Skip to main content

Автор: инфодеск

Наташа Поповиќ, директорка на НУ „Охридско лето“ е избрана за жена на годината за 2023 од областа на културата

Post Views: 785 Наташа Поповиќ, директорка на НУ „Охридско лето“ е избрана за жена на годината за 2023 година од областа на културата, во рамките на конференцијата „Жени Претприемачки“ што се одржа по шести пат во Македонија а на која по четврти пат се направи и избор за „Жена на годината“ во повеќе категории.Во Музејот на Македонската борба во Скопје гости – презентери, претприемачки од земјата и странство со конкретни примери го претставија нивниот пат во претприемништвото а за најдобрите беа доделени плакети.Под мотото „Духот на претприемништвото доловено преку...

Продолжи со читање

Расчистена дива депонија во Велгошти, подигната огромна количина шут

Post Views: 365 Расчистена дива депонија која е мапирана во с.Велгошти. Ј.П.,,Охридски Комуналец” им излезе во пресрет на барањето на жителите од с.Велгошти и презеде мерки за расчистување на дива депонија која за мештаните претставуваше континуиран проблем подолг временски период, велат од јавното претпријатие.Во расчистувањето на истата се работело 5 работни денови со ангажирање на специјална механизација.Екипите подигнатале енормни количини шут (31 трактор).

Продолжи со читање

Промоција на монографијата „Храмот Успение на пресвета Богородица во Ботун”

Post Views: 348 Од печат излезе монографијата “ХРАМОТ УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО СЕЛО БОТУН”.Ова капитално и научно дело, е труд на повеќе докажани научници и истражувачи, стручни во својата област и тоа: д-р Сашо Цветковски, д-р Виктор Недески, д-р Викторија Поповска Коробар, д-р Емилија Апостолова Чаловска, м-р Илија Шапкароски и отец Александар Димоски.Промоцијата е закажана за 16.12.2023 (сабота) во црковната сала во во храмот Успение на Пресвета Богородица во село Ботун, со почеток во 11:15 часот. Промотор на монографијата ќе биде д-р Јехона Спахиу...

Продолжи со читање

Во октомври земјава ја посетиле 66 908 туристи од кои најбројни биле гостите од Турција

Post Views: 298 Оваа година заклучно со месец октомври, во однос на истиот период од претходната, бројот на туристите е зголемен за 21.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.1 %, а кај странските има зголемување за 38.6 %.Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за 23.5 %.Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2023 година изнесува...

Продолжи со читање

Во октомври во Охрид издадени 7 одобренија за градење

Post Views: 287 Во Охрид во октомври 2023г издадени се 7 одобренија за градење. Според податоците од Државниот завод за статистика, 5 одобренија се издадени на физички лица , а две одобренија на деловен субјект. Врз основа на одобренијата ќе бидат изградени 15 станови.Во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градба во месец октомври, додека Општина Вевчани издала 3 одобренија на физички лица.На ниво на државава, според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2023 година се издадени 325 одобренија за градење, што е за 12.9 % помалку во...

Продолжи со читање

За 10 до 20% поскапување на Новогодишните аранжмани на брегот на Охридското Езеро

Post Views: 221 Новогодишните аранжмани на брегот на Охридското Езеро годинава бележат поскапување од 10 до 20%. Цените за три денови во хотел со вклучена  специјална свечена прослава на Новогодишната ноќ   се движат од 200 до 300 евра по лице  зависно од понудата и  категоријата на објектите.Поскапувањето на цените е под притисок на инфлацијата, како и подобрување на понудата,  но  според хотелската асоцијација Охрид и натаму е најевтина дестинација во регионот.„ Ние сме пак една поевтина дестинација. Штом имаме исполнето и од странски гости 80% некаде и повеќе во...

Продолжи со читање

Претрес во дом на 61 годишен охриѓанец, пронајдено нелегално оружје

Post Views: 317 На 12.12.2023 година, по судска наредба, извршен е претрес во домот на 61 годишно лице од Охрид.„Притоа, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 107 куршуми, различен калибар кои, нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.„ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Лајка: Отстранет „крвопролевачкиот ринг“ во Охрид

Post Views: 316 Од Иницијативата за заштита на животните „Лајка“ информираат дека повеќе го нема „крвопролевачкиот ринг“ во Охрид.„Истиот речиси две години, во близина на Охрид егзистираше како здание создадено да задоволува нечиј патолошки порив за крв и тортура, како и за печалење (можно и перење) пари плод на болот и агонијата на кутри кученца исклучиво чувани за таа цел. Нашите реакции, бурата која се крена во јавноста, притисокот од сите страни донекаде вродија со плод. А зошто велиме донекаде? Затоа што целосниот плод ќе значи казнување на сторителите (за кои веќе и...

Продолжи со читање

Во Струга ќе се поставуваат дваесет мерни уреди за следење на квалитетот на воздухот

Post Views: 571 Иако Охридското езеро се смета за природен филтер, загадувањето на воздухот го урива имиџот. Градовите распослани на брегот се соочуваат со  лош квалитет  на воздухот. Охрид има повеќе  мерни станици, кои покажуваат  просечно,   но  во ноќните часови  и енормно загадување на воздухот, со што градот неретко се вбројува меѓу најзагадените  во земјава.Во соседна Струга нема мерни станици, но активистите велат и стружани се гушат од загаден воздух, затоа ќе се поставуваат 20 мерни уреди.„ Во Струга се чини дека никој не се грижи за тоа каков е воздухот...

Продолжи со читање

In memoriam – Почина познатиот охридски новинар Симон Илиевски

Post Views: 584 По кратко боледување, во 66-та година од животот почина познатиот новинар од Охрид Симон Илиевски. Беше еден од доајените на охридското новинарство, со плодна и бурна професионална кариера во која го красеше препознатлив стил на изразување. Како новинар и дописник од Охрид за повеќе редакции остави огромен број новинарски натписи, радио и тв прилози, документарни и и други емисии.Со новинарство почнал да се занимава уште од средношколските денови пишувајќи во гимназискиот весник „Јужен бран“. По завршување на студиите по новинарство во Скопје, пишувал за...

Продолжи со читање

Горивата поевтинуваат за два денари

Post Views: 251 Цената на горивата од ноќеска на полноќ се намалува за два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,79 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 1,514 денари за килограм се намалува...

Продолжи со читање

Пронајдена граната на планинска патека во атарот на село Орман

Post Views: 360 На 09.12.2023 во 14.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на планинска патека во атарот на охридското село Орман е пронајдена граната.„Полициски службеници извршија увид и констатирано е дека се работи за артилериска метална граната М-57, која е безбедно подигната од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање