуштена во употреба првата делница во должина од 20 км од автопатот Охрид – Кичево. На свеченоста присуствуваа Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, но и други членови на Владата.-Проектот кој со години стоеше како симбол на застој, како срамна слика за држава што тапка во место, денес е симбол на новото време. Седум години траеше чекањето, ветувањата без дела, бесцелното трошење време, пари и нерви на граѓаните. Секој метар...
Започна 65-то издание на фестивалот Охридско лето
Views: 77 Под мотото „Трансформација на сетилата“, вчеравечер на Античкиот театар беше отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“.Љубителите на уметноста и бројната публика имаше можност да ужива во прекрасниот концерт на американската пијанистка со блескава кариера Клер Хуангчи и уметниците од Националната филхармонија на Република Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер.На свеченото отворање на фестивалот го проследи и Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, заедно со претседателката на Република Македонија, Гордана...
Денес се одбележува Свети Апостол Павле – Павловден
Views: 142 Светата Православна Црква денот по Петровден му го посветила на Светителот Апостол Павле – Павловден.Светиот апостол Павле особено е значаен за Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Според тоа е смета дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања. Тука...
Сончево и топло со температури до 31 степен Целзиусов
Views: 75 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Охрид минималните температури од 15, а максималните до 31 степен Целзиусов.
Тстг: Ваква ,,галама” му прилега на Охрид
Views: 198 Наш сограѓанин од Месокастро ни ја прати снимкава со коментар ,,Ваква музика и ваква “галама” му прилега на Охрид. Секоја нота – посебна сила.”Инаку, ова е дел од 6. по ред најохридски настан на годината, ,,Ој љубов, љубов”, каде охриѓани во еден глас ги пеат традиционалните македонски песни.Настанот е во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12, а во рамки на Алтернативното културно лето.









