Skip to main content

Автор: инфодеск

Поднесено обвинение против две лица од Албанија кои ловеле незаконски во Охридското езеро

Views: 56 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, државјани на Република Албанија, за кои се обезбедени докази дека ловеле риба со мрежа во води во кои е забранет риболов, во Охридското Езеро на околу 6,5 километри од месноста Свети Стефан.-На 4 јули биле затекнати во кајче на наведената локација, со висечка рибарска мрежа и уловени три парчиња охридска пастрмка, со што како соизвршители сториле кривично дело – Незаконит риболов од член 229 став 1 од Кривичниот законик. Со поднесеното обвинение, јавниот обвинител достави и предлог за...

Продолжи со читање

Новиот рок од УНЕСКО е крајна опомена пред црвен картон

Views: 91 Одлуката на Унеско со која Охрид доби нов рок за исполнување на препораките, е крајна јавна опомена пред црвен картон, сметаат еколозите. Време е за освестување, контролирана урбанизација на крајбрежието, да се сочува Студенчишкото блато, да се затвори депонијата Буково, да запре загадувањето на езерото со функционален колекторски систем, да се сочува автентичноста на Старото градско јадро.Но, кога се зборува за Охридскиот регион, се мисли и на крајбрежјето во Струга и Поградец за што е потребна  координирана и  билатерална соработка во заштитата....

Продолжи со читање

Детската театарска престава планирана за денес „Во царството на другарството“ е откажана

Views: 72 Општина Охрид ги известува граѓаните и посетителите дека поради превземање на засилени безбедносни мерки, планираната театарска престава „Во царството на другарството” која требаше да се одржи денес во 19:30 пред ТЦ Амам, се откажува.Во интерес на јавната безбедност и согласно препораките од надлежните институции, претставата ќе биде одложена за друг термин.

Продолжи со читање

Одржана Втората лига на Македонија во шах

Views: 125 Од 04 до 10 јули 2025г во Хотел Дрим Струга, се одржа Втора лига на Македонија за 2025 год во шах, во организација на Шаховска Федерација на Македонија, на првенството учествуваа 10 екипи.ШК Ласкер Охрид учествуваше со своја екипа, првенството се играше на шест табли, по Бергер систем ( секој со секого), со темпо на игра 90 минути со 30 секунди додаток на секој потег. Екипата на ШК Ласкер Охрид го освои 6 место со осум бода, 26 меч поени освоени од три победи, две ремиа и четири порази.За екипата на ШК Ласкер Охрид настапија: Гоце Шапкароски, Константин...

Продолжи со читање

Утре започнува 65. „Охридско лето“

Views: 77 Под мотото „Трансформација на сетилата“ , утревечер од 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“.Честа да ја започнат 40-дневната фестивалска програма ја имаат американската пијанистка со блескава кариера Клер Хуангчи и уметниците од Националната филхармонија на Р.С.Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер.Клер Хуангчи е родена во Рочестер, Њујорк. На многу рана возраст започнува да учи пијано и во 1999 година е поканета да настапи во Белата куќа. Студирала со Гери Графман и...

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Општина Охрид објави Јавен повик за работно ангажирање на 10 невработени лица за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина

Views: 75 Општина Охрид во согласност со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување усвоен од Владата на РМ го објавува следниот јавен повик:ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЗА ЗА ЗАШТИТА И ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОЖАРИ И ЗАШТИТА И ОПЛЕМЕНУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНАПовеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Пренос на моштите на мачениците, бесребреници и чудотворци Кир и Јован

Views: 76 Се празнуваат на 31 јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање. На 28 јуни се празнува преносот на нивните мошти од Канопос во Манутин и многубројните чуда што се случија притоа. Александрискиот патријарх свети Кирил истрајно се молеше на Бога да го уништи идолското нечестие во Манутин, кај што имаше идолски храм и владееше демонска сила. Тогаш на патријархот му се јави Ангел Божји и му рече дека Манутин ќе биде очистен од нечестието ако тој ги пренесе таму моштите на светите Кир и Јован. Патријархот веднаш го направи тоа: ги пренесе чесните мошти на мачениците во...

Продолжи со читање

Денес времето во Охрид сончево и посвежо

Views: 97 Сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Температурите ќе се движат во интервал од 9 до 26 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Продолжи со читање