Skip to main content

Автор: инфодеск

Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода

Post Views: 271 Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид со подршка на волонтерите на Црвен Крст Охрид во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка и на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаат новата 2024 година.Како и секоја и оваа нова 2024 година нуркачите од Амфора им ја посветуваат на децата со ретки болести  со желба за здравје, успех и срќно детство.Посетителите на Музејот на вода  елката ќе можат да ја видат од денес па се до крајот на јануари.

Продолжи со читање

Исполнети новогодишните желби на 50 дечиња во хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“

Post Views: 198 На 50 дечиња што живеат во социјален ризик од Охрид и Дебрца им беа исполнети новогодишните желби во традиционалната  хуманитарна акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ која во организација на Црвен крст Охрид и во партнерство со KAM Village, се организира секој декември, месецот на дарување. На завршниот настан распеаните дечиња од детскиот хор при Културно-уметничкото друштво ЃЕРДАН ОД БИСЕРИ и дечињата од Распеано рибарче и К2 продукција, со прекрасни изведби на новогодишни и божиќни песни, ја „оживеаја“ Волшебната елка поставена во комплексот KAM Village....

Продолжи со читање

Вандали ги искршиле прозорците на реконструираниот затворен базен во Струга

Post Views: 378 Пред самото отворање на реконструираниот затворен базен во Струга, непознати вандали ги искршиле прозорите.„Еве како некои личности се среќни и благодарни за новиот пливачки базен кој сеуште не е ни официјално отворен и пуштен во употреба. Два-три дена пред големото отварање, денес имаме скршени прозорци со камен, и камења во базенот.“ – коментираат стружани на Фејсбук.Се надевам дека овај вандалски чин за момент предизвика радост кај некого, напиша Сашо Коркутоски на Фејсбук директорт на подружницата ЕЛЕМ Струга.

Продолжи со читање

Честитка од градоначалникот Пецаков по повод Божиќ

Post Views: 269 Во свое лично име и во името на Општина Охрид, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, на сите сограѓани од католичка вероисповест им го честита големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ.„Овие празнични мигови нека ги исполнат вашите домови со неизмерна љубов и радост, а вербата во Бога нека ви донесе спокој за вас и вашите најблиски. Во духот на христијанските пораки посакувам заедно да создаваме подобро општество, во кое ќе ги издигнуваме вистинските животни вредности. Толеранцијата и хуманоста се две силно соединети сили кои го збогатуваат...

Продолжи со читање

Здружението „Бадникови поворки“ го доби највисокото признание „Вељо Манчевски“

Post Views: 330 Здружението „Бадникови поворки“ го доби највисокото признание „Вељо Манчевски“ за особен придонес во создавањето на трајни вредности“.Признанието им го врачи Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на свечен предновогодишен прием во Македонска филхармонија.„Здружението Бадникови поворки веќе 14 години како народен, духовен и културен проект на граѓаните од православна вероисповед успеа во над 60 населени места ширум Републиката да ја возобнови древната традиција за Бадник да се пеат божиќни каланди, создавајќи празнична и топла...

Продолжи со читање

Денеска е Божиќ според Грегоријанскиот календар

Post Views: 445 Римокатоличката црква, протестантската и англиканската црква, како и некои православни цркви кои го прифатија новото сметање на времето, денеска го слават Божиќ.Според евангелската традиција, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеем, па и покрај разликите во календарите, тој датум се почитува во целиот христијански свет како почеток на нова ера и нова историја на човештвото.Во христијанството се верува дека раѓањето Христово ја донело светлината на вистината на човечкиот род и дека овој настан го исполнил старозаветното пророштво за раѓањето на...

Продолжи со читање

Едукативната кампања „Петарди не, безбедност пред се”

Post Views: 235 Полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид, на плоштадот „Крушевска Република” во Охрид, викендов ја реализираа превентивно-едукативната кампања „Петарди не, безбедност пред се”.„Полициски службеници остварија контакти и кратки разговори со граѓаните, посебно со помладата популација за штетните последици од употреба на пиротехнички средства по здравјето на луѓето, пред се од повреди на рацете, очите и другите делови на телата. Накратко, беа презентирани законските импликации од набавување, продажба и од активирање на петарди и...

Продолжи со читање

Државен натпревар во шах во организација на Федерацијата на училишни  спортови 

Post Views: 164 Во ООУ „Св. Климент Охридски“ се одржа државниот натпревар по шах во организација на Федерацијата на училишни   спортови  на Република Македонија. Во натпреварувачкиот дел учествуваа 95  шахисти од земјава. На отворањето на настанот во име на градоначалникот Кирил Пецаков присутните ги поздрави раководителот на Секторот за образование и култура при Општина Охрид,  Димитар Спасески.„Дозволете ми да го изразам моето огромно задоволство што Охрид е домаќин на државниот натпревар во шах. Тоа значи дека денес меѓу нас се најголемите умови од земјава затоа што...

Продолжи со читање

„Natural Disasters“ на професорот Љупчо Балески од ОЕМУЦ најуспешен еТвининг проект од средни училишта

Post Views: 689 Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 21-ви декември 2023 година ги додели годинешните еТвининг награди кои се доделуваат во пет различни категории и тоа: најдобар проект од предучилишно образование, од основно образование, од средно образование, на тема екологија и на годишна тема (иновации и едукација).Овие награди, во форма на симболични статуетки, беа врачени за најуспешните еТвининг проекти, чии достигнувања не само што беа препознаени, туку и ќе бидат активно промовирани на европско и национално ниво.„Како најдобар...

Продолжи со читање

Хуманитарната акција на Интернационалната полициска асоцијација – регион Охрид

Post Views: 295 Денеска, Интернационалната полициска асоцијација, регион Охрид, реализираше хуманитарна акција наменета за социјално загрозени семејства од Струга.Хуманитарната акција како дел од програмските цели и определби на Интернационалната полициска асоцијација, беше иницијатива од Секцијата на жени при ИПА Охрид а реализирана во соработка со Весна Миленкоска од хуманата иницијатива „зготви и подари” од Охрид, со Црвен Крст и центарот Солферино – Струга. Тие заедно, за повеќе социјално загрозени семејства кои се соочуваат со недостаток на храна, со многу љубов...

Продолжи со читање

По трет пат одново судски процес за родилката од Дебар

Post Views: 355 По трет пат, со нов судија и обвинител, во струшкиот суд, одново започна судскиот процес за родилката од Дебар, Јилдаз Веапоска на  која во август во  2020 година при породување во струшката болница и беа извадени три органи, матка бубрег и јајник.На главната расправа, тројцата лекари гинеколози, обвинети за тешки дела против здравјето на луѓето повторно кажаа дека не се чувствуваат  виновни.А оштетената по трет пат раскажа  за голготата, вели иако одминува времето, таа не се откажува од правдата„По трет пат давање исказ и враќање на тоа...

Продолжи со читање

Чешка во шок и тага по масовното убиство на универзитетот во Прага

Post Views: 468 Чешка е во шок и тага поради масовното убиство на универзитетот во главниот град Прага. Напаѓачот убил 14, а ранил 25 лица, а полицијата сега го истражува мотивот за ова злосторство. Полицијата потврди дека напаѓачот е убиен по пукањето во универзитетската зграда во центарот на чешката престолнина. Идентитетот на жртвите и напаѓачите се уште не е соопштен.Засега се знае дека напаѓачот бил 24-годишен студент, кој живеел во село во близина на Прага, а неговиот татко бил пронајден мртов претходно во текот на денот. Полицијата наведува дека тој немал криминално...

Продолжи со читање