Skip to main content

Автор: инфодеск

Врвни светски професори по археологија на симпозиум во Охрид

Views: 205 Врвни професори, академици и истражувачи од престижни европски и светски универзитети и научни институции се дел од Вториот меѓународен научен симпозиум за теоретска медитеранска археологија „Лихнида“, кој од 18 до 20 септември се одржува во Охрид.На симпозиумот учествуваат еминентни имиња од областа на археологијата и античката историја, меѓу кои професори и раководители од Сапиенца, Универзитетот во Лајден, Универзитетскиот колеџ во Лондон, Институтот „Макс Планк“ од Фиренца, Универзитетот во Гетеборг, Полската и Австриската академија, како и претставници на УНЕСКО...

Продолжи со читање

Првиот женски ракометен форум ќе се одржи во Охрид

Views: 560 Ракометната федерација на Македонија (РФМ), со цел дополнително да придонесе кон развојот, видливоста и унапредувањето на женскиот ракомет, за првпат ќе организира Женски ракометен форум, кој ќе се одржи на 26 септември во Охрид, во рамки на Меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Македонија 2026“.Под мотото „One game. One voice. One future.“, форумот ќе обедини пет големи имиња од регионалниот, европскиот и светскиот ракомет на едно место – Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ, кои ќе ги споделат своите лични и професионални...

Продолжи со читање

Денес ќе биде отворена изложбата „Низ фотографскиот објектив на Македонида“

Views: 178 Денес ќе биде отворена иизложбата „Низ фотографскиот објектив на Македонида“, во Куќата на Робевци во Охрид. Изложбата е организирана од Здружението „Македонида“, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.Поставката претставува избор на фотографии од архивата на „Македонида“, создадени во рамки на едицијата книги-водичи посветени на средновековните цркви во Македонија, Пелагонија, Мариово, Преспа и Охрид.Преку фотографскиот објектив се претставени значајни фрескоансамбли и цркви, од „Света Софија“ во Охрид до манастирот „Свети...

Продолжи со читање

Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета

Views: 165 Родители на светиот Јован Претеча. Захарија беше син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење во храмот Ерусалимски. Жена му беше Елисавета, ќерка на Совија, сестрата на света Ана, мајката на Пресвета Богородица. Во времето на царот Ирод детеубиецот, еден ден кога Захарија служеше според својата чреда во Ерусалимскиот храм, во олтарот му се јави Ангел Божји, од когошто Захарија се уплаши. А Ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија“ (Лк. 1). И му објави Ангелот дека неговата жена Елисавета ќе роди син, според нивните молитви. А беа обајцата стари, и...

Продолжи со читање

Денес и утре сончево, во недела нè очекува дожд и нестабилно време

Views: 159 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Денес минималните температури во Охрид од 13, а максималните до 27 степени Целзиусови.До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Објавено решението за доделување еднократна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство

Views: 149 Oпштина Охрид донесе решение за доделување еднократна финансиска поддршка за лице кое е згрижено во згрижувачко семејство.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Општина Охрид

Оглас за доделување на дозвола и за вршење на општински линиски превоз за линија

Views: 161 Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10 од 11.06.2015 година,  Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.08-12305/34 од 06.12.2021 година, Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид бр.08-9420/7 од 12.07.2022 година, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид бр.08-7820/77 од 28.05.2025 година и Одлуката за измена и дополнување...

Продолжи со читање

Со бетонски столбови до 28 метри во земја се стабилизираат свлечишта на автопатот Охрид – Кичево

Views: 152 За првпат во земјава, на автопатот Охрид-Кичево се применува нова современа технологија за стабилизација на косините. Со тешка механизација, под земја се вградуваат бетонски столбови длабоки  до 28 метри, со арматурни кафези тешки по 30 тони. Столбовите меѓусебно се поврзуваат со цевки и челични јажиња, со што под земјата се формира стабилна конструкција. Вкупно на трасата ќе има околу 250 вакви столбови, од кои 163 на потегот кај Ботун.„Значи, се влегува во земјата, седум до единаесет ката надолу, се спуштаат арматурни кафези, секој арматурен кафез тежи по 30 тона...

Продолжи со читање