Автор: инфодеск
Views: 89 Во сабота, 12 јули, традиционално на празникот Петровден ќе се одржи 6. по ред најохридски настан на годината.–Традиционално, во 17:30 часот е збирното место на сите пловни објекти, искучиво со веслање, е плажата Канео. Се плови до Старото пристаниште – Островче и во 18:30 часот настанот може да се посети и од копно. Дојдете и оваа година, во еден глас да ги испееме сите охридски и македонски песни и да останеме доследни на нашето, од традицијата подарено, велат организаторите.Настанот е во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12, а во рамки на...
Во охридската гимназија одржана Летна школа за архитектура
Views: 78 Изминатите денови ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид беше домаќин на дел од активностите на Летна Школа за Архитектура (2025) со студенти и тутори од Словенија. Учесниците кои беа дел од истата беа придружувани од професорот по историја Михаил Патчев.-Активностите, кои се одржуваа на повеќе локации низ Охрид, започнаа со организирана групна посета на Гимназијата во присуство на нашиот професор Михаил Патчев, кој ги запозна гостите со историјата и актуелната состојба на училиштето. Исто така, околу идните планови за реобнова на нашата Гимназија беа запознати од страна на...
Денес крводарителска акција во СВР Охрид
Views: 48 Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2025 година, а денес во период од 9 до 12 часот својата скапоцена течност ќе ја даруваат вработените од СВР Охрид.– Ги покануваме сите вработени во СВР – Охрид да ја искажат својата хуманост, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, се вели во соопштението од Црвен крст Охрид.
Денес прекин во водоснабувањето во стариот дел на Велгошти
Views: 94 Од ЈП Водовод информираат дека поради преприклучување на сите објекти на новата водоводна линија на улицата „Воденичарска“ во село Велгошти, денес од 08:00 до 14:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето во стариот дел од село Велгошти.
Преподобен Давид Солунски
Views: 60 Родум солуњанин. Прво се подвизуваше во близината на Солун, во една колиба подигната под бадемово дрво. Подоцна го продолжи подвигот во Тесалија. Постејќи, бдеејќи и молејќи се толку се очисти, што се удостои со голема благодат од Бога. Еднаш зеде жар во раката, стави темјан и го покади царот без ни малку да си ја повреди раката. Кога го виде ова, царот му се поклони до земја. Со своите многубројни чуда ги восхити луѓето. Се упокои мирно и се пресели во блажената вечност во 540 година.
Денес сончево време, од утре значително опаѓање на дневната температура
Views: 79 Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до умерен ветер од западен правец.Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) денес, а особено утре ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Денес претежно во северните делови ќе има повремен локален дожд, а во петок услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а температурата ќе биде во постепен пораст, велат од...
Во Струга отворен генерален конзулат на Република Албанија
Views: 97 Со низа свечености, интонирање на албанската и македонската химна, денес во Струга беше отворен генералниот конзулат на Р.Албанија.Конзулатот ќе им овозможи на граѓаните полесен пристап до конзуларни услуги и поблиска врска со институциите на двете земји, што е особено значајно за луѓето кои секојдневно се движат преку границите, поради семејни врски, бизнис, транзитирање или туризам, рече министерот Муцунски. – Односите и соработката меѓу двете земји се засновани на доверба, почит и посветеност, за реализирање на стратешките цели...
ОВР Струга со превентивно-едукативната кампања „Да ги заштитиме шумите од шумски пожари и бесправна сеча“
Views: 97 Со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, ОВР Струга, ја спроведува превентивно-едукативната кампања „Да ги заштитиме шумите од шумски пожари и бесправна сеча“.Како што информираат од СВР Охрид, на терен тимови од полициски службеници контактираат со граѓаните, им делат флаери со едукативна содржина и низ кратки разговори, ги потсетуваат на општите мерки за заштита од пожар, на посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари, да ја почитуваат забраната за движење низ шуми и како да се однесуваат при движење на...









