Автор: инфодеск
Views: 53 Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 14.07.2025 година (понеделник) ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во...
ЕУ амбасадорот Михалис Рокас оствари средба со членовите на Советот на Општина Охрид
Views: 107 Во рамки на својата прва официјална посета на Општина Охрид, амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, денеска оствари средба со претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски и со членовите на Советот.На состанокот се разговараше за низа значајни прашања поврзани со европската интеграција на Македонија, соработката помеѓу Општина Охрид и институциите на ЕУ, како и за актуелни и идни инфраструктурни проекти кои се реализираат во општината.Советниците поставуваа низа прашања, на кои амбасадорот Рокас со внимание одговараше,...
Охрид доби уште една година рок за зачувување на статусот на УНЕСКО
Views: 77 Охрид доби уште една шанса, нов рок една година за исполнување на препораките. На 47. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз, денес е усвоен амандманот со кој се одложи нацрт одлуката за впишување на регионот на Листата светско наследство во опасност. Одложувањето е условено со низа обврски за кои државата има рок до 1. февруари идната година да достави извештај.–Оваа одлука е резултат на заедничките заложби на Владата на РМ и Владата на Албанија кои беа препознаени од членките на Комитетот и другите надлежни инстанци. Со една заедничка...
Во вчерашната сообраќајка животот го изгуби 83-годишен охриѓанец, повредени уште две лица
Views: 59 На 9-ти јули 2025 година, во 20:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Оровник, Општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа во која животот го изгуби едно лице.– Незгодата се случи помеѓу патничко возило марка „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 83-годишно лице од Охрид и патничко возило „Ауди“ со албански национални ознаки, управувано од страна на 36 годишно лице од селото Синичане, општина Боговиње. На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По...
Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас во прва официјална посета на Охрид
Views: 62 Приоритетите на локалната самоуправа и на ЕУ во поглед на овој град се исти, истакна високиот гости. На работаната средба со Градоначалникот Кирил Пецаков во фокусот беа проектите кои Општина Охрид ги реализира со поддршка на европските фондови, предизвиците и плановите за во иднина.-На средбата ги истакнавме неколкуте проекти кои во минатото ги завршивме заедно како Општина и како Европска Унија и сето тоа што го поддржуваат. Поразговаравме и за предизвиците кои се пред нас, меѓутоа и сето она кое за нас е важно во наредниот период, кои се најголемите предизвици,...
Утре на детскиот репертоар претставата „Во царството на другарството“
Views: 81 Утре во 20:30 часот, на сцената кај „ТЦ Амам“, ќе биде прикажана уште една театарска приказна за најмладите – „Во царството на другарството“, а во изведба на Театар Хит од Скопје. Претставата носи порака за пријателство, разбирање и заедништво.Автор и режија на претставата е Сашо Ристовски, а улогите ги толкуваат Магдалена Ризова Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски.
Девет активни пожари во Македонија, најдени докази за подметнати пожари
Views: 122 Центарот за управување со кризи утрово информира дека во моментов се активни девет пожари.Активни пожари (9):Чучер Сандево – Блаце (ниска вегетација)Шуто Оризари – с. Визбегово (депонија)Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума)Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Локвица (дабова шума и грмушки)Македонски Брод 3 – с. Рамне (ниска вегетација, пожар проширен од фабрика „Самоков“)Македонски Брод 4 – с. Слатина (мешана шума)Македонски Брод 5 – с. Ковче (мешана шума)Чашка – под Солунска Глава, м.в. Изворите на Бабуна и Бабина...
Во сабота во Охрид наречение, а во недела востоличување на новиот Митрополит Георгиј
Views: 87 Со црковни церемонии претстојниот викенд во Охрид ќе биде востоличен новиот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија Георгиј. По тој повод Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, ги повикува верниците верниците да земат молитвено учество во големите и настани.-Почитувани верни чеда на Македонската православна црква Охридска архиепископија,Со неискажлива духовна радост, ве покануваме да земете молитвено учество во големите и бележити настани на нашата Света Црква: Наречение на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј – на 12...









