Автор: инфодеск
Post Views: 103 Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со зимските уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст, заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.-Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни...
Од вечерва сите патишта водат кон Вевчани
Post Views: 147Снежното Вевчани мирно и тивко. Под падините на Јабланица, како да го задржува здивот. Сè е подготвено за карневалското лудило. Се чекаат звуците на зурлите и тапаните кои утре ќе го означат долгоочекуваното дефиле.Со првите тонови ќе се развиори Василичарското оро и ќе продолжи вековната традиција што го прави Вевчани посебно.–Веќе утре влегуваме во маскенбалот. Почнувајки со поворката на Василичари што почнува од почетокот на Вевчани до центарот. Како и секоја година, Вевчани е подготвено и со отворено срце и полна душа ги очекува сите...
Мицкоски за Василица во Белчишта
Post Views: 137 Традиционалната василичарска вечер со оган, музика и домашна трпеза во Дебрца ќе се одржи пред општинската зграда во село Белчишта со почеток во 16 часот.Како што најави градоначалникот на општината, Златко Сиљаноски, настанот ќе биде збогатен со традиционална посета на премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски и дел од владиниот врв, што претставува чест и значаен момент за нивната општина.-Да ја зачуваме традицијата и заедно да ја дочекаме Новата година по стар календар во духот на заедништвото и македонските обичаи, вели градоначалникот...
Свечени божиќни изведби на женскиот хор АКордис на предновогодишниот прием
Post Views: 111 Од Црвен крст Охрид информираат дека женскиот хор АКордис минатата 2025 година ја заокружи со настап на предновогодишниот прием, што секоја година, традиционално, Црвен крст Охрид го организира за своите членови, соработници, партнери, поддржувачи, на територијата на општина Охрид и Дебрца и пошироко.-Пред присутните гости, женскиот хор, под диригентската палка на м-р професор Биљана Николоска, премиерно се претстави со композицијата Богородице дјево, радујсја од С.Рахмањинов и изведба на божиќните песни Рождение, Тивка ноќ и Радувајте се, со текстови на...
На Сушица изграден е заштитен насип и е спречено понатамошното излевање, во Мислешево и Калишта сè уште поплавени дворови и подруми
Post Views: 179 Од Центарот за управување со кризи информираат дека на реката Сушица изграден е заштитен насип со багер, со што е спречено понатамошното излевање. Сè уште има поплавени подрумски простории и дворови на повеќе локации.Додеваат дека во село Мислешево поплавени се дворови и обработливи земјоделски површини, а процесот на санација е отежнат поради неможност за изведување на пропуст за истек на водата.Во Калишта, струшко, сè уште има поплавени дворови и подрумски простории и се преземаат дополнителни мерки за санација и заштита на населението.Од ЦУК за...
Светата маченичка Анисија
Post Views: 144 Родена е во Солун од угледни и богати родители, воспитана во Христовата вера. Рано остана сираче и целата се предаде на богомислие и на молитва во својот дом. Побудувана од Христовата љубов, често велеше: „О, лажен животу на младите, зашто или соблазнуваш или се соблазнуваш. Подобра е староста, но тага ме обзема заради должината на времето коешто ме дели од небесните“. Потоа сиот свој имот го продаде и им го раздаде на ништите, а самата живееше од трудот на своите раце. Држеше строг пост, спиеше многу малку и непрестајно лееше солзи на молитва. Кога ќе ја...
УХМР: Следува период на стабилно и суво време со студени утра
Post Views: 127 Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).Во Охрид денес минималните температури од -9, а максималните до -1 степен Целзиусов.Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Утре и во вторник наместа и дневните ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за...
Дежурните екипи на Ј.П. ,,Охридски Комуналец” ноќеска интервенираа со абразивни средства во повисоките населени места
Post Views: 146 Од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” информираат дека по вчерашните снежни врнежи кои беа поинтензивни на повисоките населени места, мобилизирани беа дежурните екипи и целокупната нивна расположлива механизација за да се овозможи нормално движење на возила и функционирање во зимски услови.-Во текот на ноќта и од рано утрово се интервенираше со абразивни средства на повисоки места и тоа: Стар Град, населба Гоце Делчев – Бараки, села Велестово, Елшани и Горно Коњско, се вели во нивното соопштение.
Свети четиринаесет илјади младенци во Витлеем
Post Views: 161 Бидејќи Мудреците од исток не се вратија од Витлеем во Јерусалим за да му јават на Ирода за новородениот Цар, туку на заповед од ангел по друг пат заминаа за својата татковина, царот Ирод се разјари како лута ѕверка и нареди да се убијат сите деца на возраст до две години во Витлеем и во сета витлеемска околија. Оваа страшна царска заповед беше извршена доследно. Неговите војници некои деца ги убија со меч, други ги разбиваа врз камења, трети ги гмечеа со нозе, четврти со рацете ги задавија.И се крена плач и лелек на мајките до небесата; пискот и горко...
Сушица и Далјан повторно предизвикаа поплави, поплавени куќи и во Мислешевски пат, селата Мислешево и Калишта
Post Views: 166 Од Центарот за управување со кризи информираат дека излеана е реката Сушица на повеќе локации со поплавени дворови и подруми. Кризниот штаб и ЈП Охридски Комуналец интервенираат со механизација, насипување и проширување на коритото. Кај с. Вапила реката Далјан го оштетува патот под мостот и се врши заштита со механизација. Евидентирано е и свлечиште кај Лескоец – Скребатно.Во Струга информираат дека поплавени се дворови и куќи во Мислешевски пат, с. Мислешево и с. Калишта. ТППЕ Струга интервенира со пумпи, а е ангажирана и градежна механизација и дека Општина...
Лишени од слобода рибокрадци во Пештани, запленети над 100 кг риба и шест рибарски мрежи
Post Views: 134 На 09.01.2026 во 19:30 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН Охридско Езеро, во рамки на Регионален центар за гранични работи Запад лишени се од слобода две лица од с.Пештани, охридско.Од СВР Охрид информираат дека при преземање на зајакнати мерки и контроли во водите на Охридското Езеро за време на мрест и забрана за лов на риба од видот пастрмка, белвица и јагула, од страна на полициските службеници во координација со рибочуварска служба, на 100 метри од брегот во с.Пештани затекнат е чамец во кој биле двете лица.. При извршениот преглед во...
Дождот престана во Охрид, службите интервенираат поради излевање на реката Сушица, интервенции и во Струга
Post Views: 198 Од Центарот за управување со кризи информираат дека во Охрид до 12:30 часот нема пријави за поплавени објекти и дека моментално дождот е престанат.Во нивното доопштение додаваат дека има излевање на реката Сушица во делот на ул. Прилепска, испратена е екипа од ЈП Нискоградба со механизација да го запрат излевањето, а ако продолжат врнежите има опасност од излевање на реката Далјан кај Косел и село Вапила.Во Струга има пријава за поплавени дворови на 4-ти Реон кај Мислешевски пат. Надојдената вода од Струшкото поле ги поплавила дворовите каде што има...