Skip to main content

Автор: инфодеск

Пецаков: За Водици чинот на полагање на Светиот крст ќе го изврши Митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф

Post Views: 8 Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево го одржа првиот координативен состанок со Организцискиот одбор за подготовка  на најмасовната културно- верска манифестација  кај нас Богојавление- Водици. Очекувањата се дека и годинава празникот ќе биде одбележан на највисоко ниво со бројни посетители од земјава и странство. Во согласност со традицијата, Богојавленските чествуавања ќе бидат составени од два дела. Првиот дел е црковниот, за кој е задолжена Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и вториот е граѓански и го координира Општина Охрид, а се однесува на...

Продолжи со читање

Куратица подготвена по 26ти пат за Василица

Post Views: 9 Животот  пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку 500 години), но со реорганизирање на здружението Св.Василиј и надополнување на содржини навршуваат 26 години. Жителите ги привршуваат последните подготовки, се дотеруваат маските се набавуваат дрва за василичарскиот оган .Организирањето на една ваква манифестација носи голема одговорност. Најголема помош се добива од  ентузијастите –волонтери од  здружението “Св Василиј” од  с.Куратица, иселениците од дијаспората и локалната власт.Традиционалниот дел остана...

Продолжи со читање

Завршена е реконструкцијата на објектот на месната заедница во село Климештани

Post Views: 16 Од Општина Дебрца информираат дека пред крајот на 2024 година завршен е уште еден проект-реконструкција на објектот на месната заедница село Климештани, каде извршена е реконструкција на кровот, замена на прозорци и врати, обработка на внатрешни ѕидови и тавани со кнауф, надворешна фасада со абрип и бетонски тротоари.Вкупната вредност на работите изнесува: 1.003.000 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.

Продолжи со читање

Најмалку 10 жртви во најразорниот пожар во Лос Анџелес

Post Views: 17 Aмериканските медиуми објавија дека бројот на загинати во пожарите што ја зафатија областа Лос Анџелес се зголеми на 10, а наредена е евакуација на околу 180.000 луѓе. Официјални лица соопштиле дека во Палисадес вкупно биле мобилизирани повеќе од 7.500 пожарникари, а околу 400 членови на Националната гарда на Калифорнија се исто така распоредени за да помогнат во гаснењето на пожарот.  Во моментов има пожари на површина од околу 8.000 хектари.Пожарот Итон во близина на Пасадена на 5500 хектари останува целосно неконтролиран. Пожарната активност во Холивуд...

Продолжи со читање

Охридски Комуналец со апел до граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила

Post Views: 7 Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид со апел пред најавениот снежен бран граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила.-Заради најавените снежни врнежи во следните денови во охридскиот регион, Ј.П.,,Охридски Комуналец” упатува апел до граѓаните на општина Охрид и приградските населби да ги дислоцираат моторните возила од коловозните површини во централното градско подрачје, У.З.Стар Град, тесни улици, потоа сите улици кои согласно категоризацијата се од највисок приоритет на интервенција, каде и движењето во зимски услови е отежнато, се вели во...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно, кон крајот на денот повремен локален дожд

Post Views: 21 Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 11 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела врнежите наместа ќе бидат пообилни, а поради спуштање на постудена...

Продолжи со читање

Таравари изјави дека нема лекарска грешка за смртта на седуммесечното бебе на детската клиника

Post Views: 15 Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека го прочитал извештајот во врска со седуммесечното бебе кое почина на 16. декември на Детската клиника во Скопје, и во него е констатирано дека нема лекарска грешка.-Извештајот пристигна, јас го прочитав уште во понеделник. За среќа, професионалците констатираа дека докторите немаат никаква грешка, рече Таравари на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање.Таравари исто така изјави дека причината за смртта е најверојатно бидејќи бебето е донесено подоцна на Клиниката....

Продолжи со читање

МВР предупредува на телефонски измами со пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID

Post Views: 7  Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID.Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства. Измамниците најчесто се претставуваат како претставници на банки, јавни институции или компании со цел да ги измамат жртвите. Секторот за компјутерски криминал изврши проверки во врска...

Продолжи со читање